Осумнаесетгодишниот Вукашин Ц., кој на 01.11.2024 година беше тешко повреден при пад на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, денеска им подлегнал на повредите, соопштија официјално од ВМА, пренесе Еуроњуз. На 29 јануари Вукашин од Клиничкиот центар во Војводина бил префрлен на Воено-медицинската академија во Белград на продолжување на лекувањето. „И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ...

ОЈО Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основи на сомнение дека како соизвршители сториле тешки дела против општата сигурност. Верижните пропусти и незаконити дејствија на одговорните и службените лица, како што информираше денеска на прес-конференција државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, рече дека довеле до тоа, да при користење на пиротехнички дејствија за време на ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Хрватска, Албанија и Косово отвориле трка во вооружување во регионот откако го прекршиле подрегионалниот договор од 1996 година со потпишување меморандум за соработка во одбраната во вторникот, јавува Бета, пренесе Цивил Медиа. Во врска со изјавата на хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ дека Хрватска може да потпише ...

Поранешниот шеф на Шин Бет, Јорам Коен, вели дека за време на неговиот мандат како шеф на агенцијата за безбедност, премиерот Бенјамин Нетанјаху побарал од него повеќе од еднаш да изврши „нелегитимни дејствија“ и изразува загриженост дека следниот шеф на агенцијата за безбедност нема да му се спротивстави на таквите барања, пренесе МИА. Во интервју за Канал 12, Коен вели дека способноста на Шин Бет да ја врши својата работа како што се очекува ...

Помеѓу Вашингтон и Париз се појавија конкурентни наративи за тоа зошто на француски истражувач неодамна му беше забранет влез во Соединетите Држави, во најновиот пример на одбивање имиграција под контрола на меѓународните односи од страна на администрацијата на Трамп, пренесува Си-ен-ен. Франција во четвртокот соопшти дека неименуваниот истражувач бил блокиран да влезе во САД претходно овој месец, откако властите пронашле пораки за претседателот ...

Федерален судија во четвртокот рече дека Администрацијата за социјално осигурување најверојатно ги прекршила законите за приватност давајќи им на соработниците на технолошкиот милијардер Илон Маск „неконтролиран пристап“ до податоците на милиони Американци и нареди да се запре понатамошното споделување на рекорди, објави Ројтерс. Окружниот судија на САД, Елен Липтон Холандер од Мериленд, рече дека Министерството за ефикасност на владата на Маск ...

Црвениот крст на Северна Македонија информира дека досега се собрани 43.149.360 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства. – Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите од пожарот во Кочани. Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за ...

Од издадени над 1.100 лиценци, Министерството за транспорт досега изврши контрола на 643 лиценци согласно Законот за градење и урбанистичко планирање поради што кај 97 лиценци е констатирано дека по издавањето, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците, најави денеска министер за транспорт Александар Николоски. Како што појасни на ...

Бројот на повредени пациенти кои моментално се лекуваат од здобиените повреди во пожарот во Кочани е 162. Денеска десет од пациентите што лежат на клиниките низ државава ќе бидат пуштени на домашно лекување, а вчера од болница биле пуштени тројца пациенти, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. – Моментално на Клинички центар лежат 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ лежат 12 пациенти, во Градска општа болница 11 и во Штип еден ...

Министерката за надворешни работи на Австрија Беате Мајнл-Рајзингер денеска го прими својот колега од Северна Македонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Виена, соопшти австриското МНР. Дискусијата, како што се посочува, била фокусирана на поддршката по катастрофалниот пожар во дискотека во Кочани, во Северна Македонија, како и на блиските билатерални односи и натамошните чекори во процесот на проширување ...

Илјадници луѓе се собраа синоќа втора ноќ по ред пред градското собрание на Истанбул во знак на протест против апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу, најсериозниот политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, што многумина го гледаат како обид да се елиминира клучниот потенцијален противник од следната претседателска трка. Универзитетските студенти во Истанбул и Анкара одржаа главно мирни демонстрации во знак на протест против ...

Професорот Оливер Андонов, во мега интервју за ЦивилМедиа, меѓу другото зборува за фракцијата во ВМРО-ДПМНЕ, за случувањата со Украина и актуелните геостратегиски случувања на глобално но и на регионално ниво, за македонските евроинтеграции и свесно запрените процеси во таа насока, за својата научна преокупација и за уште некои теми. Во овој дел, Андонов изнесува аргументирани тврдења дека евроинтеграцискиот процес е запрен. Изјавите на ...

Министерот за енергетика на Обединетото Кралство, Ед Милибанд, рече дека нема сугестиии дека „лоша игра„ го предизвикала пожарот на електричната трафостаница што доведе до широки прекини на електричната енергија и принуди да се затвори аеродромот Хитроу во Лондон, објави Си-ен-ен, пренесува ЦивилМедиа „Во моментов, фокусот е на враќање на електричната енергија. Сè уште немаме никакво разбирање или вистинско разбирање за тоа што ја предизвикало ...

Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности. Како што посочуваат, на располагање се ставени сите капацитети на Управата за финансиска полиција за потребите на оваа акција, која има за цел да открие евентуални неправилности и нелегални ...

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска во Бања Лука изјави дека „претходните 30 години ги искористил борејќи се за стабилизација во Босна и Херцеговина, но дека тоа била залудна борба“, пренесуваат српски медиуми. „Тоа е невозможно. Жалам што искористив 30 години од мојот живот за некаква стабилизација во Босна и Херцеговина. Тоа е залудна борба не само на мојата генерација, туку сите во Босна и Херцеговина треба да се откажат ...

Министерот за енергетика на Обединетото Кралство, Ед Милибанд, рече дека нема сугестиии дека „лоша игра„ го предизвикала пожарот на електричната трафостаница што доведе до широки прекини на електричната енергија и принуди да се затвори аеродромот Хитроу во Лондон, објави Си-ен-ен, пренесува ЦивилМедиа „Во моментов, фокусот е на враќање на електричната енергија. Сè уште немаме никакво разбирање или вистинско разбирање за тоа што ја предизвикало ...

Судот на правдата на Европската Унија ја казни Бугарија со 1,59 милиони евра поради доцнење од 885 дена во усогласувањето со Директивата на ЕУ за чисти и енергетски ефикасни возила во патен транспорт., пренесе МИА. Властите во Софија пред Судот тврдеа дека навременото усогласување со Директивата 2019/1161 било „објективно невозможно“, поради политичката нестабилност предизвикана од неможноста да се формира стабилна Влада, како и поради Ковид ...

Пожар во електрична трафостаница во Лондон предизвика прекин на електричната енергија поради што аеродромот Хитроу беше затворен цел ден, објави Еуроњуз, пренесува ЦивилМедиа. Најмалку 1.350 летови ќе бидат погодени, според веб-страницата за следење летови FlightRadar 24 – не вклучувајќи ги летовите што може да бидат откажани или одложени поради тоа што авионите се надвор од позиција. „За да ја одржиме безбедноста на нашите патници и колеги, ...

Суданската армија повторно ја зазеде претседателската палата во Картум од ривалските паравоени сили за брза поддршка, соопштија воените лидери. Видеото и фотографиите објавени на социјалните мрежи и потврдени од Би-Би-Си покажуваат радосни војници како мавтаат со пиштолите, навиваат и клекнуваат да се молат. Се чини дека армијата е подготвена да ја врати контролата врз главниот град две години откако беше преземена од нејзините паравоени ривали, ...

Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се определува 30 дневен притвор за 13 лица опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу кои и за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. За уште шест осомничени, на кои претходно исто така им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, судот ќе одлучува во текот на денот. Засега до ОС Кочани нема пристигнато барање за вчера приведените поранешни градоначалници на Кочани, ...

Министерството за дигитална трансформација (МДТ) апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници. – Во овие најтешки моменти за македонската држава и народ од нејзиното осамостојување, како Министерство надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење, апелираме на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници. Недопустливи се заканите упатени кон ...

Тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози денеска ќе одржи состанок со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот и спасување на децата. Досега, како што информираат од комората, ангажирани се 32 психолози за активности поврзани со последиците од пожарот во дискотеката на Кочани. Тимот за кризни интервенции во соработка со Центарот за ментално здравје при ЦК, од раните утрински часови на 16 март беа присутни на ...

Руски беспилотни летала убијци ја нападнаа Одеса во текот на ноќта во четвртокот, предизвикувајќи пожари во предградијата, оштетувајќи ја инфраструктурата и нанесувајќи жртви, објави градоначалникот Хенадиј Труханов на Телеграм, според Укринформ. „Непријателот ги нападна предградијата на Одеса. Цивилната инфраструктура, трговските објекти изгореа во пламен, автомобилите се оштетени. Пријавени се жртви“, напиша тој. Лекарите ја обезбедуваат сета ...

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за пожарот во Кочани во кој починаа 59 млади лица, а околу 200 се повредени, продолжија синоќа со акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Јавното обвинителство најави дека денеска ќе информира за ...

Вечерва Одеса се соочува со кошмар. Руски беспилотни летала камикази намерно гаѓаа станбени згради, трговски центар и претпријатија. Меѓу повредените има и млада девојка до 18 години, пренесува фејсбук страната Meanwhile in Ukraine. Окупаторите ја сменија тактиката – сега лансираат беспилотни летала во масивни бранови за да ја совладаат воздушната одбрана и мобилните единици. Овие дронови нуркаат од 2.000 метри за прецизни удари, предизвикувајќи ...

Во тек е полициска акција по наредба на ОЈО Кочани во врска со пожарот во клубот „Пулс“. Приведени се поранешните градоначалници на Кочани: Николчо Илијев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов. Акцијата ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации ќе има утре. Папазов, кој поднесе оставка по пожарот, беше на распит на 17 март, а неговиот статус во истрагата сè уште не е одреден. Димитровски беше градоначалник од 2009-2017, а Илијев од 2017-2021. ...

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е приведен поради обвиненија за корупција и тероризам, го повика турскиот народ да застане против, како што рече, „злото“. – Како нација мораме да застанеме против ова зло. Ова е мојот повик до мојот народ, напиша Имамоглу денеска на Х, пренесе МИА. Како што пренесе ДПА, тој ја обвини владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган дека го таргетира неговото семејство и имотот, повикувајќи ги јавните ...

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите медиуми да ги почитуваат етичките и професионалните стандарди за известување и да ја почитуваат приватноста и достоинството на ужалените семејства од трагедијата во Кочани. ЦИВИЛ ги повикува медиумите да ја испочитуваат болката и тагата на семејствата и во деновите кои следат. Уште еднаш ЦИВИЛ и ЦивилМедиа изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на настраданите во трагедијата во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ќе потпише долгонајавуваната извршна наредба која има за цел затворање на Министерството за образование, постапувајќи по клучното предизборно ветување, според резимето на Белата куќа до кое дојде Ројтерс, пренесува ЦивилМедиа. Дури и пред да биде потпишан, наредбата беше оспорена од група демократски државни јавни обвинители, кои поднесоа тужба со цел да го блокираат Трамп да го распушти одделот ...

Двајцата највисоки републикански пратеници кои ги водат надзорните комисии на Пентагон во Конгресот на САД, во средата издадоа ретко, заедничко соопштение во кое алармираат за потенцијално потресување на командите на американската војска од страна на администрацијата на Трамп, објави Ројтерс, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Во соопштението од канцелариите на сенаторот Роџер Викер и на претставникот Мајк Роџерс се цитираат извештаи во печатот, вклучително ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
26%
1014
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
3.6
25%
1014
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
44%
1013
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
18%
1016
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.62
17%
1013
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
65%
1016
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
4.47
24%
1014
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
30%
1016
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
24%
1016
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
1.03
25%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
5.66
39%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
7.2
47%
1016
Currency

61.53

Currency

52.6621

Currency

71.2029

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14955.00

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1234.63

Злато

107889.86

Бакар

11.22

Паладиум

39095.31

Платина

46919.37

Родиум

183259.26

Цинк

2.74