Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, употребил сериозна закана и присилил еден оштетен да му исплати 60.000 денари. -Осомничениот му се претставил на оштетениот како припадник ...
„Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности,“ рече Каја Шукова претставувајќи го планот за концепт за дигитално Скопје, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Таа потенцира дека визијата е Скопје да стане паметен, поврзан и достапен град за сите граѓани. „Време е Скопје да го направиме град кој се развива со темпото на современиот свет,“ додаде ...
Чешкиот претседател денеска се очкува да го отвори пликот во неговата летна резиденција кој е запечатен 88 години. Писмото го напишал и диктирал Томаш Гариг Масарик, основачот на Чехословачка, непосредно пред неговата смрт во 1937 година. Писмото ја преживеало нацистичката инвазија во Втората светска војна и советската окупација. Било шверцувано во Лондон, а потоа предадено на Чешкиот државен архив во 2005 година со строги инструкции да не ...
Со доделување посебни фестивалски награди и признанија, и со проекција на македонскиот филм „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска и кинематограферката Виржини Сен Мартан, вечер во Битола почнува ИФФК „Браќа Манаки“. Новото 46-то издание на фестивалот на кинематограферите од светот и годинава нуди конкурентни филмови за наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, богата документарна и студентска програма, а се враќа и ...
„Венчавката се случи во текот на летото во Европа, беше многу дискретна, многу интимна. Кијану и Александра со години зборуваат за брак, но на крајот решија да направат нешто само за нив. Ја ценат својата приватност, па тајната венчавка совршено им одговараше“, рекол анонимен извор. Еден од омилените холивудски актери, Кијану Ривс, веќе не е на листата „најпосакувани ергени“. На 61 година тој наводно стапил во брак со својата сакана ...
Швалер тортата е стар познат деликатес за кој ви се потребни меки кори и миризлив фил од ванила. Некогаш сите домаќинки го знаеле рецептот за оваа торта, но денес е малку подзаборавен. Ви предлагаме задолжително да го пробате, особено ако имате прослава, бидејќи дефинитивно ќе ја разубави не само со фантастичен вкус, туку и со примамлив изглед. Ви предлагаме и да ја направите 3 дена порано за корите убаво да го впијат филот, а тортата да ...
Секоја фаза од љубовта има и позитивни и негативни страни. Сепак, и покрај предизвиците, луѓето остануваат во врска и се трудат да ја зачуваат меѓусебната љубов и почит, со надеж дека нивната врска ќе опстане. Клучот за тоа е разбирањето, прифаќањето и почитувањето на индивидуалните разлики. Динамиката и постојаните промени во односите ги ставаат луѓето пред некои од најголемите животни предизвици. Во која фаза на љубов сте вие и вашиот ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат ...
По деновите со пониски температури следуваа промена. Од утре ќе има раст на температурите кои ќе достигнат и до 33тиот степен. Од управата за хидрометеролошки работи велат дека сончевото време ќе се задржи до средината на следната недела, а пад на температурите ќе има од четврток. „Постепено ќе бележат тенденција на пораст дневните температури, значи во наредните денови се до средината на неделата, следната седмица ќе имаме сончево и ...
Луксембург започна пилот-проект со два бесплатни автономни електрични автобуси во градот Еш, кои се дел од проектот на националната железничка компанија. Компанијата претставува тест-платформа за иднината на паметната мобилност. Во употреба се пуштени два автономни, електрични автобуси кои се дел од градскиот превоз. Тие сообраќаат по улиците на градот во работни денови од 9 до 14 часот, на маршрута долга 5 километри, со максимална брзина од ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, денеска ќе го претстави најновиот пакет санкции против Русија, кој бара од земјите-членки да одобрат нови ограничувања насочени кон танкерите за нафта и финансиските институции, пишува „Политико“. Веста ја потврди главната портпаролка на Комисијата, Паула Пињо. „Можеме да потврдиме дека Комисијата усвои нов пакет санкции против Русија“, рече таа. Се очекува Фон дер Лајен и шефицата ...
Владата по спроведувањето на Локалните избори ќе ги соопшти мерките за запирање на превисоките цени на становите во Скопје, но и во неколку други центри во државата. Фокусот е ставен на младите полесно да си обезбедат живелиште, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање, кои мерки и олеснувањата ќе се преземат за да се намали цената на становите. Николоски ...
Вчера официјално започна изградбата на подземен железнички тунел меѓу Австрија и Италија, кој ќе ги поврзува северна и јужна Европа. Тунелот Бренер, кој кога ќе биде завршен ќе биде најдолгата подземна железничка врска во светот, е централен елемент од планот на Европа за префрлање на товарниот транспорт од патишта на железница за намалување на загадувањето и зголемување на прекуграничната трговија. „Денес, заедно, правиме одлучувачки чекор ...
Полицијата приведе скопјанец откако го фати дека превезува и криумчари четири мигрантки од Непал на патот Струга кон граничниот премин „Ќафасан“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 22:50 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, кај местото викано ‘Борови‘ на магистралниот пат Струга – граничен премин ‘Ќафасан‘, го лиши од слобода Џ.Б. (40) од Скопје“, се вели ...
Скопскиот Основен кривичен суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на првоосомниченото лице поврзано со фирмата во чиј објект за електронски отпад во Трубарево во саботата избувна голем пожар. На другите тројца осомничени во случајот, судија на претходна постапка им одредил мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје, синоќа информираше дека по анализа на сите докази прибрани во ...
Денешниот ден ќе остане запаметен во историјата на КК Пелистер бидејќи „зелено-белите“ ќе го одиграат првиот официјален европски натпревар во своето постоење. Пелистерци се дел од еден од трите квалификациски турнири за Лигата на Шампионите на ФИБА, па денеска со почеток во 15:30 часот во Самоков ќе истрчаат на терен против Реџо Емилија. Јасно е дека италијанскиот клуб ќе ја има фаворитската улога на овој меч, но тренерот Даскаловски и сите ...
Астрономите влегоа во нова пресвртница во истражувањето на вселената, со неодамнешната потврда на НАСА за постоењето на 6.000 егзопланети. Овие откритија се само почеток на патување кое ја трансформираше науката од почетокот на 1990-тите. Ерата на егзопланетите започна во 1992 година, кога научниците открија две планети што орбитираат околу пулсар. Само три години подоцна, следеше првото откривање на планета околу ѕвезда од главната низа, ...
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ зборуваше за можно враќање во Европа еден ден. Дончиќ порасна во Реал Мадрид, а беше член на првиот тим на овој клуб од 2015 до 2018 година пред да замине во Далас. „За да играш за Реал Мадрид, мора да бидеш многу добар“ – вели Дончиќ. „Секако!“ – додаде Дончиќ кога го прашаа дали е во искушение да се врати во Мадрид на крајот од кариерата:„Тие ме пораснаа“. Со Реал, Дончиќ беше шампион на Евролигата во ...
Реформите не треба да се сметаат како обврска што треба да се исполни затоа што Европската Унија го бара тоа, туку треба да се сфатат како нешто што е добро и позитивно и од кое бенефит ќе имаат сите граѓани на оваа земја. Ова денеска го изјави амбасадорот на Франција во земјава, Кристоф Ле Риголер, прашан за коментар на обвинувањата што доаѓаат од опозицијата дека власта не презема никакви чекори во насока европската интеграција на ...
Синоќа започна и сè уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, насочена кон разбивање на организирана криминална група која со години се занимавала со нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, поткуп и други тешки кривични дела против животната средина. Неофицијалните информации откриваат дека меѓу приведените се актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“, началник во полицијата, повеќе ...
На патеката во Бузет ќе се вози последната трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) за 2025 година, каде Иџе ќе настапи со својот Ферари 488 B8, автомобил специјално подготвен за овие патеки. На оваа трка се пријавени дури 241 возач, а Стефановски ќе настапи со бројот 32. Годинава, во генералниот пласман од првата група на шампионатот, Иџе се наоѓа на втората позиција, а само за потсетување, тој веќе е носител на европската ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека во земјава се воведува методологија за енергетска сиромаштија, со која ќе се добијат јасни критериуми за препознавање на ранливите домаќинства и понатамошна заштита за овој тип потрошувачи. „Добивме позитивен одговор од Секретаријатот на Енергетската Заедница за драфт-верзијата на Методологијата за мерење на нивото на енергетска сиромаштија. Во нивниот коментар беше ...
Израел денска го затвори единствениот премин помеѓу окупираниот Западен Брег и Јордан, еден ден откако возач кој носел хуманитарна помош од Јордан до Газа отвори оган и уби двајца израелски воени лица. Израелската управа за аеродроми, која управува со мостот Аленби, соопшти дека ќе биде затворен до понатамошно известување. Два премина помеѓу Израел и Јордан беа исто така погодени, при што преминот на реката Јордан на север беше затворен, а ...
Советот за безбедност на ОН би можел да направи уште еден чекор кон повторно воведување санкции врз Техеран поради неговата нуклеарна програма. Советот денеска треба да гласа за нацрт-резолуцијата во 10 часот наутро (16 часот по средноевропско време). Доколку резолуцијата за трајно укинување на санкциите не успее – или затоа што не ги обезбеди потребните девет гласови во 15-члениот совет или биде ставена вето – санкциите на ОН воведени од ...
Последниот случај со фемицид во Велесп покажа целосна неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното – човечкиот живот. За сите пропусти на институциите, мора да има политичка и кривична одговорност, се наведува во соопштението од СДСМ. Во текстот се додава: Министерот Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка затоа што се покажа неспособен да ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните, особено на жените и децата. ...
Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години. Димова треба да плати судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци да ја надомести и штетата од 22 725 220 денари на ...
Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, синоќа најави дека првата генерација ќе служи задолжителен воен рок почнувајќи од јануари. Тој истакна дека српската армија подготвила над 120 утврдени простории за таа намена. – Процесот не е лесен ниту евтин – рече Гашиќ, додавајќи дека Министерството веднаш почнало со подготовка на сите законски и подзаконски акти потребни за да се овозможи ова да влезе во сила. Според плановите, на ...
Хеликоптерот во кој беа американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија мораше да изврши итно слетување. Според првичните извештаи, „мал хидрауличен проблем“ го принуди да слета во Велика Британија пред да замине за САД. Керолајн Левит, портпаролка на Белата куќа, даде изјава за ова прашање. „Поради мал хидрауличен проблем и како мерка на претпазливост, пилотите слетаа на локален аеродром пред да стигнат до аеродромот ...
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека се обидуваат да инсталираат марионетски режим во земјата со цел да ги запленат нејзините природни ресурси. „Развиен е империјален план за промена на режимот во Венецуела со цел да се инсталира марионетска влада на САД и да се украдат нашите најголеми резерви на нафта во светот, четвртите најголеми резерви на гас во светот и првите резерви на злато“, рече Мадуро на телевизискиот ...
Илјадници луѓе во Берлин се принудени да ги евакуираат своите домови откако во вчера во реката Шпре беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна, која ќе биде отстранета денес. Полицијата постави безбедносен периметар од 500 метри во густо населена област на градот, соопшти берлинската полиција на мрежата X. Како дел од евакуацијата, полициски екипи ги обиколија куќите и становите за да ги предупредат жителите дека мораат ...