НАТО ќе го распореди турскиот систем за надзор на воздушниот простор MEROPS (мултиспектрален оптички нишан со проширен дострел) во Полска и Романија, поради растечката загриженост за упади на руски беспилотни летала во воздушниот простор на сојузниците. Одлуката, објави денес „Еурактив“, доаѓа откако полските власти пријавија 19 упади во воздушниот простор во текот на ноќта меѓу 9 и 10 септември, што предизвика повици за посилен надзор на ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес потврди дека германската влада сè уште поддржува решение за израелско-палестинскиот конфликт со две држави и нагласи дека за Германија „признавањето на палестинска држава доаѓа само на крајот од процесот“. Вадефул потсети дека процесот мора да се постигне преку преговори и дека не треба да се води никаква политика што би можела да создаде пречки во таа насока. „Патот на договор, ...

Саудиска Арабија и Катар издадоа соопштенија со кои ја поздравуваат одлуката на Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија да ја признаат Палестина како држава. Саудиска Арабија соопшти дека признавањето ја потврдува посветеноста на западните земји кон мировниот процес и ги повика другите земји да усвојат сличен пристап. Саудиска Арабија ќе биде копретседател на меѓународна конференција за решение на две држави за ...

Министерската за надворешни работи на Велика Британија, Ивет Купер, изјави дека го предупредила Израел да не презема чекори за анексија на делови од Западниот Брег како одмазда за признавањето палестинска држава од страна на Лондон. Изјавата на Купер дадена за британскиот национален сервис Би-би-си доаѓа пред денешната конференција во Обединетите нации (ОН) во Њујорк, на која ќе присуствува таа, и на која се очекува Франција и други држави да ...

Тенисерите од тимот на Светот славеа на овогодинешниот Лејвер Куп, кој се играше во Сан Франциско. Ова беше трета победа над тимот на Европа во осмото издание на ова натпреварување, а најзаслужен за тоа е Тејлор Фриц. Американецот не само што го победи најголемото име на турнирот, Карлос Алкараз, туку и во решавачкиот натпревар славеше над исто така фаворизираниот Александар Зверев. Откако му препушти само пет гема на шпанецот, Зверев даде ...

Вкупно 34 пожари на отворен простор на територија на државата се евидентирани изминатото деноноќие, до седум часот утрово. Два се сѐ уште активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Букова шума гори на Кожуф планина, кај село Петрово, општина Гевгелија. Ниска вегетација е опожарена на планината Добра Вода, општина Македонски Брод. Од пожарите што се ставени под контрола, два ...

Благодарение на пласманот во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска бања, таа напредуваше за девет позиции на најновиот ранкинг и по подолго време се врати меѓу најдобрите 200 во светот. Од денеска таа е на 198. позиција на ВТА листата што е за 28 места зад нејзиниот најдобар пласман во кариерата. До крајот на сезоната има уште нешто повеќе од еден месец и Ѓорческа може да напредува уште повеќе. Оваа недела таа требаше да учествуваше на ...

Пиштолот беше насочен кон него, но куршумот беше насочен кон сите нас – порача американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата за Чарли Кирк. Во говорот пред преполниот стадион „Стејт Фарм“ во Аризона, Трамп го окарактеризира атентатот врз Кирк како напад врз идеалите на сите конзервативци. Десничарскиот активист Кирк, кој беше убиен на 10 септември, претседателот на САД го нарече голем американски херој и маченик за американската ...

Франција и Саудиска Арабија утре ќе соберат десетици светски лидери во Њујорк во обид да добијат поддршка за решение за две држави во израелско-палестинскиот конфликт, а се очекува неколкумина формално да признаат палестинска држава, објави Ројтерс. Откако Генералното собрание усвои декларација во која се наведени „опипливи, временски ограничени и неповратни чекори“ кон решение за две држави, истовремено осудувајќи го Хамас и повикувајќи на ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0. Според досегашните податоци со кои располага ...

Откако Русија изведе нов масовен напад со дронови и ракети врз Украина, полски и други НАТО авиони итно полетаа. Нападот следеше по вчерашното нарушување на естонскиот воздушен простор и инцидентите со руски дронови во Полска и Романија. Полски и други авиони на НАТО итно полетаа на 20 септември, кога Русија започна уште еден масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Украина. Бранот ноќни напади дојде кратко откако земјите на НАТО ...

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 20:19 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 17 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 18 минути, а ќе зајде во 18 часот и 35 минути. До крајот на годинава остануваат уште 100 дена. Есента ќе трае до 21 декември во 10 часот и две минути, кога календарски започнува зимата. На ...

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за с. Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин поради вршење увид. На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на ...

„ДУИ има едноставен рецепт две децении: кога доаѓаат локални избори, не зборува за општини, туку измислува референдуми, националистички теми и знамиња, само за да го скрие својот срамен неуспех, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Фактот е јасен и не може да се негира: 20 години, кадрите на ДУИ ја уништија секоја општина со која управуваа. Денес, по две децении на власт, многу албански општини сè уште немаат вода за пиење, канализација, ...

Обвинителство поведе истрага против неготинец, кој се обидувал да изнуди три илјади евра од градоначалникот и му се заканувал, информираа денеска од Јавното обвинителство. – Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот ...

“Повеќе од 500 илјади жители на Скопје и околината, граѓани, деца, мајки, болни и возрасни, беа оставени да дишат отров по пожарот во Трубарево. Олово, арсен и кадмиум во концентрации дури 12 пати над дозволеното имало во воздухот, а власта молчеше. Наместо да алармира, да преземе итни мерки, препораки и евакуација, власта ги убедуваше граѓаните дека опасност нема и не мрдна со прст, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува ...

Сите три потврди за неосудуваност (казнена, кривична и прекршочна евиденција), уверение за државјанство, петте најкористени услуги од Катастарот, потврдите за стаж од Агенцијата за вработување и Фондот на ПИОМ, се само некои од документите што граѓаните може да ги извадат онлајн и за многу кратко време од Националниот портал https://uslugi.gov.mk/. Кога Порталот почна со работа се даваа по 1 200 услуги месечно, а сега по 13 200. Зголемен е и ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека по природен пат инфлацијата во следната година ќе се намали на 2–3%, нагласувајќи дека Македонија бележи тренд на пад на цените, додека соседните земји членки на ЕУ имаат повисока инфлација – 4,6% во Хрватска и 6,8% во Романија. „Очекувам во периодот коишто следи намалување на инфлацијата. Ако ја споредиме со земјите околкуи нас кои што се дел од еу не знам хрватска 4,6 романија 6,8 % во август, кај ...

Регулаторната комисија до крајот на септември треба да ги добие пресметките од МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, по што ќе се утврди новата цена за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Овој дел од цената е составен дел од сметките што ги плаќаат домаќинствата, па секое зголемување таму ќе се одрази и на крајниот износ што го добиваат граѓаните. Колку ќе чини транспортот на струјата, ќе зависи од поднесените барања на компаниите и од ...

На претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025 (WBDS25)“ што ќе се одржува на 1 и 2 октомври во Скопје е предвидено земјите од Западен Балкан да усвојат заедничка изјава со повик кон ЕУ да се забрза процесот „роаминг како дома“ и нула трошоци за интернет за нашите граѓани во ЕУ. Унијата пред еден месец излезе со патоказ што треба да го исполниме како држави за да пристапиме кон оваа зона, но потребна е активност и од нејзина ...

Денес, на настан што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, првиот вицепремиер Изет Меџити, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претставија новата фаза на порталот за јавни услуги, платформа која има за цел да стави крај на бирократијата и да ги приближи граѓаните до администрацијата преку технологија, се наведува во соопштението од ВЛЕН, што МИА го пренеува интегрално. Новиот портал овозможува ...

Полициски службеници од СВР Струмица, вчера околу 15:00 часот го лишиле од слобода Е.А. (42) од село Василево, под сомнение дека околу 12:00 часот подметнал пожар на место викано „Џидет“, во атарот на селото. Како што соопшти денеска МВР, пожарот зафатил нива со сува вегетација, но благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица, огнената стихија била навремено изгасната. На местото на настанот извршен е ...

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, информираат од Министерството за здравство. -Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем. ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утрово ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 ...

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, бара истрага и оставка од надлежните министри за пожарот во фирмата за електронски отпад. Според него властите криеле и лажеле за воздухот во Трубарево дека не е загаден и не презеле никакви итни мерки за заштита на граѓаните. Вели дека официајлните податоцици за загаденоста кои биле објавени по дури шест дена, покажале алармани бројки, загаденост од над 12 пати од дозволеното ниво на кадиум во ...

„Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават, порачува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, што МИА го пренесува интегрално. А нивните дела зад завесата далеку од очите на јавноста, целосно ја демантираат нивната, и така празна, реторика. Тие се целосно разобличени и демаскирани. Додека Јована Мојсоска и Левица на граѓаните им продаваат евтини приказни дека се чесни, скромни и ...

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска го прифати предлогот на јавниот обвинител и за 12 лица одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а за три повозрасни лица од кои две жени определен е куќен притвор. Тие се осомничени за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, додека шестмина од нив и за „злоупотреба на службена положба и овластување“, додека на првоосомничениот му се ...

“Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше за ПР сè уште не ја добиле ниту првата плата. Изговорите дека допрва ќе се исплателе се празно оправдување и потценување на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ од денешната прес-конференција на портпаролката на партијата Богданка Кузеска, што МИА го пренесува интегрално. Млади луѓе, кои со месеци се ...

Нешто над 65,000 денари му биле потребни на едно четиричлено семејство да го помине месец септември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија со кои се пресметуваат трошоците за живот. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август која изнесува 65 507 денари бележи намалување за 430 денари. Синдикалците забележале и намалување во троците за храна на месечно ниво од 670 денари. Ги прашавме и ...

Бизнисот останува на ставот дека не треба да има ново замрзнување на цените и на маржите. Според претседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски, цените мора да се формираат пазарно, а државата да ги користи постојните механизми против евентуални злоупотреби. „Не, значи ставот на сојузот на стопански комори во однос на тоа е дека треба пазарно да се формираат цени и ние веќе не сметаме дека треба да има замрзнување на цените, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
32%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
6.17
39%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
0.51
29%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
38%
1013
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
7.52
41%
1013
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 22ᴼ
2.68
29%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.58
40%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
32%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
28%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.81
37%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
8.23
36%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
67%
1013
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Бакар

12.07

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52

Цинк

3.45

Родиум

326330.08

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.62

Рутениум

53788.20

Паладиум

47416.53

Платина

63947.83

Калај

50.49