Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо, наведуваат од СДСМ. Во соопштението се додава: „Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот. Синоќа скопјани видоа зошто ...
Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи. Од почетокот на оваа година до октомври регистрирани се 115 жртви, а во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи, е црниот биланс на македонските патишта. Министерството за внатрешни работи апелира возачите да бидат внимателни, да не дозволат мобилните телефони да им го одземаат вниманието, да не возат под дејство на алкохол и да не ја ...
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик, за настанот на 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, каде осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го лишиле од живот велешанецот ...
Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) им нареди на авиокомпаниите да ги намалат домашните летови за четири проценти на 40 главни американски аеродроми, почнувајќи од денеска. Ограничувањата стапуваат на сила во 6:00 часот наутро по источно време. ФАА изрази загриженост во врска со безбедноста на воздушниот сообраќај поради затворањето на владата. Во својата конечна наредба, ФАА соопшти дека ќе бара намалување од четири ...
Врховниот суд на Индија соопшти дека прелиминарниот извештај за падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 260 лица во јуни не содржи никакви инсинуации против пилотот на авионот. Судот закажа рочиште за 10 ноември за да го разгледа барањето на таткото на убиениот пилот за независна истрага, објави Ројтерс. Таткото на починатиот капетан, Пушкар Раџ Сабахарвал (91), побара истрагата да ја спроведе панел од експерти за воздухопловство ...
По месеци давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, започна вистинското чистење на главниот град и Чаир. Не само на улиците, туку на целиот менталитет што го остави градот во хаос со години. Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе, стои во соопштението на ВЛЕН. Во текстот се ...
Неколку лица се однесени во болница откако сомнителен пакет што содржел бел прав бил доставен во заедничката база „Ендрус“ во Мериленд, соопштија денес официјални лица и извори запознаени со истрагата. Според соопштението од базата, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, објави CNN. Тимовите за итни интервенции брзо реагирале и утврдиле дека нема ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во северозападните и северните делови од земјава врнежите ќе бидат пообилни. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 17 степени. Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени ...
Со 77 гласа „за“ и 36 „против“ парламентот на Албанија вчера го усвои предлог-законот за родова еднаквост предложен од владата на Еди Рама. Усвојувањето на законското решение беше дел од обврските на Албанија во рамки на хармонизација на законодавството со стандардите на Европската Унија. Законот гарантира еднакви права за жените и мажите во сите области и ги одразува основните принципи на демократија и одржлив општествен развој, согласно со ...
Агенцијата за храна и ветеринарство, преку Секторот за инспекциски надзор ПЕ – Берово, донесе Решение бр. 26-730 од 6 ноември 2025 година, со кое се забранува користење на водата од водоводната мрежа во Берово за пиење и готвење. Преку соопштение на својата фејсбук страница објавено пред еден час, од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ информираат дека според решението, водата од јавниот водовод што ја одржува ЈПКР „Услуга“ ...
Од пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва започна големата акција „За 72 часа чисто Скопје“. Покрај Ѓорѓиевски, присутни беа и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска и градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски. Градоначалникот Ѓроѓиевски, сподели дел од чекорите за расчистување во следните денови. „Имаме сериозни индиции за прекршување на ...
Некои сингл Лавови ќе имаат можност за почеток на нова врска, но ќе го избракаат потенцијалниот партнер со својот надмен став дека треба да се „главни“. Што да очекуваат Лавовите во врска и останатите 11 знаци на љубовно поле во ноември 2025? За некои знаци, ноември ќе донесе недоразбирања и ќе ја стави нивната врска или брак на тест, додека за други ова ќе биде месец на вистинско уживање. Некои од слободните знаци, ќе треба да прифатат дека ...
Утре, на 5 ноември, небото ќе биде домаќин на вистински астрономски спектакл – ќе се појави најголемата и најсветлата супермесечина во 2025 година. Овој редок феномен се случува кога полната месечина се совпаѓа со нејзиното најблиско приближување до Земјата, што ја прави поголема и посветла од вообичаеното. Месечината потоа ќе биде на помалку од 357.000 километри од Земјата, па ќе изгледа до 8 проценти поголема и 16 проценти посветла на ...
Без договор заврши средбата меѓу претставници на Европската комисија и Европскиот парламент посветена на усогласување на ставовите околу Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година, вредна 2.000 милијарди евра. Главната забелешка на европратениците се однесува на предлогот на Комисијата за спојување на фондовите за субвенционирање на регионалниот развој и земјоделството во единствени „национални и регионални планови ...
Во тек е разгледувањето на 16 приговори кои се доставени до Државната изборна комисија (ДИК) за постапките за гласање и за сумирање на резултати во три општини – Брвеница, Шуто Оризари и Карпош. Членовите на ДИК едногласно го отфрлија приговорот доставен од кандидатот за градоначалник Хаќим Рамадани за Општина Брвеница за пет избирачки места во оваа општина. Ангелчо Ристов член на ДИК образложи дека приговорот содржи правно неформални ...
Се вршат претреси на повеќе локации низ државата, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). „Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата“, се вели во соопштението од ОЈО ГОКК. Претресите, како што додаваат, ...
Американски федерални функционери соопштија дека САД ќе ја намалат авионската фреквенција за 10 проценти на 40 клучни аеродроми, почнувајќи од утре наутро, поради недостиг на кадар предизвикан од актуелното блокирање на владата. Според извори информирани за планот, редукциите ќе бидат воведени етапно почнувајќи од утре, а засегнатите аеродроми ќе бидат објавени денес, пренесоа функционери, објави Си-Би-Ес. Домашните летови ќе бидат ...
Агенцијата за храна и ветеринарство заплени небезбедна храна од непознато потекло во возило на подрачјето на Чучер-Сандево. Како што денеска информираат оттаму, по добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, спроведен е вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло. При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми ...
Со сослушување на сведоци во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Случајот е во доказна постапка, а обвинението го застапува јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска. На рочиштето беа сослушани тројца сведоци, доктор Ненад Митревски, членката на управниот одбор Биљана Гроздановска и Гоце Кузев, ...
Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, на железничката станица Ѓуешево. Како што јави известувачот на МИА, Договорот за подготовка, изградба и оперативност на тунелот, што ќе биде меѓугранична точка на двете ...
Американскиот претседател Доналд Трамп нема да присуствува на самитот на Г20, објави „The Economic times“. Тој во вторник изјави дека нема да присуствува на состанокот, кој се одржува во Јоханесбург кон крајот на ноември, поради „сериозни проблеми со состојбата со човековите права во Јужна Африка“. Зборувајќи со новинарите, тој рече дека „САД не треба да учествуваат на толку важен меѓународен собир во земја каде што грабањето земјиште и ...
Нова нуклеарна сенка падна врз светот. Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на своите воени лидери да подготват предлози за можни нуклеарни тестови, како директен одговор на неодамнешната објава на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи, на која објави дека САД ќе продолжат со нуклеарните тестирања. Според руската новинска агенција ТАСС, претставници на Кремљ „проценуваат дека Вашингтон има намера да подготви и ...
Вицепремиерот и министер за транспрот на земјава, Александар Николоски и неговиот бугарски колега, Гроздан Караџов денеска ќе го потпишат Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија, кој е дел од пругата на Коридорот 8. Свеченоста по повод потпишувањето на договорот ќе се одржи на железничката станица „Ѓуешево, а на церемонијата е предвидено да присуствуваат претставници на ...
САД им презентираа на земјите-партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се бара поддршка на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, кој предвидува и распоредување на меѓународни стабилизациски сили, соопшти американската мисија во Обединетите Нации. Амбасадорот на САД во ОН, Мајк Валц, собра десет членови на Советот и неколку регионални партнери – Египет, Катар, Обединетите Арапски Емирати, ...
Руските воздушни напади повторно ја таргетираа цивилната инфраструктура на Украина преку ноќ, откако Киев возврати, погодувајќи рафинерија за нафта во рускиот Волгоград и енергетски објекти во окупираната од Русија, Украина. Украинските воени претставници на 6 ноември соопштија дека нападот што зафати дел од рафинеријата во Волгоград во пламен бил дел од бран од 75 беспилотни летала лансирани кон Русија. Руските претставници изјавија дека ...
Остануваат уште неколку чекори до усвојувањето на конечната Стратегија за образование 2026-2032, која пет месеци е во процес на креирање, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска на втората работилница за изработка на новиот документ, на која учествуваа претставници од институции и од домашни и меѓународни партнерски организации – УНИЦЕФ, ГИЗ, УНДП и Светска банка. Стратегијата за насоката на македонското образование во ...
Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува голема акцијата за чистење на градот, како што вети во предизборната кампања. – Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја. Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни ...
Германската полиција денес соопшти дека истражува појава на свастики насликани со човечка крв на десетици автомобили, поштенски сандачиња и фасади на згради во централниот германски град Ханау. Портпаролот на германската полиција, Томас Лајполд, изјави дека еден човек синоќа им пријавил на полицајците дека забележал облик на свастика насликан на хаубата на паркиран автомобил, објави весникот „Тагешау“. Лајполд рече дека специјален тест ...
ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи е комотна. Има огромно мнозинство во Парламентот, а на локалните избори освои 80 отсто од градоначалничките места, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Истакна дека реконструкција на Владата засега ќе нема, а испразнетите ресори со кои раководеше вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе бидат пополнети, за што последниот збор ќе го даде тој како ...
Локалните избори поминаа, а СДСМ доживеа тежок историски пораз, изборно цунами кое е на праг да ја збрише од политичката сцена во државата. Некогашниот голем СДСМ и најголем политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ, сега е веќе трета партија во државата, додека пак во ниво на град Скопје е дури петта, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Овој историски дебакл на СДС има име и презиме. Венко Филипче, што поразот го ...