Еурофарм Пелистер ќе го предизвика Магдебург во шестото коло на ракометната Лига на шампиони. Дуелот со германскиот гигант и европски првак ќе биде тежок за пелистерци, а тренерот Рубен Гарабаја има и дополнителни главоболки. За мечот против Германците нема да може да смета на услугите на Ник Хенигман поради ситна повреда. Словенецот беше еден од најдобрите играчи на битолчани во последниот меч со Барселона, па отсуството може да биде ...
Погодокот што ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, го постигна на асистенција на голманот Никола Митревски во дуелот против Барселона е најдобар гол на натпреварите од петтото коло во Лигата на шампиони, објави денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ). Еурофарм Пелистер загуби во средата во Битола од Барселона со 30-34, а најубавиот момент на натпреварот се случи во последната минута кога Манасков на додавање од Митревски ...