7 дена - МИА - +7

Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Вчера во 13:30 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.К.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 09:45 часот, полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во дом на М.К. (42) во Битола, при ...

Скопје, 10 јануари 2025 (МИА) - На 09.01.2025 во 11.00 часот на улица „Бранко Радичевиќ" во Битола, полициски службеници од МВР и СВР Битола ја лишиле од слобода В.М.(59) од Битола. МВР денеска соопшти дека таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа ...

Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - На 08.01.2025 во 18.30 часот на улица „Фазанерија“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле Б.М.(21) и В.Б.(20), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена марихуана и биле затекнати при користење марихуана на јавно место. МВР денеска соопшти дека тие се задржани во полициска станица и против нив ќе следува соодветен поднесок. На 08.01.2025 во 11.50 часот во Полициското одделение ...

Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - На 08.01.2025 во 13.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Б.(28) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населба „Перо Чичо“ и исто така се сомничи дека од приватен имот на улица „Народна револуција“ одзел повеќе предмети. С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна ...

Сподели На 08.01.2025 во 13.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Б.(28) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населба „Перо Чичо“ и исто така се сомничи дека од приватен имот на улица „Народна револуција“ одзел повеќе предмети. С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 08.01.2025 ...

Скопје, 8 јануари 2025 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Н.А. од Куманово поради постоење основи на ...

Скопје, 8 јануари 2025 (МИА) - На 7 јануари 2025 во село Подареш, Радовишко полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.Ј.(40) од село Подареш. Тој се сомничи дека на подрачјето на Радовиш извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во викенд куќи и помошен објект. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените дела. Предметите биле одземени и ќе бидат ...

Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Во Струмица во 10 часот, вчера, полициски службеници го лишиле од слобода В.К., 39-годишно лице од овој град. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена била кафена прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Струмица. По документирање на случајот, против В.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. ...