Штрпка во интервју за МИА вели дека во Словачка ќе го пренесе нашиот пример дека отвореноста не мора да се прокламира со политички девизи, туку дека постои еден подобар начин што може да нè направи подобри луѓе. Добивањето на „Златниот венец“ го сфаќа како потврда на личниот влог, но и признание на вредноста на целокупната словачка поезија. Среќен е, вели, што се вброи во листата брилијантни поети, добитници на наградата, од кои дел и лично ги ...

На 64. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кое започна на 21 август, учествуваа 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, од нашата земја и регионот, а фокусот на годинашната манифестација беше глаголицата Со врачување на највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, и меѓународното поетско читање „Мостови“, синоќа, на Мостот на поезијата во Струга, заврши 64. издание на ...

Во црквата „Света Софија“ во Охрид на 23 август се одржа традиционалното поетско претставување на добитникот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, словачкиот поет Иван Штрпка. Беседа за лауреатот на највисокото поетско признание во земјава одржа академик Катица Ќулавкова. Препорачано „Поезијата на Иван Штрпка има интимна, медитативна, комуникативна и антрополошка димензија. Отвореноста, огледалноста и интертекстуалноста ја прават ...

Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ и меѓународното поетско читање „Мостови“ вечерва на Мостот на поезијата во Струга заврши 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Наградата „Златен венец“ на словачкиот поет Иван Штрпка му ја врачи директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш. Уметничкиот директор на Фестивалот, Мите Стефоски на полскиот поет ...

На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата на македонски јaзик на поетесата Јулијана Величковска за збирката „Рајсфершулс“ и „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант на Матеуш Шимчик од Полска за книгата „Потребни се извори“. Покрај ...

Струга, 24 август 2025 (МИА) Слаѓана СТОЈКОВА КОСТОСКИ - Струшките вечери на поезијата се доказ дека на поетската реч не смееме да ѝ поставуваме граници. Без поезија нема ниту вистинска демократија. Поезијата е најдобриот начин да сфатиме дека она што нè зближува е духовното и хуманото, истакнува во интервју за МИА добитникот на највисокото признание на „Златен венец“ на 64. издание на меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на ...