Уметничка директорка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, Ана Стојаноска денеска на прес-конференција во Прилеп ја објави и образложи официјалната и придружната програма на јубилејното 60. издание на овој фестивал. Во придружната програма на фестивалот публиката ќе ги погледне: „Вилицата на Ибен Бајерс“ на Театар „Штрих“, „Драга Јелена Сергеевна“ во продукција на ФДУ и МНТ, „Невиност“ – дипломска претстава на ...

Десет претстави во официјална и четири во придружна програма ќе бидат на програмата на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12 јуни 2026 година. Под мотото „Храбриот нов театар“, и тематот „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“, уметничката директорка на фестивалот и селектор на програмата, Ана Стојаноска денеска на ...