Мозочни удари и кај тинејџери – лекарите алармираат дека се спушта старосната граница. Најмладите пациенти имаат по 14 години. На годишно ниво, во Македонија има по 5000 случаи со мозочен удар. Голем дел од пациентите се помлади од 45 години. Според лекарите, мозочниот удар е една од најчестите причини за смрт и водечка причина за инвалидитет. Најчестите ризик-фактори се висок крвен притисок, дијабетесот, срцевите заболувања, пушењето и стресот ...

Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, ќе се врши денеска од 10 до 12 часот на Универзитетската клиниката за неврологија, во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар. Целта на настанот е подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар. Отворениот ден, како што ...