Светски ден на холокаустот 1814.- Во Берлин умрел Јохан Готлиб Фихте, германски филозоф, еден од водечките претставници на германскиот класичен идеализам. Од делата познати му се „Наука на знаењето“, „Основа на целокупната теорија на науката“ и „Основа на природното право“. Роден бил на 19 мај 1762 година. 1822.- На собранието во Епидаур грчките востаници ја прогласиле независноста на Грција која Османлиското царство ја признало дури во 1829 ...
814.- Умрел францускиот цар Карло Велики, кој од доаѓањето на престолот во 768 година до смртта во 814 година, ја прекроил картата на Европа и ја проширил француската држава од Севено Море до Италија и од Атлантикот до Чешка. Папата Лав III во 800 година го крунисал за римски цар. Тоа бил чин со трајни последици за историјата на Европа. 1457.- Роден е англискиот крал Хенри VII, татко не Хенри VIII и основач на династијата Тјудор. Со неговото ...
1573.- Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувнала Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнале австриските и унгарските феудалци. Била една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието било крваво задушено, а водачот Матија Губец погубен во Загреб, на 15 февруари 1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напишал романот “Селанска буна”. 1635.- Ришеље ја основал „Француската ...
1744.- Во Неапол умрел Џовани Батиста Вико, италијански филозоф. Се сметал за основач на психологијата на културата и на филозофијата на историјата како научна дисциплина. Роден бил во Неапол, на 23 јуни 1668 година. 1793.- Во Париз е гилотиран францускиот крал Луј XVI, кого во септември претходната година, револуционерниот конвент го соборил од престолот, а потоа го осудил на смрт поради велепредавство. По неговото соборување од престолот, ...
1440.- Роден е големиот московски кнез Иван Трети Васиљевич, наречен Иван Велики, кој ја направил Русија многу моќна. По неговото доаѓање на власт, кон Русија припоил повеќе кнежества, вклучувајќи ги Твер, Ростов и Новгород, а во 1480 година ги ослободил од монголската власт. Настојувал да ја зајакне централната власт и во 1497 година го издал единствениот „Судбеник“ за цела Русија. Започнал со ѕидањето на московските кремљски палати кои и денес ...
1516.- Умрел шпанскиот крал Фердинанд Втори и Петти Католички (како Фердинанд Втори владеел со Арагонија, а како Фердинанд Петти со Кастиља и Леон). Неговото доаѓање на престолот на Арагонија во 1479 година го означило почетокот на историјата на обединувањето на Шпанија. 1556.- Се случил најкатастрофалниот земјотрес во историјата на светот во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот ...
41.- Убиен бил римскиот цар Гај Јулиј Калигула. Тој во текот на владеењето од 37 до 41 година искажа бруталност, самоволие и нечуено расипништво. Кога вовел неподносливо високи даноци и се свртел против Сенатот и војската, дури и против командантите на сопствената преторијска гарда, бил убиен. Сенатот потоа за цар го прогласил неговиот чичко Клавдиј Тибериј Друз. 76.- Роден е римскиот цар Публиј Елиј Хадријан, кој во текот на владеењето од 117 ...
1579.- Во Утрехт побунетите провинции Холандија, Зеланд, Утрехт, Галдерленд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создале Утрехтска унија за борба против Шпанија. Провинциите во 1581 година се отцепиле од Шпанија, а со Вестфалскиот мир во 1648 година добиле независност. Протестнатските Холанѓани не се помириле со строгата католичка политика на Шпанија. 1627.- Роден бил Роберт Бојл, англиски ...
1500.- Шпанскиот морепловец Висенте Ханес Пинсон го открил Бразил. 1531.- Португалија ја зафатил катастрофален земјотрес. Главниот град Лисабон бил целосно разурнат, а загинале околу 30.000 луѓе. 1788.- Британски бродови со првите доселеници од Велика Британија, вклучувајќи и група затвореници впловиле во заливот Ботани Беј (Сиднеј), Австралија, каде што формирале колонија. 1827.- Перу прогласило независност. 1841.- Прогласен бил британски ...