Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа 128. седница на која едногласно беа усвоени дванаесет важни точки поврзани со организацијата и спроведувањето на Локалните избори што ќе се одржат оваа година. Седницата започна во 17 часот и меѓу клучните одлуки беа утврдувањето на роковникот за изборни дејствија и нови упатства за платено политичко рекламирање, вклучително и за медиуми што не учествувале во последните пет изборни циклуси. ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе одржи седница на која се очекува да формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како што стои на календарот на активности на веб-страната на Собранието, седницата е закажана за 12 часот. Собранието на 5 август го распиша Огласот за нов претседател на Антикорупциска. Како што се наведoa тогаш од Собранието, ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), заради благовремено и јасно информирање на сите државни институции, политичките партии, актерите во изборниот процес, како и на јавноста во врска со законитоста на употребата и располагањето со буџетските средства, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик, денес испрати насоки за следните услови за периодот од денот на донесувањето на одлуката ...

Откако Државната изборна комисија во саботата го укина правилникот од 2024 година за регулирање на постапката за собирање потписи за независните учесници на локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно топката ја врати во дворот на ДИК со што ја повика изборната комисија да донесе нов правилник за независните, зошто предлог иозмените на изборниот законик биле заглавени во собрание поради новиот деловник кој им давал можност на ...

Антикорупциска сè уште не добила барањето од Собранието за да даде мислење дали треба да продолжи или да биде ставена во мирување постапката за избор на нејзин претседател, откако викендов беа распишани локалните избори. Од ДКСК кусо ни одговорија: „Доколку Собранието на Република Северна Македонија достави барање за мислење до Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната комисија ќе се произнесе и за истото ќе ја информира ...