Во соопштение до медиумите, организацијата Охрид СОС алармира за непреземањето мерки за да се спречат градежните активности во Охрид во области каде што урбанизацијата не смее да продолжи. „Ароганцијата на задолжените во владата на оваа „на ти го – дај ми го“ држава си го допуштила комодитетот да покажат среден прст на Центарот за светско наследство, експертските тела на ИУЦН и ИКОМОС и Комитетот за светско наследство. Бидејќи во оваа небиднина, ...
Оние на власт, бивши и сегашни допуштаат изградба на хотел во Горица на сметка на светското наследство. Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март стои: „Додека мисијата се приближуваше кон Охрид, на пошумениот рид Горица забележа уште едно градилиште. Се работи за изградба на уште еден хотел во област која порано беше пошумена, но во која прогресивно се градеа туристички капацитети. ...
На ридот Горица, некогаш пошумен бисер над Охридското Езеро, сега расте нов хотелски комплекс. И тоа без дозвола од оние што треба први да знаат - Центарот за светско наследство на УНЕСКО. Во март лани, Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО пристигна во Охрид. Уште пред да влезат во градот, експертите забележале ново градилиште на Горица – ридот кој постепено го губи својот природен лик. "Центарот за светско наследство не беше информиран за ...
На една од најатрактивните локации на Охридското Езеро забрзано се гради хотел и покрај укажувањата на екологистите дека уништувањето на зеленилото и бетонизацијата на ридот кај Горица е спротивно на препораките на УНЕСКО. Охрид СОС веќе подолго време алармира дека поранешни и сегашни функционери дозволуваат изградба на хотел во Горица на сметка на светското наследство. Според нив, ова било нотирано и во извештајот на Реактивната мониторинг ...
Охрид, 31. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – И покрај зачестените реакции во јавноста, продолжува изградбата на хотелот кај „Горица“. Екипа на OhridPress утрово направи фотографии од градежните работи кои продолжуваат на ридот кај „Горица“ каде во непосредна близина на Охридско Езеро се гради луксузен хотел. На истите се гледа дека градбата веќе е во напредна фаза и дека со механизација засилено тече градбата која се одлагаше повеќе од деценија и продолжи ...