Министерот за правда Игор Филков има слаб придонес во областа со која раководи, рече вечерва пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски. – Ова е мој личен став, не значи дека е став на партијата или пратеничката група. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството – рече Милошоски. Тоа е мое мислење, повтори тој. – Очекував ...
Реформите во правосудството и измените на Кривичниот законик доведоа до остра реторика и „високи тонови“ меѓу коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Критиките на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој гостуваше на ТВ Телма, при што изнесе личен став дека министерот за правда има слаби перформанси, во однос на обврските што ги има преземено за реформите во правосудството, предизвика жестока реакција на ресорниот министер од редовите ...
Министерот за правда, Игор Филков, жестоко одговори на критиките што Антонијо Милошоски ги изнесе во емисијата „Топ тема“ на Телма. Во својата реакција, Филков го нарече Милошоски „кусурот на Груевски“ и го обвини за ширање дезинформации и политички спинови. „Изгледа дека работи по туѓи наредби. За кого одработува во моментов?“, прашува Филков, истакнувајќи дека токму Милошоски бил дел од системот што денес се обидува да го критикува. Филков ја ...