Се огласи Антонио, татко на едно од повредените деца во Кочани: Лазе иако беше истоштен и тешко дишеше влезе со мене внатре да го бараме син ми. Според мене, тие…

Фејсбук објава на Антонио Тасевски, татко на едно од повредените деца од пожарот во Кочани.

„Јас татко на едно од повредените деца чуствувам морална должност и обврска да и се обратам на целата јавост во врска со кобната ноќ во дискотеката Пулс.

Кога ми јавија дека диското се запалило и син ми Љупче не можат да го најдат, итно се упатив на лице место и таму веќе покрај многу народ имаше и полициско присуство.

Ја паркирав колата и трчејки кон влезот на диското полицајци ми довикуваа дека не смеам да одам натаму. На самиот влез на дискотеката го видов Лазар Захариев од обезбедувањето каком извлекува едно повредено дете и беше целиот црн од чад и видно изнемоштен и го прашав дали го има видено син ми Љупче и се упатив внатре во диското иако сеуште гореше.

Лазе иако беше истоштен и тешко дишеше влезе со мене внатре да го бараме син ми. Додека полицајци довикуваа да не влагаме, Лазе по којзнае кој пат таа вечер си го ризикуваше сопствениот животот за да спаси уште едно дете.

Тука во прва линија пред оганот беа и другите членови на обезбедувањето сите исцрнети вознемирени и истоштени. Според мене тие се херои и не им е местото во притвор.“, напиша Тасевски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде