Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата Вреди, Арбен Таравари синоќа во интервју за „360 степени“ на МРТ искажа јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата. Според него, коалицијата ВЛЕН функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација. Таквото мислење, како што вели, не било само негово лично, туку го темели и на анкети спроведени пред сѐ меѓу Албанците во земјава. Препорачано – ...

Тешко е кога е една партија, а камоли кога се четири во коалиција е коментарот на првиот човек на здраство Арбен Таравари, лидер на крилото на Алијанса за Албанците кое е дел од владејачката коалиција, Таравари откако вчера во интервју за 360 кажа дека од километар се гледало дека „Вреди“ е неусогласена, денеска тврди дека коалицијата „Вреди„ е стабилна, а тој нема намера да излезе од Влада. Останатата тројка од ВРЕДИ: движењето Беса, ...

Лидерот на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари прави терен да ја напушти коалицијата Вреди или чека да биде исклучен, е дилемата што се наметна, откако тој од една страна, и партнерите Изет Меџити, Билал Касами и Зекирија Ибрахими од друга, излегоа со дијаметрално спротивни позиции за настапот на партнерите во коалицијата на претстојните локални избори, но и за функционирањето на Вреди во рамките на Владата на премиерот Христијан ...

Министерот Арбен Таравари е загрижен за евроинтегративниот пат. Тој не очекува наскоро да се најде решение за блокадата. „Не гледам набргу решавање за продолжување на патот на Македонија кон Европската Унија. Премиерот Мицкоски со право има одредени услови коишто ги бара за да се случат уставните промени, јас мислам дека сосема е во право тука“, изјави Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ. Таравари летото беше оптимист за отворање на ...

Прашањето како да се настапи на локланите избори ги изнесе на површина несогласувањата во коалицијата Вреди. Додека Таравари отворено критикува, дел од партнерите се оптимисти дека ќе настапат заедно на избори. Засега, никој не го доведува во прашање учеството во Владата. За дел од аналитичарите ова е внатрекоалициско позиционирање за локалните избори. Несогласувањата во коалицијата Вреди (Влен) се очигледни во пресрет на локалните избори во ...

Разијдувањата во албанскиот коалиционен владин партнер „Вреди“ се повеќе испливуваат на површина во пресрет на локалните избори во Северна Македонија. Поради различните позиции во однос на тоа дали четирите партии коишто се интегрираа во коалицијата „Вреди“, на изборите треба да настапат на една листа, или пак со посебни советнички листи, во јавноста се наметна прашањето дали министерот за здравство, Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата, ...

Министерот за здравство и еден од лидерите во Коалицијата Вреди која ја сочнуваат четири партии, Арбен Таравари ја повтори оценката дека коалицијата функционира недоволно синхронизирано, и оти очекува тоа да се поправи, но и дека не размислуваат да си заминат од Владата. – Засега не, и не планираме да излеземе од Владата – рече Таравари на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството за здравство каде информираше за состојбата со ...