Поразот од Данска беше вкалкулиран, никој немаше илузија дека може да извлечеме бодови од дуел со најдобрата ракометна репрезентација во светот и тоа на нејзин терен. Она вистинското за Македонија е денеска. Португалците се големи фаворит во мечот со нас, нивните амбции се дури и лов на медал, но сепак тоа не е селекција која ја има силата на Данска, па колку и да се силни, ќе треба да се надигруваме со нив ако сакаме подолго да останеме на ...

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) во Арената „Јиске Банк Боксен“ го игра вториот меч на Европското првенство, противник е селекцијата на Португалија. Двете селекции имаат одиграно десет официјални натпревари. Португалија води со 6-4 во меѓусебните дуели, до 2013 година беше изедначено. Тогаш македонската ракометна репрезентација во Скопје ја победи Португалија со 26-19 во евро-квалификациите. Десет години подоцна, ...