Македонските претставници во квалификациите за Лигата на шампионите на ЦЕВ имаа половичен учинок на денешните натпревари, а историска победа оствари нашиот женски претставник Јанта Волеј. Скопскиот тим славеше со 3:2 во сетови против Гацко од Босна и Херцеговина и со минимална предност ќе патува на реваншот против ривалот кој денеска гостуваше во нашиот главен град. Избраничките на тренерот Никола Јаневиќ ги добија првиот и третиот сет со 25:21 ...
Својот деби настап во квалификациите од елитното натпреварување Јанта Волеј го круниса со победа. Македонскиот тим го доби првиот сет со 25-21, но во вториот гостинките од Босна и Херцеговина возвратија со иста мера, тие го добија сетот со 25-21 за израмнување на 1-1. Јанта Волеј го врати водството откако го доби третиот сет со 25-22, но одбојкарките на Гацко не се откажуваа, беа подобри со 25-20 и изедначија на 2-2. Натпреварот влезе во трет ...