Преподобна Марија Девојка со машка храброст. По смртта на нејзината мајка татко и посака да се замонаши. Но Марија не сакаше да се раздели од својот татко, па по договор обајцата се упатија во еден машки манастир, и тоа Марија со потсечена коса и во машка облека, како момче. Умре татко и, а Марија се замонаши како машко и го доби името Марин. Во близина на манастирот имаше гостилница и ќерката на гостилничарот се загледа во божемниот монах Марин ...
Светиот апостол Онисим Еден од Седумдесеттемина. Му беше роб на Филимон, човек богат и угледен во градот Колосај во Фригија, но нешто му згреши на својот господар и побегна во Рим, каде што од апостолот Павле го слушна Евангелието и се крсти. Па со оглед дека Павле претходно го имаше приведено и Филимон кон вистинската вера, тој сега ги измири овие двајца, Филимон и Онисим, господарот и робот, пишувајќи му посебно послание на Филимон, еден од ...
Упокоение на Свети Кирил Солунски Според познатото кратко житие на Константин Филозоф, во монаштво наречен Кирил, потекнувал од познати родители Лав и Марија, солунски Словени. Високата положба на таткото и талентот на момчето му ја отвориле вратата на позната Магнаурска школа во Цариград каде што Константин учел заедно со децата на византиските цареви и болјари под раководство на познати учители и на прочуениот Фотиј, идниот цариградски ...
Житието на овој светител е чудесно и прекрасно. Што сѐ не претрпе за да ги исполни Господовите заповеди. Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија. Кога дојде да го искушува една жена, а тој виде дека има опасност да падне во грев со неа, скокна бос во оган и стоеше внатре додека болката не му навре солзи ...
Преподобен Мартинијан Житието на овој светител е чудесно и прекрасно. Што с ? не претрпе за да ги исполни Господовите заповеди! Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија. Кога дојде да го искушува една жена а тој виде дека ќе падне во грев со неа, скокна бос во оган и стоеше внатре додека болката не му навре ...