Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - На 16.01.2025 во 16.50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода И.С.(23) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 16.01.2025 во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Одделението за потраги при СВР Скопје го ...
Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Б. - началник во Одделение за прекуграничен криминал, ...
Скопје, 19 јануари 2025 (МИА) - Денеска (19.01.) во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Разловечко востание“ во Скопје бил опожарен продажен објект – бутик, во сопственост на И.М.(54) од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема. Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, потоа надворешна едниница на клима уред ...
Скопје, 19 јануари 2025 (МИА) - Во врска со настанот – сообраќајна несреќа во Битола - од 18.01.2025 година, во која што на улицата „Илинденска“ во Битола непознато патничко возило удрило во 17 годишен малолетник причинувајќи му тешки телесни повреди, вчера (18.01.) во 07.20 часот во СВР Битола, се самопријавило лицето Б.Л. (22) од село Бистрица, битолско, кое што го управувало патничкото возило „Фолксваген голф“ со германски национални ознаки. ...
Скопје, 18 јануари 2025 (МИА) - На 17.01.2025 полициски службеници од СВР Битола по преземени мерки и врз основа на Наредба од Основен суд Битола извршиле претрес во домот и помошните простории на лицето Н.Т.(72)од Струга, со привремен престој во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело - „разбојништво“ по член 237 од КЗ на РСМ. Лицето Н.Т. на 15.01.2025 година извршил разбојништво во канцеларија за кредитирање ...
Скопје, 18 јануари 2025 (МИА) - На 17.01.2025 година во 11.40 часот кај Транспортниот центар во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која што автобус на ЈСП Скопје, управуван од Б.Б.(53) од Скопје удрил во пешакот Љ.Џ. (85) од село Студеничани, Скопско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, и истиот се наоѓа во животно загрозувачка состојба. ...