МВР Билтен
- Во врска со настанот – сообраќајна несреќа во Битола - од 18.01.2025 година, во која што на улицата „Илинденска“ во Битола непознато патничко возило удрило во 17 годишен малолетник причинувајќи му тешки телесни повреди, вчера (18.01.) во 07.20 часот во СВР Битола, се самопријавило лицето Б.Л. (22) од село Бистрица, битолско, кое што го управувало патничкото возило „Фолксваген голф“ со германски национални ознаки.

Скопје, 19 јануари 2025 (МИА) - Во врска со настанот – сообраќајна несреќа во Битола - од 18.01.2025 година, во која што на улицата „Илинденска“ во Битола непознато патничко возило удрило во 17 годишен малолетник причинувајќи му тешки телесни повреди, вчера (18.01.) во 07.20 часот во СВР Битола, се самопријавило лицето Б.Л. (22) од село Бистрица, битолско, кое што го управувало патничкото возило „Фолксваген голф“ со германски национални ознаки. Со него од страна на полициски службеници извршен е службен разговор. За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 18.01.2025 година во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С. (39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.01.2025 година во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.01.2025 година во 00.20 часот на улицата „Железничка“ во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ч.(27) од Штип. При извршен преглед над патничко возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, кое тој го управувал, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Денеска (19.01.) во 00.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (19.01.) во 01.30 часот полициски службеници од СВР Битола на улицата „Кузман Јосифовски“ во Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола, бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена грутчеста материја.По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
Денеска (19.01.) во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Битола на булеварот „1-ви мај“ во Битола го лишиле од слобода А.М.(33) од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 18.01.2025 година во 18.15 часот во Полициската станица Гази Баба, С.П.(56) од село Кучевиште, скопско, пријавил дека на ул.„516“ во населба Ќерамидница во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 18.01.2025 година во 17.30 часот во Полициската станица Гази Баба, З.С.(74) од Скопје пријавила дека на ул.„16-та Македонска Бригада“ во Скопје била нападната од куче скитник.
На 18.01.2025 година во 20.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Л.Ј.Г.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Жан Жорес“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. дма/
Фото:МИА архива