„Уништувањето на зградите нема да нè натера да се откажеме. Ќе ги обновуваме и повторно ќе ги изградиме со уште поголема сила,“ изјави Пежешкијан при посетата на седиштето на Организацијата за атомска енергија на Иран. Техеран и Вашингтон започнаа преговори за иранската нуклеарна програма уште во април, под посредништво на Оман. Разговорите, меѓутоа, беа прекинати по израелскиот напад на 13 јуни, кој предизвика дванаесетдневен вооружен конфликт ...

Вака сведоци кои биле во британскиот воз на ужасот раскажуваат за тоа што се случувало синоќа во вагоните, откако во еден момент двајца напаѓачи одненадеж станале од своите седишта и со нож в раце тргнале да убиваат патници. Десетина не успеале да се извлечат навреме и со убодни рани завршиле во болница, а дел се борат за живот. „Беше јасно дека нешто се случува, но не знаевме поточно што се случува. Некоја минута потоа човек трчајќи дојде, беше ...

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата на посредник и да ја организира четвртата рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија, и дека Турција останува подготвена да ги обезбеди сите потребни услови за продолжување на дијалогот со цел постигнување траен мир. Фидан на форумот на ТРТ ворлд, како што објави весникот „Јени Шафак“, нагласи дека Турција е подготвена да организира ...

Судијката Јуми К. Ли во 2024 година е предложена од страна на претседателот Џо Бајден за окружен судија на Соединетите Американски Држави. Сенатот е тој што, во државата која е најдемократска на светот, ја потврдува или одбива номинацијата (кај нас законодавната власт е тотално исклучена од овој процес и судиите си се избираат со образложение дека никој не смее да се меша во тоа, а од закодовната и извршната власт бараат само покачување на ...

Министерот за одбрана Тео Франкен потврди дека инцидентите биле пријавени и дека вториот лет не бил случаен. „Во саботата тоа не беше обичен прелет, туку јасна мисија насочена кон базата Клајне-Брогел,“ напиша Франкен на социјалната мрежа Икс (X), додавајќи дека биле забележани три големи дрона кои летале на иста висина. Полицијата испратила хеликоптер и возила за да ги следи леталата, но контактот бил изгубен. „Летањето со дронови над воени ...

Дел Гранде, сега на 49 години, бил под безбедносни мерки бидејќи бил сметан за општествено опасен, и требало да помине шест месеци во институцијата до нова проценка, јавува Скај Италија. Тројно убиство кое ја шокираше Италија Злосторството што се случи на 7 јануари 1998 година, кога тогашниот 22-годишен Дел Гранде ги уби својот татко Енеа (58), мајката Алида (53) и братот Енрико (27), влезе во италијанската историја под името „масакр во пекара“, ...

Судбината на рускиот енергетски гигант „Лукоил“ и неговото работење во Македонија би можела да се реши за околу три недели, кога истекува лиценцата што компанијата ја има од американското Министерство за финансии. Компанијата има рок до 21 ноември да ја финализира зделката со швајцарскиот трговец со енергенси „Гунвор“, преку која се очекува продажба на нејзините странски средства за да се избегнат санкциите на САД. Во моментот „Лукоил ...

Три жртви – двајца мажи и една жена – биле пронајдени мртви во саботата, додека телата на уште две исчезнати лица, еден маж и неговата 17-годишна ќерка, биле пронајдени утрово. – Лавината ги однесе во долниот дел од клисурата каде што се случи несреќата. Спасувачите сега се враќаат во долината поради влошување на временските услови на голема надморска височина – изјави портпаролот на планинската спасувачка служба, Федерико Катанија. Несреќата се ...

Во најновата епизода од подкастот „На крилјата на змејот“, Маја Мојсовски Рашевиќ разговараше со психотерапевтката Марија Миленковиќ за луѓето кои ја кријат тагата. Многу луѓе се смеат постојано и изгледаат среќно, но внатре во себе носат тага. Во последната епизода од подкастот „On the Wings of the Dragon“ , психотерапевтката Марија објаснува зошто се случува ова и како да се препознаат скриените знаци на болка и депресија. Како да ...

Британскиот крал Чарлс III денеска изјави дека е „шокиран“ од нападот со нож во воз во источна Англија, во кој беа повредени најмалку десет лица. „Мојата сопруга и јас сме апсолутно згрозени и шокирани од овој ужасен напад со нож. Нашите најдлабоки сочувства се упатуваат кон сите погодени и нивните најблиски“, рече кралот во соопштение на социјалните медиуми. Британската полиција денеска соопшти дека во оваа фаза го исклучува тероризмот како ...

Рекордните обилни дождови и поплави што го погодија централниот дел од Виетнам минатата недела одзедоа 35 животи, додека пет лица се водат како исчезнати, соопштија денес виетнамските службеници за управување со вонредни состојби. Администрацијата за управување со катастрофи и насипи на Виетнам соопшти дека 35 жртви загинале во провинциите Хуе, Да Нанг, Лам Донг и Куанг Три, објави телевизијата CNA. Древниот град Хој Ан, кој е дел од светското ...

Американската актерка Деми Мур беше вистинска ѕвезда поради нејзиниот секси фустан на престижната филмска гала во Лос Анџелес. Актерката го привлече вниманието на сите избирајќи луксузен, софистициран фустан кој пленеше со својата елеганција и провокативни детали. За оваа посебна пригода, Деми носеше фустан со нежен вез, кој, иако впечатлив со својот дизајн, беше целосно проѕирен. Во нејзината елеганција, ништо не беше скриено, таа не носеше ...

Украинското раководство размислува за одржување претседателски избори дури до 2026 година, под услов дотогаш да се постигне мировен договор, јавуваат украинските медиуми. Според извори блиски до властите, канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски веќе анализира политички сценарија и мерки што би можеле да обезбедат континуитет на власта во наредниот период. Препорачано Во исто време, во статијата се нагласува дека Зеленски и неговите ...

Француската агенција за борба против измами (DGCCRF) соопшти дека го пријавила кинескиот гигант за е-трговија „Шеин“ за продажба на „секс кукли слични на деца“ на својата веб-страница. Како одговор, „Шеин“ рече дека куклите за кои станува збор, се отстранети од нејзината платформа, објави „Франс 24“. DGCCRF во соопштението изјави дека „описот и категоризацијата на производите на веб-страницата на Шејн потврдуваат без сомнение дека станува збор ...

Дијана Хрка, мајка на Стефан (1997), кој е меѓу загинатите во трагедијата во Нови Сад, на денешниот комеморативен собир најави дека почнува штрајк со глад пред зградата на Собранието во Белград. Пред илјадниците присутни на собирот кај железничката станица во Нови Сад, таа порача дека ова е борба која мора да ја истера докрај. – Ова е мојата борба која мора да ја истерам докрај. Ја почнувам оваа борба сама. Се оградувам од студентите и почнувам ...

Берлинските власти планираат до крајот на годината да затворат голем центар за бегалци од Украина, сместен во зградата на поранешниот аеродром Тегел, објавува Телеграм каналот „Политика земја“. Препорачано Според извештаите, овој простор бил претворен во засолниште за раселени лица по почетокот на војната во Украина. Во времето на најголемиот прилив, во него биле сместени околу пет илјади луѓе, додека денес остануваат само околу 1.500. Планот ...

На поранешниот војвода од Јорк, Ендрју, ќе му биде одземена почесната поморска титула вицеадмирал, една недела откако му беше одземена титулата принц, објави денеска британскиот министер за одбрана Џон Хили. Овој потег доаѓа во време кога кралот Чарлс се обидува да го заврши скандалот околу врската на неговиот брат со осудениот сексуален предатор Џефри Епштајн, објави „Гардијан“. Титулата вицеадмирал му беше доделена на Ендрју во 2015 година и ...

Мајка на 16-годишно момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани, почна денеска штрајк со глад пред Собранието на Србија. Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“ „Сите одговорни за падот на бетонската настрешница мора да бидат гонети и сослушани. Обвинителството и полицијата треба да си ја работат својата работа, а ...

Русија распореди околу 11.000 војници во обид да го опколи градот Покровск во регионот Донецк, соопшти 7-миот корпус за брза реакција на украинските воздухопловно-десантни сили, пренесува „Украинска правда“. Во официјалното соопштение се наведува дека руските сили спроведуваат план за целосно опколување на агломерацијата Покровск. „Непријателот распореди околу 11.000 војници со цел да го изолира градот. Групите кои успеаја да се инфилтрираат во ...

Кајла Досон (27), поранешна олимписка надеж од Колорадо Спрингс, е осомничена за убиство на возачот на Убер, Џереми Кемпбел (38), со месарски нож, оставајќи го неговото тело на поле, а потоа крадејќи му го автомобилот и паричникот. Таа е обвинета за убиство од прв степен, тешка грабеж, кражба од втор степен на моторно возило и фалсификување докази, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Ел Пасо. Според полицијата, Досон првично рекла дека ...

Европската комисија нуди 40.000 бесплатни патни карти низ Европа за млади луѓе, со цел да се одбележат 40-те години од Шенген-зоната. Оваа иницијатива е дел од програмата Erasmus+, поточно акцијата DiscoverEU, и им овозможува на 17-годишници да патуваат до 30 дена во периодот од март 2026 до мај 2027 година. Пријавите се отворени од 12:00 часот по централноевропско време и ќе траат до 13 ноември 2025 година. Заинтересираните, родени помеѓу 1 ...

Украинските способности да напаѓа со долг дострел се клучен фактор што ќе ја принуди Русија да ја заврши војната, изјави денеска шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха. „Колку подалеку можеме да стигнеме, толку пократка ќе биде војната. Способностите за напад со долг дострел на Украина брзо се зајакнуваат. Бројот на успешни напади врз легитимни воени цели во Русија расте секоја недела“, напиша тој на платформата X. Според Сибиха, ...

Во првите 10 месеци од оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на лица кои бараат азил во Германија, со поднесени 97.277 барања во споредба со 199.947 во истиот период минатата година, покажуваат податоците на германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА. „Функционира нашиот нов пристап во миграцискиот процес. Значително го намаливме факторот на привлекување и магнетниот ефект“, изјави министерот за внатрешни работи ...

Каналот INSIDER-T на Телеграм шири информации дека крстосувачките ракети Томахавк веќе пристигнале во Украина. Во исто време, западните медиуми, вклучително и Си-ен-ен, објавија дека Пентагон наводно одобрил трансфер на овој тип ракета во Киев, додека конечното одобрување, како што е наведено, останува во рацете на претседателот на Соединетите Американски Држави. Препорачано Според извори блиски до западните воени структури, овие извештаи треба ...

Градоначалникот на Кембриџшир и Питерборо, Пол Бристоу, изјави за „Скај њуз“ дека „вонредни акти на храброст“ се случиле за време на масовниот напад со нож во воз во Англија синоќа. Според Бристоу, еден од патниците станал херој откако се обидел да заштити млада девојка од напаѓачот кој ги напаѓал патниците со своето тело. „Слушнавме дека еден човек се поставил меѓу девојката и напаѓачот и бил сериозно повреден во тој процес“, рече Бристоу во ...

Американската војска изврши уште еден смртоносен напад врз наводни трговци со дрога на море во саботата, продолжувајќи ја едномесечната кампања на администрацијата на Трамп, која беше широко критикувана како веројатно нелегална, пренесува Си-ен-ен. Најновиот напад беше насочен кон брод во Карипското Море и уби три лица на бродот, според министерот за одбрана Пит Хегсет. „Денес, по наредба на претседателот Трамп, Министерството за војна изврши ...

Папата Лав Четиринаесетти повика на итен прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори во Судан, велејќи дека со „длабока тага“ ги следи извештаите за тешки манифестации на насилство во градот Фашир, во суданскиот регион Дарфур. „Неселективното насилство врз жените и децата, нападите врз беспомошните цивили и пречките за хуманитарните мисии предизвикуваат неприфатливо страдање“, рече папата во својата неделна молитва во Ватикан. Тој ја повика ...

Според астролозите, 17-ти ноември носи големи промени. На тој ден, Ракот, Стрелецот и Јарецот ќе бидат силно под влијание на позитивната енергија на универзумот. Можностите што им се појавуваат можат целосно да ја променат нивната судбина. Среќата, успехот и просперитетот ќе бидат на нивна страна како никогаш досега. Рак Еден повик што менува сè. За припадниците на овој знак, 17 ноември означува момент на исполнетост и олеснување, особено на ...

Украинските воздушно-одбранбени сили соборија 67 од вкупно 79 руски дронови, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од Укринформ. Од вчера во 19 часот, руските сили ја нападнаа Украина со две балистички ракети „Искандер-М“, 50 дронови „Шахед“, а останатите беа идентификувани како „Гербера“ и други видови дронови. Воздушниот напад беше одбиен со координирани акции на украинските воздухопловни сили, противвоздушните ракетни сили, ...

Надзорникот Џон Лавлес вели: „Во рок од осум минути од упатениот повик на 999, двајца мажи беа приведени. „Станува збор за 32-годишен маж, црн британски државјанин, и 35-годишен маж, британски државјанин со карипско потекло.“ Тој додава дека двајцата се родени во Велика Британија и двајцата биле уапсени под сомнение за обид за убиство. Од деветте лица за кои се смета дека имаат повреди опасни по живот, четворица се пуштени дома , а двајца се ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
88%
1018
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
65%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.58
92%
1018
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.0
87%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
81%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
82%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
90%
1018
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.45
88%
1018
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
88%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.60009

Currency

1.25929