Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Ракометарите на Прилеп со победа ја завршија авантурата во плеј-аутот на македонската Суперлига, откако славеа над Еурофарм Пелистер 2 со конечен резултат 24-28. Со овој успех тимот на Наум Танески ги доби сите десет натпревари во разигрувањето за опстанок во Суперлигата. Гостинскиот тим одигра подобар натпревар, имаше два гола предност на паузата (12-14), а во второто полувреме стави во уште посилна брзина, не дозволувајќи им на битолчани ...
Ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака, уште еднаш загуби финале, откако неговиот тим беше поразен од Пари Сен Жермен во големото финале од Лигата на шампионите. Англискиот репрезентативец беше заменет во 83. минута од натпреварот, но по неговото завршување во преден план излезе една навистина непријатна статистика – Сака сè уште нема победа на ниту едно финале во својата кариера. Неговиот малер со финалните натпревари започна уште на Европското ...
Антонио Конте е желбата на турскиот Фенербахче, двајца кандидати за претседател на клубот го имаат како адут во битката за превласт. Дали се реални шансите да го видиме Италијанецот во Турција? Јасно е дека тој го напушта Наполи, по две години поминати во клубот каде што успеа да го освои Скудетото, а неговиот план беше да земе една година одмор од работа доколку не ја прифати понудата од Италијанската фудбалска асоцијација. Сепак, тешко е ...
Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус, планира и следната сезона да остане во Премиер лигата, пренесува „ЕСПН“. Иако во минатото повеќепати зборуваше за можно враќање во Палмеирас, бразилскиот фудбалер засега е фокусиран на продолжување на кариерата во Англија. Главната желба на 29-годишниот напаѓач е да го одработи договорот со Арсенал, кој му истекува во јуни 2027 година. Сепак, не е исклучена можноста да побара трансфер во друг англиски клуб ...
Турскиот селектор Виченцо Монтела се обидува да има свеж и здрав тим за Мундијалот и затоа многумина од играчите кои имаа напорна сезона за своите клубови работат под посебен режим. Од супер ѕвездите на Турција се чини дека само Арда Ѓулер од Реал Мадрид ја има потребната свежина и форма со оглед на тоа дека Кенан Јилдиз од Јувентус, Керем Актуркоглу (Фенербахче) и Хакам Чалханоглу од Интер имаат посебен режим и тренираат одделно од екипата. ...
Неочекуваните претседателски избори закажани за 7. јуни делумно ги одложија трансфер активностите на Реал Мадрид, но кандидатите за функцијата веќе ги најавија своите адути. Актуелниот претседател Флорентино Перез важи за голем фаворит и по се изгледа нема да има проблем да се задржи на функцијата, а клубот веќе го обезбедил и првото засилување за новата сезона. Се работи за Нико Паз, фудбалер за кого веќе е одлучено дека ќе биде вратен од ...
Букајо Сака, беше заменет во 83. минута од финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, а по натпреварот во фокусот се најде една навистина непријатна статистика за англискиот репрезентативец. Имено, Сака сè уште нема победено ниту едно финале во кое настапил во својата професионална кариера. Неговата несреќна низа започна во финалето на Европското првенство во 2021 година кога Англија загуби по пенали. Тогаш Сака имаше само 19 ...
Македонската атлетска репрезентација постигна одлични резултати на Европското првенство за мали земји во Монако, освојувајќи медали, поставувајќи лични рекорди и соборувајќи национален рекорд. Најголем успех оствари Андреас Трајковски, кој го освои првото место во скок во далечина со одличен резултат од 7,62 метри. Тој ја потврди својата доминација во дисциплината и донесе злато за Македонија. Одлични настапи имаа и Јован Стојоски и Огнен ...
Рома сериозно размислува за ангажман на Мејсон Гринвуд во летниот преоден рок, а според италијанските медиуми англискиот напаѓач е подготвен да се пресели во Рим. Напаѓачот на Олимпик Марсеј е една од главните желби на римскиот клуб, кој планира реконструкција на офанзивниот дел од тимот. Можно е Гринвуд да пристигне како замена за Матијас Суле, за кого интерес покажува Астон Вила. „Газета дело Спорт“ пренесува дека Гринвуд нема ништо против ...
Француската суперѕвезда Виктор Вембањама изрази огромно задоволство од пласманот на Сан Антонио Спарс во НБА финалето, истакнувајќи дека чувството е прекрасно и неверојатно. Популарниот „Вемби“ ги пофали и своите соиграчи, за кои рече дека се подеднакво заслужни за овој успех, но потенцираше дека работата не е завршена и мислите ги насочи кон финалето. „Ова чувство е толку моќно и неверојатно, што едноставно не можам да го опишам со зборови. ...
Арсенал го загуби финалето во Лигата на шампионите на пенали, а Еберечи Езе беше првиот од двајцата „топчии“ кои не го погодија ни голот на Матвеј Сафонов. Езе прв промаши во пенал серијата и тоа откако реши да го изведе пеналот на специфичен начин, користејќи ја техниката со која фудбалерите подзастануваат пред да шутнат, а тоа му донесе и отворени критики од Стивен Џерард и Овен Харгривс. Поранешните англиски репрезентативци го коментирале ...
Тренерот Иван Варадиновски повеќе не е на кормилото на Кожуф, откако по завршувањето на сезоната и обезбедениот опстанок одлучи да поднесе оставка. Стратегот истакна дека зад него е еден исклучително тежок, но воедно и значаен период во кариерата, нагласувајќи дека предизвиците надвор од теренот биле поголеми од оние на самиот терен. „Дефинитивно комплициран период да се биде тренер на ФК Кожуф. Сепак, големо искуство и предизвик за мене. ...
Работнички е некогашен шампион на Македонија, клуб со успеси во европски рамки низ историјата и клуб кој дал многу играчи надвор од границите на нашата земја, но од следната сезона екипата ќе биде во Втората македонска фудбалска лига. Интернет страницата „Плејн Футбол“ направи анализа на екипи кои некогаш играле во понизок ранг, па обезбедиле промоција, ама од оваа сезона испаднале. Работнички се наоѓа на второто место, испаѓа од ПМФЛ по 28 ...
Три шампионски титули, три сребрени и четири бронзени медали за младите охридски атлетичари во Скопје. Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“ оствари одличен настап на Националното првенство на Македонија за пионери и пионерки, кое се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, освојувајќи вкупно 10 медали – три златни, три сребрени и четири бронзени. Најголемиот успех го остварија новите шампиони на Македонија Илијана Димитровска, која ...
Тотенхем едвај избори опстанок во првенството кое беше освоено од Арсенал, но неговите фанови и фудбалери не пропуштија да му фатат сеир на големиот ривал по вчерашниот пораз во финалето на Лигата на шампионите. Однапред беше јасно дека тој дел на Северен Лондон ќе навива за ПСЖ, а по конечниот епилог и триумфот на францускиот состав, двајца фудбалери на Тотенхем го изразија своето задоволство преку социјалните мрежи. Ришарлисон објави ...
Фудбалерите на Арсенал не се наиграа фудбал во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен – и затоа можеби загубија. Тимот на Микел Артета му се спротивстави на технички супериорниот ривал со строго дефанзивна игра, од која само спорадично развиваа игра на додавања и контра напади. Таква игра, претежно без топка, не им ја донесе титулата европски шампион на „топџиите“, кои, на крајот, потклекнаа во изведувањето на пеналите. Ќе се ...
Денес ќе бидат одиграни бараж натпреварите за пополнување на последните место во Првата македонска фудбалска лига. Пелистер и Брера како прволигаши ќе бараат опстанок и ќе ја имаат фаворитската улога, но второлигашите Шкендија Арачиново и Скопје се подготвени за парирање и обезбедување на влез во елитата по потешкиот пат. На Градскиот стадион во Кавадарци ќе се соочат Пелистер и Шкендија Арачиново. Кај битолчани владее позитивна атмосфера, а ...
Затишје е во Тетово каде во екипата на Шкендија се очекуваат конкретни потези во преостанатите неколку дена со оглед на тоа дека екипата остана без шеф на струката по заминувањето на Јетон Беќири. Екс-селекторот Благоја Милевски останува пик број еден за клупата на „црвено-црните“, но во меѓувреме низ кулоарите се споменуваа и имињата на Југослав Тренчовски но и Арсим Тачи од Косово. Она што е најново а доаѓа како информација од Албанија е ...
ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по изведување на пенали. Финалето заврши 1-1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови. Каи Хаверц постигна гол во 6-тата минута за Арсенал, додека Усман Дембеле постигна гол од пенал за ПСЖ во 65-тата минута. Шпанскиот тренер Луис Енрике ја освои својата трета европска титула. Првпат победи со Барселона во 2015 година, кога го победија Јувентус со 3-1 во финалето. ...
Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, порача дека само индивидуалниот квалитет нема да биде доволен Шпанија да стигне до светската титула на претстојниот Мундијал. Шпанците важат за едни од главните фаворити за трофејот, а на Светското првенство ќе настапат во група со Уругвај, Зеленортски Острови и Саудиска Арабија. Во интервју за ФИФА, Де ла Фуенте истакна дека неговата селекција има уште многу простор за напредок и ...
Кадетите на Водно Санс обезбедија пласман во големото финале на завршниот турнир од М16 лигата во машка конкуренција, откако во полуфиналето убедливо го совладаа Феникс 2010 со 92:71. Избраниците на тренерот Митко Маринковски имаа контрола врз резултатот во текот на целиот натпревар. По првото полувреме Водно Санс имаше предност од 45:38, но клучниот момент се случи во третата четвртина кога направи вистинска доминација и разликата ја зголеми ...
Во вториот полуфинален натпревар од „Фајнал фор“ турнирот во М16 лигата-жени, домаќинот беше подобар од екипата на Петровски (47:37). Екипата на Спорт тим која е во улоига на организатор е вториот финалист на завршниот турнир од М16 лигата во женска конкуренција. Екипата од Неготино излезе како победник во дуелот со тимот на Петровски од Битола. Вечерва од 18.часот, ќе се бори за победничкиот трофеј во меч каде за противник ја има екипата на ...
6795 Германија – Финска (20:45) Германија има седум победи по ред во сите натпреварувања, па сигурно дека ќе сакаат да го задржат овој ефект и во пресрет на Светското првенство. „Панцирите“ за противник во пријателски меч ја имаат Финска, селекција која никогаш не ги победила, а во 70-годишната историја на нивните меѓусебни натпревари само четирипати одиграле нерешено. Предлог тип: 1 & 4+ (1.87) 6796 САД – Сенегал (21:30) Еден од ...
Македонската репрезентативка Јована Мицевска својата кариера ја продолжува во редовите на Црвена Звезда. Како што пренесуваат медиумите од северниот сосд, актуелниот шампион на Србија го засилува ростерот како би се изборил за место оваа сезона во групната фаза на ЕХФ Европска лига. 24-годишната голманка со ова се враќа на ракометните терени по неколкумесечна пауза. Таа пролетва стана мајка, а сега повторно се враќа на ракометните терени. ...
Фудбалерите на ПСЖ вчера ја освоија втората европска титула по ред, а капитенот Маркињос имаше можност да го подигне шампионскиот пехар на стадионот во Будимпешта. Камерите уловија една несекојдневна сцена од церемонијата на доделување на медалите и шампионскиот пехар, а во главна улога беше Александер Чеферин. Претседателот на УЕФА мислешед дека Усман Дембеле е капитен на ПСЖ и тргна со него за да му го предаде пехарот, но Французинот ...
Македонската репрезентација, слично како и на дуелот против БиХ во Сараево, и утре на пријателскиот натпревар против Турција во Истанбул ќе игра пред полни трибини. Како што објавија од Турската федерација, продаден е до последно место стадионот „Шукру Сарачоглу“ кој е со капацитет од 50.530 седишта. На стадионот на Фенербахче, турските фанови преку натпреварот со Македонија ќе ги испратат милениците на Светското првенство 2026 во САД, ...
Инцидентите на прославата на титулата, на ПСЖ, во Париз, продолжија и во текот на ноќта. Низ Франција се уапсени 400 лица. Илјадници полицајци се распоредени за да ги спречат немирите што го нарушија сообраќајот во Париз. Беа запалени факели и огномет, додека неколку полицајци беа повредени во пресметките со хулиганите. Полицијата испука солзавец за да ги растера луѓето во центарот на градот. Ова е втора победа по ред за ПСЖ во Лигата на ...
Судирите меѓу навивачите и полицијата низ цела Франција синоќа по освојувањето на трофејот во ЛШ на ПСЖ, доведоа до повеќе од 400 апсења. Илјадници полицајци се распоредени за да ги спречат немирите што го нарушија сообраќајот во Париз. Беа запалени факели и огномет, а неколку полицајци беа повредени во конфликтот. Ова е втора победа по ред за ПСЖ во Лигата на шампионите, но и втора победа на насилство поттикнато од фудбалот, бидејќи немири ...
Арсенал остана без најпосакуваниот трофеј по драматичното финале против ПСЖ. По натпреварот, Микел Артета не ја криеше разочараноста. – Што чувствувам сега? Болка. Губење трофеј на пенали… Никој не може да ја одземе таа болка – рече Артета. Тренерот на „топчиите“ смета дека неговиот тим бил блиску до европската круна и посочи дека лесно можело да биде досуден пенал за Арсенал. – Освоивме голем трофеј, но го пропуштивме најголемиот. Им кажав ...
„Како дете растев слушајќи приказни за Огражден, за натпреварите, за полните трибини и за гордоста што клубот им ја носел на луѓето во Ново Село. По повеќе од половина век историја, чувствував дека имаме обврска повторно да го вратиме клубот таму каде што му е местото.“ Вака раскажува Бојан Боев кој специјално за денешниот меч меѓу Огражден и Интер Кукла дојде од Швајцарија во Ново Село за да ги бодри своите. „ Најголемата победа за мене не е ...