На Европското “Challenger” првенство во атлетика што се одржува во Монако, Стојоски настапи во неговата дисциплина 400м со пречки и се закити со бронзен медал во силна конкуренција. Продолжуваат подготовките за понатамошните натпревари и Стојоски е кандидат за Балканското првенство во Атлетика кое ќе се одржи при крајот на месец јуни, информира АК Охрид. OhridNews На Европското “Challenger” првенство во атлетика што се одржува во Монако, ...

Најважниот фудбалски настан во сезоната беше виден вечерва во Будимпешта, каде што Пари Сен Жермен го победи Арсенал на пенали и ја одбрани европската титула. Кратко по завршувањето на финалето на Лигата на шампионите, градскиот ривал на Арсенал, Челси се огласи во Лондон, со објава која брзо стана вирална. Имено, лондонските „сини“ одлучија дополнително да ја „посолат раната“ на нивниот голем ривал од Лондон, Арсенал, иако не го споменаа ...

Луис Енрике дојде до третиот шампионски пехар во Лигата на шампиони, втора година по ред со тимот на ПСЖ. Секоја освоена титула е посветена на неговата ќерка, Хана која почина во 2019 година, на 9-годишна возраст. Оттогаш, шпанскиот стратег на секој начин се труди да го одржи жив споменот за неа во сите важни моменти од неговата кариера. Синоќа, таа повторно беше присутна. View this post on Instagram A post shared by Guilherme Joi | ...

Арсенал одигра тактички извонреден натпревар против ПСЖ и успеа да го неутрализира моќниот тим на Луис Енрике, но дури и во такви услови не успеа да направи доволно за да го совлада по 120 минути, или во пенал рулетот. Актуелниот европски шампион се врати од почетната негатива и со голот на Дембеле го одведе мечот во дополнителни 30 минути игра, а откако немаше промена на резултатот во овој дел, на крајот решаваа нервите и подобрата ...

Домаќините уште од првата четвртина покажаа максимална сериозност и одличност да дојдат до победа. Тие 12 минути ги добија со 35-22. Во вториот период Оклахома успеа да намали од негативата, па на полувремето Сан Антонио замина со предност од 60-53. Клучна беше третата четвртина која Сан Антонио ја доби со монструозни 32-13 и го реши прашањето за победникот. До крајот одигра само рутински за конечни 118-91. Најефикасен беше Вембанјама со 28 ...

Прославата на европската титула на ПСЖ прерасна во немири низ француската престолнина. Француските власти соопштија дека во текот на ноќта биле приведени 416 лица, од кои 280 во Париз, а во судирите биле повредени и 7 полицајци, пренесува хрватски Индекс. Илјадници навивачи излегоа на улиците по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал. И покрај големото полициско присуство, дел од прославата прераснала во насилство. ...

ПСЖ ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако по изведувањето пенали го совлада Арсенал во финалето одиграно во Будимпешта. По регуларните 90 минути резултатот беше 1:1, а ниту во дополнителните 30 минути немаше голови. По натпреварот се огласи тренерот на Арсенал, Микел Артета, кој и покрај разочарувањето истакна дека е горд на своите фудбалери. „Не сме играле финале на Лигата на шампионите 22 години. Треба да ја цениме сезоната што ...

Габриел беше еден од најдобрите поединци во финалето на Лигата на шампионите и воодушеви со сигурноста и авторитетот кој го нудеше на теренот, но на крајот бразилскиот стопер се претвори во трагичар во пенал рулетот кој заврши трагично за него и Арсенал. Дефанзивецот ја заврши петтата серија и ја испрати топката далеку над голот на Сафонов, а со тоа означи старт на големото славје на играчите на ПСЖ. „Светците“ втора година по ред ја освоија ...

Судирите меѓу демонстрантите и полицијата низ цела Франција доведоа до повеќе од 400 апсења по победата на Пари Сен Жермен над Арсенал во финалето на Лигата на шампионите. Илјадници полицајци беа распоредени за да спречат немири што го нарушија автобускиот, железничкиот и јавниот превоз во Париз. За време на прославите беа употребени огномет и ракети, а неколку полицајци беа повредени во судирите. Полицијата употреби солзавец во центарот на ...

Македонскиот ракометен интернационалец, Мартин Томовски одигра уште еден меч на високо ниво за Битигхајм во втората германска лига овојпат против поранешниот клуб Потсдам. Томовски имаше двоцифрен број на одбрани, забележа 12 интервенции во драматичното реми од 29:29. Домаќините беа пред победа на ова соочување, но гостите го реализираа последниот напад на пет секунди до крајот и останаа непоразени. Овој резултат значи дека Битигхајм останува ...

Македонската репрезентативна голманка Јована Мицевска ќе биде ново засилување на Црвена Звезда за следната сезона, објави „Моцарт Спорт“. Српскиот шампион активно го засилува ростерот со цел да ја продолжи доминацијата на домашната сцена, но и да направи исчекор во европските натпреварувања и да стигне до групната фаза на Лигата на Европа. Мицевска во кариерата настапуваше за Вардар, француска Ница, а последен клуб ѝ беше романска Слатина. ...

ПСЖ и втора година по ред дојде до трофејот од Лигата на шампионите, а пресликување може да има и кај освојувачот на Златната топка. Усман Дембеле беше прогласен за најдобар фудбалер минатата сезона, а по финалето во Будимпешта, Французинот повторно е фаворит за најпрестижното индивидуално признание. Шансите за Дембеле повторно да ја освои Златната топка се 23% и тој во моментов е прв фаворит. Веднаш потоа се неговите соиграчи од ПСЖ – ...

Белгиецот Кевин де Брујне изјави дека е добро за него што Антонио Конте повеќе не е тренер на Наполи. Де Брујне не ги оправда очекувањата во својата прва сезона во Наполи, ниту е задоволен од тоа како сè помина. Одигра само 21 натпревар во сите натпреварувања, постигна пет гола и имаше четири асистенции. Скромни бројки за неговите стандарди. Тој верува дека тренерот Конте во заминување е одговорен што неговиот ефект е таков каков што е. „Дали ...

Лондонскиот тим го отвори натпреварот брилијантно и поведе во шестата минута преку Каи Хаверц, што навести дека конечно може да стигне до долгоочекуваниот европски трофеј. Сепак, ПСЖ постепено ја преземаше иницијативата во текот на натпреварот и во второто полувреме успеа да израмни преку Усман Дембеле, кој беше безбеден од пенал. Резултатот не се менуваше до крајот на регуларниот период, а дури ни продолженијата не донесоа победник, па ...

Најважниот натпревар во европската фудбалска сезона донесе исцрпувачка битка која мораше да биде решена преку суровиот рулет на пеналите. На спарната „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, Пари Сен Жермен успеа да ја одбрани титулата совладувајќи го Арсенал со 4-3 на пенали, откако регуларниот дел и продолженијата завршија со тактичко реми од 1-1. Со овој триумф, ПСЖ стана дури вториот клуб во ерата на модерната Лига на шампиони (по Реал Мадрид) кој ...

Пласманот на Њујорк Никс во финалето на НБА лигата за првпат по 1999 година предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите, а интересот за билетите доведе до рекордни цени какви што досега не се забележани во лигата. По триумфот над Кливленд Кавалирс во финалето на Источната конференција, легендарната сала „Медисон Сквер Гарден“ се подготвува да биде домаќин на натпреварите од големото финале, а побарувачката за билети веќе ги урна сите ...

Домаќинот Швајцарија попладнево во Цирих ја победи Норвешка со 6:0 во полуфиналето на Светското првенство во хокеј на мраз. Најдобриот стрелец на турнирот, швајцарскиот напаѓач Свен Андригето, имаше две асистенции. Швајцарија стигна до финалето трет пат по ред. Противникот на швајцарскиот тим ќе биде одреден по вечерашниот натпревар Канада – Финска (почеток 20 часот). Post Views: 1 мај 31, 2026 Домаќинот Швајцарија попладнево во Цирих ја ...

Навивачите на Пари Сен Жермен ја слават титулата европски шампион на улиците на Париз. Минатата сезона, кога гја освоија Лигата на шампионите, прославата се претвори во вистински хаос на улиците на главниот град. Улиците, плоштадите и булеварите на Париз беа претворени во воена зона, од едната страна полициски одреди, „вооружени до заби“, од другата толпа опиена од прослава (и којзнае што друго) избувна и предизвика сериозни немири на ...

Утре се играат бараж натпревари за Првата македонска фудбалска лига, а вечерва беа делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата. Во Битола екипата на Брера Струмица ќе се бори за опстанок против второлигашот Скопје, а правдата ќе ја дели Фатмир Бафто, негови помошници ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Александар Ѓорѓески, а пак четврт судија е Фуркан Идризи. ВАР судија е Доне Ристовски, а пак АВАР судија е Тоше Ицев, делегат ќе биде Дарко ...

Светскиот шампион во МотоГП за 2024 година, Хорхе Мартин, постави нов рекорд за максимална брзина во кралската класа уште на почетокот од втората слободна тренинг-сесија пред Големата награда на Италија. Шпанскиот возач на Априлија Рејсинг беше измерен со неверојатни 368,6 километри на час на стартно-целната рамнина на патеката Муџело, користејќи ја и воздушната струја од мотоциклите пред него. Со овој резултат, Мартин го подобри досегашниот ...

ПСЖ полека прераснува во еден од најуспешните тимови во историјата на Лигата на шампиони, бидејќи вечерва стана само вториот колектив по Реал Мадрид кој успеал да одбрани титула откако најелитното натпреварување се преименува и ребрендира во 1992-ра година. „Светците“ го одбранија европскиот трон со победа над Арсенал во пенал рулетот, а додека едните се радуваа, другите очекувано тагуваа со солзи во очите. Најтешко му беше на Габриел кој се ...

Грен слем турнирот Ролан Гарос ќе има нова шампионка, откако Коко Гоф беше елиминирана во третото коло. Подобра од минатогодишната победничка беше Анастасија Потапова од Австрија, која славеше со 4:6, 7:6 (1), 6:4. Американската тенисерка пристигна во Париз со намера да ја одбрани титулата освоена минатата година, но сега доживеа рана елиминација. Потапова сега има три победи во дуелите со Гоф – а оваа сезона на земјена подлога може да се ...

Фудбалерите на ПСЖ успеаја да ја одбранат и својата европска титула откако го победија Арсенал во финалето во Будимпешта, по подобро изведување на пенали. Незаборавна сезона, би рекле некои, но ова се две години што Луис Енрике во својата тренерска кариера никогаш нема да ги заборави. Од почетокот на минатата сезона, Енрике лани ги освои Суперкупот на Франција, Купот на Франција, Лига 1, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и ...

Фудбалерите на Арсенал во Будимпешта не успеаја да ја освојат својата прва европска титула во клупската историја. Во драматичното финале на Лигата на шампионите, по изведувањето пенали подобар беше ПСЖ, а кратко по поразот пристигна и провокација од градскиот ривал Челзи. Двократниот европски шампион Челзи преку своите социјални мрежи испрати порака со која се потсмеваат на новото разочарување на Арсенал. „Дојдете и посетете го лондонскиот ...

Навивачите на Пари Сен Жермен излегоа на улица и почнаа да ја слават титулата европски шампион. Минатата сезона, кога „светците“ исто така го освоија најпрестижниот трофеј, славјето се претвори во вистински хаос на улиците на главниот град. Улиците, плоштадите и булеварите на Париз беа претворени во вистинска воена зона – од една страна полициски единици, „до заби“ вооружени, а од друга страна маса понесена од славјето (и којзнае од што ...

Поранешниот центар на Кливленд Кавалирс, Тристан Томпсон, објави дека става крај на кариерата. Триесет и петгодишниот Канаѓанец помина 14 години во НБА. – Мора да сфатите кога треба да речете доста е. Најтешкото нешто за секого, не само за спортистите, е да сфатат што е следно. За спортистите, најлесната транзиција е да станат спортски стручен коментатор бидејќи тоа е начин да останат вклучени во играта и само да зборуваат за она што го ...

Иранската фудбалска репрезентација сè уште чека визи за влез во САД и Мексико, иако до почетокот на Светското првенство има помалку од две недели. За тоа информираше Фудбалската федерација на Иран (FFIRI). Федерацијата испратила официјално писмо до FIFA, во кое бара „транспарентност и објаснување за процесот на издавање визи за членовите на делегацијата на иранската репрезентација“. Од FFIRI наведуваат дека побарале јасен став од светската ...

Македонската олимписка надеж Ведрана Тунески, репрезентативец и член на Теквондо клубот Бутел блесна на Гранд при Софија, во Бугарија, мега силен турнир од светска класа. Нашата натпреварувачка во категоријата кадет -51 обезбеди сребрен медал со три остварени победи. Во првото коло со 2:0 ја совлада Георги Фрагиодаки од Грција, со истиот резултат во второто коло беше подобра од Ема Бикиќ од Хрватска. Во полуфиналето следуваше победа над ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ги сподели своите впечатоци по финалето во Лигата на шампионите. Неговиот тим беше поразен од Пари Сен Жермен по изведувањето на пеналите (1-1, 4-3). „Во казнените простори, со пеналот што беше досуден против Москера, оној што не беше досуден врз Мадуеке, а потоа и со пеналите – тие разлики не беа во наша корист. Она што им го кажав на играчите и на стручниот штаб е дека и милион пати да им се заблагодарам, ...

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски уште еднаш е причината за што неговиот тим остана непоразен. Битигхајм на домашен терен одигра реми (29-29) против екс-тимот на Томовски, Постдам. Нашиот репрезентативец беше на ниво на задачата. Зад своето име запиша 12 одбрани, две од седум метри. Добро е познато дека Битигхајм е новиот Бундес-лигаш, историјата и официјално ќе биде испишана во следното коло. Македонскиот ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.53
75%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.39
58%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.12
69%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.07
70%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.07
46%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.49
90%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.34
55%
1016
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.29
70%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.74
73%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
0.24
48%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
48%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
4.5
84%
1018
Currency

61.6417

Currency

53.0919

Currency

71.324

Currency

37.5436

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Злато

139701.84

Калај

54.89

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.35

Паладиум

42889.10

Бакар

13.02

Платина

57581.99

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Сребро

2263.61

Рутениум

48965.59