Сет од 11 подзаконски акти меѓу кои: правилници, тарифни системи, методологии за тарифи и цени за различни енергии кои ги регулира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад се усогласени со Законот за енергетика, во кои се транспонирани европски директиви и регулативи. Ова беше клучната тема на состанокот помеѓу регулаторите и Артур Лорковски, првиот човек на Енергетската заедница. ...

„Нашиот став е јасен и принципиелен од самиот почеток дека ние ќе го почитуваме законот таков каков што е. Законот мора да се почитува“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во вчерашното гостување во емисијата „Подиум“ на ТВ Ора 24. Премиерот Мицкоски посочи дека согласно законот, минималната плата ќе се зголеми за нешто повеќе од 1.600 денари и истата ќе изнесува над 26.000 денари. „Во име на тоа, ова законско покачување на ...

На 14.03.2026 во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“, лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С.Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот ...

Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Во овој период Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети, велат од ДУИ. „Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги ...

Македонскиот бренд за природна и еко козметика Ignea Cosmetics освои три престижни меѓународни признанија на Beauty Shortlist Awards 2026, едни од најреномираните и највлијателни награди во светот на природната, органска и одржлива козметика. На годинешното јубилејно издание на наградите, Fit Face Pro Age рутината на Ignea се истакна меѓу бројни меѓународни брендови. Fit Face серумот и Fit Face маслото беа финалисти во категоријата за ...

ДУИ повторно излезе со свои барања за надминување на состојбата по кризата на Блискиот Исток. Од партијата забележуваат дека веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Оттаму додаваат дека Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети. „Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ говореше за актуелните политички случувања, односите во владината коалиција, состојбите во правосудството и ситуацијата во опозицијата. Осврнувајќи се на состојбите во СДСМ, Димитриевски оцени дека опозициската партија се соочува со сериозна политичка и кадровска криза и дека ...

Во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Струга, вчера биле изречени 57 санкции, едно лице било лишено од слобода, а едно возило одземено, информираат од Министерство за внатрешни работи. Од изречените мерки, четири се за истечена важност на сообраќајна дозвола, една за управување со моторно возило без соодветна категорија, три за неизвршен вонреден технички преглед на возила за јавен превоз на ...

Цената на суровата нафта забележа благ пад во текот на последното интрадневно тргување, што претставува корективно движење по претходните добивки. Со ова повлекување, цената се обидува да ослободи дел од акумулираниот профит и да создаде нов позитивен моментум што би можел да ѝ овозможи повторно да го продолжи растечкиот тренд. Овој пад доаѓа во услови кога цената се обидува да го намали изразениот сигнал на прекупеност што го покажуваат ...

Од Организацијата на потрошувачи велат дека контролите на терен ќе покажат дали договорот средба меѓу премиерот Мицкоски и трговците ќе се почитува и во пракса, одноно дали ќе го исполнат ветувањето дека нема да има покачување на цените во маркетите. Од организацијата посочуваат доколку се случи спротивното, дражавата ќе треба веднаш да интервенира. – Верувам дека инспекциските служби сега повторно ќе се активираат на ова поле, односно ќе има ...

Дел од жителите во општина Кисела Вода денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, прекинот во снабдувањето со струја ќе се одвива во периодот од 08:00 до 12:00 часот. Без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Георги Димитров“ број 10. Прекинот е најавен поради зафати во ...

Чувари на уставниот поредок на државата, реализација на највисоки борбено-технички задачи. Синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и насилниот криминал. Елита меѓу елитите. Специјална антитерористичка единица Тигар. Време на собирање искуство, созревање, посветеност, време кое е плод на сите генерации поминати во единицата. Време кое денеска запишува близу половина век, 45 години од формирањето ...

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев објави дека Антикорупциската комисија започнала постапка за проверка на неговите банкарски сметки и потеклото на имотот. Во објава на социјалните мрежи, Апасиев наведе дека контролата се однесува и на сметките на неговата сопруга, при што ја критикуваше одлуката на Комисијата. Според него, наместо да се занимава со „владини тендераши и криминал“, институцијата решила да ги проверува неговите ...

На денешен ден во 1907-ма година во Велес е роден Петре Прличко. Беше еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Бил припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци и живеел од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги. И покрај тоа што бил запишан во гимназија, Петре Прличко не останал долго време таму. ...

Домашни и природни производи, лековити билки и традиционални вкусови од рурална Македонија пристигнуваат во градот. Билкилајф-Центар за хербализам,туризам и одржлив развој го организира настанот „Од рурално до урбано“ – Саем на домашни и природни производи, кој ќе се одржи на 14 март 2026 година во Јавна соба во Скопје. Настанот има за цел да ги приближи руралните производители до урбаната публика, создавајќи простор за промоција на ...

Охрид, 13. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1944 година во Охрид е родена најславната македонска маратонка во пливање, Атина Бојаџи. Уште на 11 годишна возраст успеала да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил, делфин стил итн. Таа била светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Двапати била светски првак на слатки води, првиот пат само со ...

Охрид, 13. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи е објавена е уште една прекрасна фотографија од Охрид пред многу години. На фотографијата е прикажан мотив од хотелот „Турист“ пред многу години. На истата се гледа како некогаш изгледал овој прекрасен објект, но и потегот кај улицата кеј „Македонија“, но и самиот езерски кеј и денешната пешачка зона. Уште една прекрасна фотографија од далечното минато која е вистинска „временска машина“ ...

Охрид, 13. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Светиот свештеномаченик Протериј. Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една. Во тоа време царуваа Маркијан и Пулхерија. Протериј, кој беше благочестив и свет ...

Добивај вести на Viber На 28 февруари годинава изби нова војна во светот, односно САД и Израел го нападнаа Иран, и иако оваа војна се случува на илјадници километри од Македонија, граѓаните се загрижени од човечки аспект, затоа што ќе загинат многу луѓе, од економски аспект, затоа што и другите народи ќе трпат последици и безбедносно, размислуваат дека ако големите земја се на удар, тогаш што останува за малите држави. Граѓаните кои ги ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во општина Кочани каде ќе даде изјава за медиуми. Сектор за односи со јавноста на Владата соопшти дека потоа премиерот ќе изврши увид во градежни работи на мост на Кочанска Река за поврзување на улица „Лазар Андонов“ со улица „Вера Которка“, како и увид во градежни работи при ...

За случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби и дали од него се добиени информации за евентуални нелегални активности и кој повеќе треба да се плаши од него – СДСМ, ДУИ, ВРЕДИ, Мицкоски рече дека треба да му се даде време на времето, но и дека смета дека листата е долга. – Во интерес на истрагата и тие информации што ги имам, не би сакал премногу длабоко да навлегувам во чувствата на поединечни сегашни и поранешни политичари, но не треба ...

Денеска во судницата во затворот Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со сослушување на нови сведоци на Основното јавно обвинителство. За трагедијата се обвинети сопственикот на т.н. дискотека, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Општина Кочани, градежни и пазарни инспектори, ...

Билјана Димовска, професорка по француски јазик во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ го доби орденот „Витез од Редот на академските палми“ што го доделува францускиот министер за национално образование. Орденот ѝ го врачи францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер. – Како вистинска амбасадорка на француската култура, таа ги инспирира своите ученици и колеги со својот ентузијазам, професионализам и енергија која лесно ја ...

Добивај вести на Viber Според последното ажурирање на прогностичките материјали можам да изјавам пред јавноста дека од, и по 17-ти март 2026 на повидок е спуштање на ладен бран од север кон Балканот и секако кон Македонија. Во ваква ситуација можно е враќање на зимските температури и на снегот особено на планинските и повисоките места, но можна е и појавата на утрински мразеви, објави метеорологот Славчо Попоски. „Барем одсега гледано појава ...

ГУДРУН ШТАЈНАКЕР По целосната руска инвазија врз Украина, проширувањето на Европската Унија повторно доби нов импулс, вклучително и на Западен Балкан. Дваесет и три години по ветувањето дадено во Солун, ЕУ сега настојува да покаже — особено во однос на Црна Гора и Албанија — дека и понатаму останува отворена за нови членки. Секако, во Брисел има малку илузии за тешкотиите со кои се соочуваат т.н. „предводници“ меѓу земјите кандидати од ...

Уставниот Суд вчера оцени дека „Сејф сити” е во согласност со законите и Уставот. Оваа нивна одлука не им се допадна на партиите на Албанците во Македонија. За владејачката ВЛЕН употребата на албанскиот јазик е основно човеково право кое е една од темелните вредности на Уставот, а државните институции имаат обврска да го обезбедат исполнувањето на ова правото. За ВЛЕН ова мора да важи и за системот „Сејф Сити. И од ДУИ со реакција, тие ...

Наместо спорт и студенти – со години прашина, отпад и запуштеност. По речиси две децении, салата при УКИМ ќе види светли денови, барем така ветија властите. Министерот за спорт, ректоратот и претставници на УСС денеска го означија почетокот на обновата на објектот кој долго време стоеше надвор од употреба, неупотреблив и без сопственик. Ристовски најави дека салата ќе биде пуштена во употреба до крајот на оваа година. „Најпрво салата што била ...

Дури 70 проценти од лекарите во Македонија анонимно се изјасниле дека се соочиле со физички или вербален напад на работното место, а 8 отсто биле “тепани”. Најмногу на удар се вработените во Брзата помош и Ургентните центри. Но, лани во Лекарската комора имало само три пријави за насилство врз здравствени работници. Нашиот здравствен систем не е идеален сите тоа го знаеме, но тоа не е причина некој да не нападне, да не тепа...затоа што јас ...

Еден инспектор, кој во меѓувреме исполнил услови за старосна пензија врши надзор на сите згради што се градат во државата. Ова го откри Државната ревизија во извештајот за 2024. Во одделението за инспекциски надзор во урбанизмот пополнети се само две од осумте места за инспектори, иако Законот предвидел нивно присуство во сите региони во државата. Дополнително, цели осум години институцијата ја воделе в.д. директори. - До моментот на вршење ...

Државите, свесни за политичкиот ризик од зголемувањето на цените на горивата, одговорија со ослободување на нафта од стратегиските резерви, пребарување на автомобилите на границите за канистри, предупредување на енергетската индустрија за неоправдано зголемување на цените, а во некои случаи и ограничување на малопродажните цени, пишува Тајмс. Во Австрија бензинските пумпи претходно го ограничија зголемувањето на цените на еднаш дневно, на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
70%
1005
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
51%
1001
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
51%
1000
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
56%
1007
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.17
71%
1005
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
82%
1002
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.6
66%
1007
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1007
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
71%
1007
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
57%
1004
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
51%
1000
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1008
Currency

61.645

Currency

53.2676

Currency

71.195

Currency

37.0426

Currency

38.6385

Currency

67.2741

Currency

7.72812

Currency

0.65817

Currency

0.33472

Currency

0.52538

Currency

1.20088

Currency

0.56714

Цинк

3.04

Паладиум

46489.98

Платина

63562.03

Иридиум

256711.96

Родиум

347228.06

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.24

Злато

166450.52

Калај

43.91

Бакар

11.12

Кобалт

964.52