Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Времето за претстојниот викенд ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне, претежно во западните делови, со услови за краткотраен повремен дожд. До крајот на периодов ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. До вторник се очекува да дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец. Ветерот во среда ќе го смени правецот во источен, а во четврток во ...
Триесет и двегодишен жител на Битола пријавил дека бил измамен за 340.000 денари од лице кое се претставило како директор на компанија за тргување со криптовалути. Според неговата пријава во полиција, комуникацијата започнала преку електронска пошта во периодот од јануари до средината на февруари годинава. Измамникот постепено ја стекнал неговата доверба и го убедил да му овозможи пристап до компјутерот, по што во неколку наврати му биле ...
Тврдењата дека дислокацијата е „невозможна мисија“ се должат на застарени економски модели, велат од ДОМ. Од таму додаваат дека во очекување на јавната расправа по поднесувањето на новото барање за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола на еден од најголемите загадувачи „Титан Усје“, уште еднаш ги истакнуваат и посочуваат стандардите кои мора да бидат испочитувани од страна на субјектот. „Како одговорна зелена партија, јавно ...
На денешната седница на Советот на Општина Битола на дневен ред е завршната сметка и годишниот извештај за 2025 година. На почетокот на седницата се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски, кој се осврна на проектите спроведени во 2025 година за кои рече дека се 100% реализирани. Тој рече дека е направена градежна офанзива и заклучно со четвртиот квартал реализирани се капитални расходи во износ од 411.187.922 денари. – Фокусирани ...
Во домот физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга, по што дошле неговиот татко и таткото на неговата сопруга и настанала турканица меѓу нив. Семејното насилтво било извршено вчера, попладне, во 16:30 часот. -Сопругот бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес Убавка Јаневска Сподели: ...
Обраќање на претседателот на Еврејската заедница во земјава, Пепо Леви, на годишнината од депортацијата на македонските Евреи И по 83 години чувството не е поразлично. Повеќе од шест децении, секојпат кога ќе дојдам овде, на овој ден, на ова место, и кога ќе го почувствувам мирисот на тутун впиен во воздухот, ja чувствувам истата празнина, огромна празнина. Горчина. Болка што не старее. Не знам дали некогаш ќе помине. Пред точно 83 години, ...
Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, ...
На 12.03.2026 година во 21:10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишија од слобода Д.Р. (30) од село Марино, скопско. Акцијата се спровела по наредба на Основен кривичен суд Скопје за извршување претрес во домот на осомничениот. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, кои укажуваат на можно недозволено тргување со опојни дроги. Пронајдените предмети се обезбедени за ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го означија почетокот на проектот за темелно чистење на коритото на реката Серава и изградба на модерна пешачка патека. Овој зафат, кој жителите на овој дел од Скопје го чекаа две децении, има за цел целосно да го трансформира запуштениот простор. Според проектот, новата пешачка патека ќе биде со должина од близу 1,6 километри, нудејќи ...
Автомобилската индустрија во Југоисточна Европа влегува во период на големи промени. Во изминатата година илјадници работни места се изгубени во Романија, Србија и Бугарија, поради намалување на производството, затворање фабрики и реструктурирање на компаниите. Истовремено, дел од компаниите инвестираат во нови производствени капацитети и развојни центри, обидувајќи се да се прилагодат на новите услови на европскиот пазар. – – Затворања и ...
Охрид, 14. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Утре е Летник, а народот верува дека тоа што ќе го правите во текот на денот ќе го правите цело лето. Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките ...
Буџетот е ликвиден. Пари се обезбедени навреме и има простор за мерки доколку се потребни. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Само интерву“ на ТВ Канал 5. -Работевме посветено во изминатиот период и испорачуваме како што сме испланирале. Граѓаните можат да бидат спокојни. Пари обезбедивме навреме. Условоите по кои ги обезбедивме беа многу поповолни. Издадовме Еврообврзница со убедливо најниска ...
Просторот отстапен за петочните афоризми на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски ви го пренесува минатонеделното творештво на велешанецот инспириран од актуелните секојдневни случувања. Десетте нови афоризми гласат: „Можеш да бидеш прв и кога си најдобар. Ако жирито е од мајка родено.“ „Манипулаторите си наплаќаат и манипулативни трошоци.“ „Во бракот глумеше несреќна. По разводот нема публика.“ „Кога со светот би владееле жените, ...
На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. 4.3. Директни плаќања за вештачко осеменување на женско говедо и добиено теле -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на регистрирани говеда кои имаат оплодена крава/јуница по пат на вештачко осеменување и добиено и регистрирано теле во период мај 2025 до април 2026 година; -Висината на директните плаќања изнесува ...
На 12.03.2026 во 20:40 часот, на крстосницата од улиците „Маршал Тито“ со „11 Септември“ во Кичево, 43-годишниот А.М. од селото Лазоровци, кичевско, управувајќи мотоцикл со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево. На 12.03.2026 во 20:40 часот, на крстосницата од ...
Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ги демантира информациите кои вчера беа изнесени на седницата на Советот на Град Скопје, и, како што велат, предизвикаа паника и вознемиреност кај дел од граѓаните, особено кај учениците од средните училишта во Град Скопје. ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека автобуската линија број 35 воопшто не е укината ниту променета. Дополнително, таа не беше ниту предмет на разгледување во Одлуката за измена ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „Подиум“ на Ора24 ТВ истакна дека мигранти во земјава нема да има и тоа е измислена тема на Венко Филипче, а дека нема да има потврди и самиот амбасадор на Обединетото Кралство кој кажа дека такви преговори нема и нема да има. „Нема покредибилен извор од амбасадорот на Обединетото Кралство во државава којшто кажа дека ниту имало, ниту има, ниту било како ќе има преговори на ...
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денес на прес-конференција ги повика сите работници утре да дојдат во Скопје и да се изборат за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари. – Живееме како сиромашни работници со богати газди и со уште побогати во Владата. Ве повикуваме да ги поддржите вашите семејства, вашите деца и внуци, да излезете на улица и да им покажете дека сакате вашата плата да се ...
Поблиските критериуми за подмерките од мерката за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивни производи од дел V од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година се следни: На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. За директни плаќања за грла говеда од автохтона раса буша: – корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат ...
На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. 3.11. Директни плаќања за произведен сертифициран посадочен материјал за градинарски култури од видот домат во 2024 година -Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат произведен посадочен материјал за градинарски култури од видот домат и добиен сертификат за конечно сертифицирање во јули 2024 година за количина од 1.000.000 до ...
Возило со дипломатски таблички е паркирано на пашачката патека во близина на битолскиот Завод и Музеј иако спроти улицата има платен паркинг во Битола, кај Спортската сала. Битолчани реагираат дека пешачката патека е за пешаците, а не паркинг за возила. Ова дотолку повеќе што паркинг има на само пет метри спроти Музејот. Фото револтирани граѓани Возило со дипломатски таблички е паркирано на пашачката патека во близина на битолскиот Завод и ...
Човекот кој е најзагрижен доколку има предвремени избори, повторно си ја „ишка мувата од капата“ и превентивно (за да – не дај Боже не се случи истото) ламентира за некакво предвремено соочување со гласачите, пишува Курир. Кој друг, ако не Венко Филипче. Заев Трети, како што го викаат по кулоарите. Ковачевски е вториот. Свесноста дека ако има предвремени, тој ќе мора да си даде оставка, очебијно многу го тишти октроираниот лидер на СДС, кому ...
Телевизијата со 72,4 отсто и социјалните мрежи со 69,4 проценти се главните медиуми за информирање, со речиси идентична дневна употреба, што укажува на двоен модел – традиционален (ТВ) и дигитален. Онлајн медиумите, или интернет-порталите се стабилен трет столб, додека радиото и печатените гласила имаат маргинално влијание врз информирањето. Во поново време се истакнуваат и инфлуенсерите со реално, но ограничено влијание, покажува истражување ...
Супорт Кочани ги повикува младите од градот и општината да учествуваат во иницијативата за подобра поддршка на младите во време на кризи. Супорт Кочани спроведува истражување за потребите на младите во услови на кризи (пожари, поплави, пандемии, екстремни временски услови и други итни ситуации). Целта на истражувањето е да се утврди како младинските центри и младинските организации можат подобро да ги поддржат младите во вакви ситуации. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со австриска делегација предводена од Амбасадорката Елизабет Корнфајнд, генерален директор за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, во чиј состав беа и амбасадорите на Австрија во земјите од Југоисточна Европа. Средбата беше уште една потврда за посветеноста на двете земји кон ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43. Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните. — реклама — Со реконструкцијата се обновуваат околу 2.500 м² простор што ...
Документите и доказите кои излегоа во јавноста за организацијата и логистиката на протестите на ССМ водат директно до СДСM. ССМ го покажа вистиснкото лице дека не е независен синдикат, туку само продолжена рака на партиските интереси на СДСM. Се оди до таму што луѓе од СДСM се директно вклучени во организација на саботниот протест или ССМ се претопи во СДСM, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. ССМ е контролирано и координирано од партијата ...
На 12.03.2026 во 15 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишија лице на (29) од Радолишта. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патнички автомобил „голф“ со струшки регистарски ознаки и притоа, констатирале дека тој немал положено возачки испит и нема право на управување ...
На 13.03.2026 година, во СВР Битола е пријавено дека во стан во Битола, без траги на насилство, е пронајден починат А.Д. (19) од Битола. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Битола, а јавниот обвинител наредил телото да се даде на обдукција за утврдување на причината за смртта. Увидот на местото на настанот го извршила увидната екипа на СВР Битола, која прибрала потребни докази и направила записник за случајот. На ...
Јавниот превоз, како клучен дел од одржливиот урбан транспорт во Европската Унија секојденвно го користат 10,7% од населението. Во Македонија околу 7% од луѓето секој ден користат градски автобус, 2,6% меѓуградски автобус и 0,06% воз (вкупно 9,6%). Податоците покажуваат големи регионални разлики и укажуваат дека додека во некои скопски општини околу 19% од граѓаните најчесто користат градскиот автобус, во градовите од внатрешноста главна ...