Еден инспектор, кој во меѓувреме исполнил услови за старосна пензија врши надзор на сите згради што се градат во државата. Ова го откри Државната ревизија во извештајот за 2024. Во одделението за инспекциски надзор во урбанизмот пополнети се само две од осумте места за инспектори, иако Законот предвидел нивно присуство во сите региони во државата. Дополнително, цели осум години институцијата ја воделе в.д. директори. - До моментот на вршење ...

Нема кој да врши инспекциски надзор во градежништвото, бидејќи последниот инспектор кој работел на тоа исполнил услови за пензија на крајот на 2025 година. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам веќе осма година го води в.д. директор кој треба својата работа да ја заврши за шест месеци, а на негово место да биде назначен директор со решение. Општините речиси и да не реагираат на неправилностите од извршените редовни и вонредни ...