Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Точно една година по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“, Кочани и Македонија синоќа не спиеја. Во пресрет на кобниот датум, граѓаните се обединија во тишина и молитва, оддавајќи им почит на 63-цата млади кои прерано ги загубија своите животи во трагедијата што го смени текот на историјата на овој град. Под организација на здружението „16-ти март“, бдеењето започна во 02:15 часот по полноќ пред урнатините на поранешната дискотека. ...
Дури 91 сообраќаен прекршок биле констатирани вчера во засилена полициска акција во неколку скопски општини. Контролите се спроведувале во Центар, Аеродром, Бит Пазар и Чаир, каде на удар биле возачите на мотоцикли, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли. Од вкупниот број санкции, седум се кривични пријави за безобѕирно управување со моторно возило. Во шест случаи станува збор за возење без возачка дозвола, а во еден за ...
Ова утро пред точно една година Македонија ја разбуди најтрогателната вест. Со болка во душите и горчина во грлото сите посакавме тоа да било само лош сон. Но, за жал, пожарот во Кочани кој ни одзеде многу животи, не беше кошмар туку вистина. Вистина со која живееме цели 12 месеци. Секоја мајка плачеше по жртвите како да се нејзини деца. Кобната несреќа ни одзеде цела една генерација, ни зацрни еден цел град, ни разлеа тага низ цела држава. ...
Во изминатите 24 часа Министерството за внатрешни работи на Македонија регистрира седум пријави за семејно насилство, а три лица се лишени од слобода. Според полицијата, во струмичкиот регион, 34-годишен маж и 29-годишна жена биле приведени по пријава за физички напади во нивниот дом. Жената претходно пријавила напад од сопругот, а тој се жалел дека бил нападнат од нејзиниот партнер. Двајцата се задржани во Полициската станица во Струмица и ...
Според најновите метеоролошки податоци за следните седум дена, нè очекува период на променливо време со доминантна облачност и благи температурни осцилации. Преглед на неделата: Почеток на неделата: 16°C и 17°C 2°C до 4°C Средина на неделата (18.03): Втора половина на неделата: 3°C 15°C 13°C Граѓаните кои планираат активности на отворено, особено во среда, со себе да понесат чадори и соодветна облека за влажно време. Според најновите ...
Еден од повредените во тешкиот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ се обрати до јавноста по повод едногодишнината од трагедијата. Иван Стојменов порача дека е благодарен што добил втора шанса за живот, опишувајќи како поминало неговото лекување и третман. „Помина една година од нокта што засекогаш ми го промени животот. Нокта кога во дискотеката „Пулс” избувна пожар и се за неколку секунди се претвори во хаос, чад и страв. Ноќта кога животот ...
Дали светот зафатен од воени бури има перспективи? Годинава во тек е особено непредвидлива со оглед на интеракциите помеѓу нерамномерното економско закрепнување на државите и регионите, непостојаните геополитики и воените судири во тек. Многу земји од Африка до Југоисточна Азија прават се за да го избегнат избирањето на страна поради нараснатата напнатост. Понекогаш најдобар начин да се разбере што се случува во/со светот е да се погледне во ...
Најниската температура изутринава е измерена во Берово, минус 4 степени, а највисоката во Скопје – Зајчев Рид, 4 степени. Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, во Берово се измерени минус 4 степени, во Маврови Анови минус 2, минус еден степен на Попова Шапка, Крива Паланка и Лазарополе, нула во Битола, Тетово и Крушево, еден степен во Струмица, Скопје-Петровец, Прилеп, Пожаране, Велес и Претор, два степена во Куманово, ...
Во вторник, 17 март, Црна Гора треба привремено да затвори уште едно преговарачко поглавје во процесот на пристапување кон ЕУ. Станува збор за Поглавје 14 – „Трансевропски транспортни мрежи“, кое се однесува на усогласувањето на националната транспортна инфраструктура со европските транспортни коридори. Меѓувладината конференција на која ќе биде затворено поглавјето е планирана за вторник во Брисел, по состанокот на Советот за општи работи ...
По повод 101 година од формирањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, на 22 март, недела, ќе се одржи планинарски поход до месноста Лешница на Шар Планина. Сите заинтересирани за учество треба да се пријават најдоцна до петок, 20 март. Планот за настанот предвидува поаѓање во недела од 7:00 часот со комби превоз пред просториите на ПК „Љуботен“ во Тетово кон село Бозовце, од каде што ќе започне пешачењето кон Долна Лешница. ...
Очигледно преморени од протестирање за ССМ во саботата, по што следувала обавезната лумперајка и кафана до зори, СДС денеска се успаа. Тежок мамурлук, да не бил зафрканција. Доколку минатите денови до 10 часот наутро веќе лиферуваа по 10-на инфантилни соопштенија на најразлични луцидни теми, денеска до 10 часот ги нема никаде. Очебијно, не е лесно да се глуми синдикалец, нели? Или, како што не им личи да бидат патриоти, работници уште ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Во една од моите претходни колумни општеството го разгледував како жив организам – систем во кој секоја „клетка“ има функција, а здравјето зависи од рамнотежата и одговорноста на сите негови делови. Во оваа колумна ќе се обидам да ја разгледам демократијата не како формален чин, туку како процес што се одразува на нивото на зрелост, слобода и сигурност на граѓаните. Најчесто ...
Водата во Скопје е целосно безбедна за пиење, покажуваат резултатите од микробиолошката анализа на 192 примероци земени од 48 мерни места низ градот. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска соопшти дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 9 до 13 март земал по 192 примероци за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од различни локации низ градот. Според добиените резултати, сите примероци ги задоволуваат ...
Во текот на изминатиот викенд периодот (14/15.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1198 издадени платни налози, 465 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 42 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, ...
Организацијата на државниот матурски испит во просториите на средните училишта се чини дека е сериозна загриженост оваа година за директорите на некои училишта. Ова се должи на преместувањето на клупите и столчињата од училниците во училишните ходници и салите за физичко образование. Во гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопско, 375 ученици го полагаа државниот матурски испит, што значи дека 375 клупи и исто толку столчиња ќе носат вработените ...
Граѓаните и посетителите на паркот „Јане Сандански“ во Аеродром од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi сервис и да користат сигурна интернет врска, извести општина Аеродром. „Аеродром е една од 500 општини во регионот што добиваат Wi-Fi мрежа поставена во рамките на иницијативата WIFI4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ како дел од проектот EU4Digital. ...
Пробиштип денеска им оддава почит на 63 жртви во пожарот во кочански „Пулс“. Во пожарот згаснаа животите на четири граѓани на Пробиштип. Општина Пробиштип и градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски утринава на социјалните мрежи напишаа: „Понекогаш времето не ги лекува раните, туку само не учи како да живееме со празнината“. – Овој 16-ти март носи тежина која не се опишува со зборови. Помина една година од трагедијата која го ...
Денеска се навршува една година од стравичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени. Семејства, пријатели и познаници на жртвите синоќа пред дискотеката оддадоа почит на загинатите. „2:32 Постојат моменти во животот на еден град кога времето се дели на две : на пред и на после. За Кочани, тој момент е 16 март 2025 година. Ноќ што почна како многу други — со младост, музика и ...
Во следните денови времето ќе започне стабилно и релативно топло, со повеќе сончеви периоди и пријатни пролетни температури кои на некои места ќе достигнуваат околу 18-19°C. Утринските температури ќе бидат свежи и на повеќе места ќе се движат околу 1 до 3°C. Сепак, во вторник кон среда се очекува промена на времето и продор на постудена воздушна маса од север, што ќе донесе зголемување на облачноста и повремени врнежи. Со оваа промена ќе ...
Родители, роднини, другари, пријатели ноќеска во 02:32 часот се собраа пред дискотеката „Пулс“, каде на 16 март лани во пожар загинаа 63 главно млади луѓе и деца. Со свеќи во рацете и со една минута молк, собраните родители и граѓани им оддадоа почит на загинатите во страшниот пожар што избувна во 02:32 часот во кој беа повредени и над 200 лица. „Нека светлината сведочи да не заборавиме. Нека тишината звборува за љубовта што останува“, ...
Среде ноќ група малолетници во скопски Аеродром нападнале три лица, притоа фрлале по нив и јајца. - На 15.03.2026 во 00:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром М.Б.(22) од Битола, Б.Ќ.(23) од Струмица и Б.С.(20) од Скопје биле физички нападнати од група од малолетници, кои исто така ги удирале и со јајца, информираа од полицијата за овој инцидент. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од ...
Oд вторник до петок претпладне територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско Море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер од југоисточен а во западните предели од североисточен правец. Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниов ЛИНК. Oд вторник до ...
Во 2016 година вработените и волонтерите од Општинската организација на Црвениот крст од Битола заедно со крводарителите го прославија 17 март, Денот на Црвениот крст и денот на крводарителите, а активностите започнаа со традиционалната крводарителска акција во која битолчани даруваа 175 крвни единици, започна со своите сеќавања Димче Миновски хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Претходно се одржа проекција на ...
Светските берзи забележаа пад, додека поради кризата на Блискиот Исток нагло пораснаа цените на нафтата, што би можело да предизвика раст на инфлацијата и да им наштети на економиите. На Волстрит индексот Dow Jones минатата недела падна за 2 отсто, на 46.558 поени, додека S&P 500 се намали за 1,6 отсто, на 6.632 поени, а Nasdaq за 1,3 отсто, на 22.105 поени. Инвеститорите се воздржуваат од поризични инвестиции, бидејќи цените на нафтата ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.М.(50) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.02.2026 во стан во Крива Паланка, пријавениот се обидел физички да ја нападне неговата вонбрачна партнерка, ѝ упатувал закани со остар предмет, при што таа во самоодбрана се повредила. Надворешната канцеларија за ...
Европскиот парламент на 11 март 2026 усвои Извештај/Резолуција за политиката на проширување на ЕУ, во кој повторно се нагласува дека процесот на пристапување мора да остане строго базиран на заслуги и реформи, без политички „брзи решенија“. Резолуцијата беше усвоена со 385 гласа „за“, 147 „против“ и 98 воздржани. Во документот европратениците нагласуваат дека нема кратки патишта кога станува збор за вредностите и основните принципи на ЕУ и ...
Охрид, 16. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, во 1903 година во Честахов, Полска, е родена д-р Елена Етингер Каваева, еден од основоположниците на современото здравство во охридско-струшкиот крај, но и во Република Македонија. Заедно со својот сопруг, д-р Владимир Каваев дошла во Охрид во 1923 година. Таа е основоположник на педијатријата во Македонија, а во 1947 година станала шеф на првиот детски диспанзер, амбулантата „Маларична“ во ...
Денеска е понеделник, 16 март 2026 година, 75-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 290 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 44 минути, а ќе зајде во 17 часот и 41 минути. Денов трае 11 часа и 56 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 4 часот и 31 минута, а ќе зајде во 14 часот и 53 минути. Денеска е понеделник, 16 март 2026 година, 75-иот ден во годината. До крајот на годината ...
Тишината и болката одекна во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се каде што се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата што го потресе градот. Собирот, организиран од здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, започна симболично во 02:15 часот, а просторот беше осветлен со рефлектори и украсен со цвеќиња и срциња на кои беа испишани имињата на оние кои ги загубија животите во пеколниот ...
Луѓето во Иран живеат во воена зона. Нападите од Израел и САД се чини дека се концентрирани на Техеран, но бомби паѓаат и на многу други места низ целата земја. Нешто пред почетокот на војната, безброј луѓе излегоа на улиците за да демонстрираат против теократскиот режим. Државата брутално постапи против сопственото население, па протестите за слобода и демократија чинеа животи на илјадници Иранци. Уште пред задушувањето на овие протести, ...