Четворица државјани на Албанија се уапсени во Србија поради сомнение дека поттикнувале национална и верска омраза преку видео објавено на социјалните мрежи. Според Министерството за внатрешни работи на Србија, приведени се А.С. (1989), Е.В. (1984), Е.Г. (1978) и А.Ц. (2005), сите државјани на Албанија. Тие се сомничат дека на денот на годишнината од бомбардирањето од НАТО објавиле видео со провокативна содржина. Како што информираат од ...

Видеото, како што се додава, го објавил А.С. на својот фејсбук профил, а е снимено во автомобил додека возеле по автопат низ Србија, објави синоќа Министерството за внатрешни работи на Србија. Уапсените А.С. (37), Е.В. (42), Е.Г. (48) и А.Ц. (21) се осомничени за кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост. Осомничените се задржани до 48 часа, по што ќе бидат приведени во Специјалното одделение на Вишото ...