Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
На 09.07.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода П.Ј.(38) и Д.Р.(28), двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес во домот на П.Ј., на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, каде бил затекнат и Д.Р., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари. По целосно документирање на случајот, ќе биде ...
Од Водовод и Канализација утрово соопштија дека повеќе општини ќе останат без вода во недела, на 12.07. поради санирање на дефект. -„Ве известуваме дека на ден 12.07.2026 поради уличен дефект ф-600 мм на ул. Борис Трајковски бб (во близина на бензинска пумпа Лукоил во Пинтија), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од ...
Општина Аеродром денеска информираше дека започнува постапка за воспоставување систем за видео надзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. „На вчерашната седница на Советот беше усвоен предлогот за отпочнување на постапката. Искрена благодарност до советниците кои ја препознаа важноста на оваа мерка и дадоа поддршка за нејзината реализација“, истакнаа од Општината. Од таму посочија дека секое искршено игралиште е загуба ...
Во најавата за посетата на Македонија на еврокомесарката за проширување Марта Кос беа предвидени средби со премиерот Христијан Мицкоски, со претседателот на Собранието Африм Гаши, со претставници на Владата, на граѓанското општество, организации на младите… Претходните еврокомесари за проширување, на пример Јоханес Хан и Оливер Вархеј при посетите во Македонија често имаа одвоени средби и со власта и со опозицијата. ЕУ традиционално сака да ...
„Во целост ги демантирам наводите кои се однесуваат на мојот клиент како неточни објавен во извештајот насловен како ‘На судењето за пожарот во Пулс се презентираа комуникации од телефони на обвинети, одбраната бараше повторно изведување на дел од доказите’. Во текстот се наведува дека ‘во однос на обвинетиот Александар Нацев, кој негира дека е сопственик на агенцијата за обезбедување ‘Рубикон’, обвинителството презентираше документи за ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја посети детската градинка „13 Ноември“, каде во текот на летниот период се згрижуваат деца од училишна возраст, во рамки на програмата што ја реализира локалната самоуправа. За време на посетата, Герасимовски разговараше со вработените и децата, при што се информираше за дневните активности и начинот на кој најмладите го поминуваат летниот распуст. Во дворот на градинката тој ...
Општина Карпош започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа и тротоарските површини на улицата „Атинска„ во у.з. „Владо Тасевски“. Во рамки на градежните активности ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната конструкција која опфаќа асфалтирање на коловозната лента, замена на рабниците и замена на долниот строј. Во меѓувреме ќе се реконструираат и тротоарските површини кои ќе бидат уредени со ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно спроведе акција за отстранување на неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, која датира од Првата светска војна. Гранатата била пронајдена во атарот на селото Пепелиште, општина Неготино, а поради местоположбата и непристапниот терен, нејзиното отстранување се одвивало во сложени услови. ДЗС „Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно ...
Во Фејсбук групата „Кисела Вода - Пријави Проблем“, синоќа скопјанка алармираше за вандалски чин на детското игралиште на улицата „Ѓорги Сугаре“, веднаш до зградата „Дабар“, каде, според објавата, непознато лице ги полеало детските реквизити со моторно масло. Во нејзината објава, скопјанката Биле јавно му се обрати на несовесниот граѓанин и сторител на овој чин, со прашањето „Дали сега помирно ќе спиеш и дали совеста ќе те копка?“ Меѓу ...
Од Територијалната Противпожарна Единица во Крива Паланка, информираат за сообраќајна несреќа во која морале да интервенираат и да го вадат повреденото лице од автомобилот. Според податоците, несреќата се случила вчера, 09.07.2026, на улицата „Партизанска” во Крива Паланка. -По примена дојава за настаната сообраќајна незгода на ул.Партизанска со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари пристапивме со вадење на повреденото лице по што беше ...
Според најновите податоци на Народната банка, цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава пораснаа за дополнителни 13,3% на годишно ниво. Трендот на вештачко пумпање на цените продолжува со уште позабрзано темпо, додека институциите не прават ништо за да ги заштитат граѓаните, пишува во денешното соопштение. -Ситуацијата се случува во реалност каде што македонскиот работник е официјално најниско платениот работник во цела ...
Во организација на детско-младинскиот фолклорен ансамбл „Срма“, викендов во Центарот за култура во Куманово ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал. Дводневната манифестација започнува во 19 часот. Во организација на детско-младинскиот фолклорен ансамбл „Срма“, вечер и утревечер во Центарот за култура во Куманово „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал. Дводневната манифестација започнува ...
Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување и е поврзана со повеќе енергетски пазари е држава што може самостојно да ја планира својата иднина, подобро ги штити своите граѓани од глобалните енергетски кризи и создава посилна и поконкурентна економија. Токму затоа, по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на ...
Плановите за затворање фабрики на групацијата „Фолксваген“ во Германија добиваат сè поконкретна форма, а до 2034 година е предвидено затворање на четири производствени погони, објави германскиот магазин „Шпигел“. Поради протестите во сите фабрики на компанијата во Германија, Надзорниот одбор на „Фолксваген“ денеска ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за идниот план, кој, според „Шпигел“, предвидува затворање на четири фабрики до 2034 ...
Општина Карпош информира дека Уставниот суд заседаваше на седница која се одржа на 3 јуни 2026 година, при што донесе Одлука со која СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 02. -Станува збор за деталниот план со опфат помеѓу населбите Жданец и Нерези, (локалитет А, Б и В) Општина Карпош – Скопје, донесен од Советот на Општина Карпош, со Одлука бр. 09-2483/18 од 13.03.2025 година. Тогашната Одлука ...
„ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, која освен тоа што е носител на јавна функција, е и жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек. Само човек кој е несигурен во себе прибегнува кон ...
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата половина од 2026 година. Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми со кои концесионира ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28% во однос на истиот период минатата година. Во истиот период беа ...
Експертот за евроинтеграции, Драган Тилев смета дека демаршот од МНР за задржувањето на функционерите на ВЛЕН на ГП „Ќафасан“ во моментов е соодветен прв чекор. Понатаму ќе се разменат информации за да се оформи конечна позиција. Тилев е убеден дека со пријателска земја и сосед како што е Албанија, преку воспоставените канали ќе се најде точната причина за инцидентот и дека ќе се најде и заеднички јазик за да се надмине оваа ситуација. Од ...
Портпаролката и член на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, во интервју за „Слободен печат“ порача дека партијата останува отворена за разговор со сите членови кои имаат забелешки или предлози за нејзиното функционирање, но смета дека несогласувањата треба да се решаваат во рамките на партиските органи, а не преку јавни настапи. Таа истакна дека Извршниот одбор повторно ја потврдил определбата за отворен дијалог и ги повикал сите ...
Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Факултетот за туризам и угостителство – Охрид (ФТУ) и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола (УКЛО) се појавуваат во публикација издадена од реномираниот светски издавач Oxford University Press. Во книгата Solvency II: Present and Future, уредена од реномираните автори Karel Van Hulle, Helmut Gründl и Mirko Kraft, објавено е поглавјето „Navigating the Transition: Exploring the Impact of Solvency II on ...
Министерството за надворешни работи вчера остварило средба со претставник на амбасадата на Република Албанија во Македонија за случајот на граничниот премин „Ќафасан“ за кој пратеникот Беким Ќоку од ВЛЕН објави дека имало забрана за влез во Албанија за него, пратеникот Аднан Азизи и за заменик-генералнот секретар на Владата Хасим Муртезани. На прашњето на „Локално“ дали МНР е известено за забрана за влез на македонски функционери во Албанија, ...
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се огласи на Фејсбук и објави дел од негов есеј, на тема „Историјата на идеите за Балканска КонФедерација”. -На балканот долго низ историјата се говореше за создавање балкански сојуз во форма на федерација или конфедерација, заради повеќе цели и мотиви, но тоа никогаш не се случи. Наместо тоа се случуваа освојувачки војни и многу ѕверства во нив, асимилации и многу терор, од каде произлезе голема ...
Студентите кои ќе внесуваат или консумираат алкохол во државните студентски домови ризикуваат да останат без право на сместување до пет години, предвидуваат новите дисциплински правила што треба да се применуваат во студентските домови. Според новиот Правилник за сместување и престој, најстрогите санкции ќе се применуваат за прекршоци кои директно ја загрозуваат безбедноста, редот и условите за живеење во домовите. Покрај алкохолот, меѓу ...
Се урива познатата скопска сендвичара „Седмица“ спроти Грчката амбасада, за да се гради зграда. Од пред неколку дена со градежна механизација се урива куќата во која 30 година се наоѓаше сендвичарата. Просторот е заграден со тараби, а инвеститорот кој на овој простор ќе гради зграда поставил известување дека од 4 јули започнуваат со градежни работи на објектот. Од Општина Центар не добивме одговор на нашите прашања за колкав објект е издадена ...
Задржувањето на функционерите од коалицијата ВЛЕН на граничниот премин „Ќафасан“ кон Албанија предизвика сериозни дипломатски тензии. Иако албанските власти тврдат дека станува збор за рутинска процедура поради сопатник со законски пречки, инцидентот се толкува како политички притисок поврзан со поддршката на ВЛЕН за антивладините протести во Албанија и „Фламинго револуцијата“. За дел од јавноста, и покрај сите разногласија меѓу политичките ...
Тажна вест соопштија од Синдикалната организација на на СПМ СВР Куманово Со голема тага и неверување ја примивме веста за прераната загуба на нашиот драг колега Виктор Колевски, пријател и голем човек. Тешко е да се најдат зборови кога нè напушта некој што со своето присуство внесуваше мир, сигурност и позитивна енергија. Беше човек со интегритет, чест и достоинство, секогаш подготвен да помогне, да охрабри и да подаде рака без да очекува ...
Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата „Калина Стил“ организира уникатен настан – Blind Cigar Experience во Охрид и Струга, кој ќе понуди несекојдневно уживање за љубителите на премиум тутунските производи. Создаден како патување низ ароми, вкусови и доживувања, настанот ќе им овозможи на посетителите да ги разбудат сите сетила и да навлезат во светот на „пура културата“, софистицирана традиција која се темели на трпение, дегустација, ...
Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, советувајќи ги да ги извршуваат заповедите на христијанската вера. Потоа се пресели во Цариград, таму живееше во еден малечок дом од којшто растураше на сите страни, како сонцето зраците ...
Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Избрано најдоброто идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект во современ и функционален Младински културен центар во Охрид. Конкурсот го распиша Коалицијата на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински центар Охрид 2025–2026, финансирана од Општина Охрид. По завршување на процесот на оценување од страна на стручната комисија, со задоволство ги ...
Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Иако во повеќе наврати се најавуваше негово комплетно завршување, сепак на почетокот на годинава, министерот за спорт Борко Ристовски откри дека во проектот за изградба на покриен базен во Охрид има голем проблем со машинството. – Со изведувачот го раскинавме договорот и во моментов се прави ново проектирање. Базенот започна да се гради пред 8-9 години и таму има сериозни наоди за сторен криминал, Сега ...