Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, советувајќи ги да ги извршуваат заповедите на христијанската вера. Потоа се пресели во Цариград, таму живееше во еден малечок дом од којшто растураше на сите страни, како сонцето зраците ...
Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх свети Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм и владееше демонска сила. Тогаш на патријархот му се јави Ангел Божји и му рече дека Манутин ќе биде очистен од ...

