Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип, поднесе кривична пријава против Љ.Н.(45) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 29.05.2026 на ул.„Нада Михајлова“ и во просториите на Полициска станица Пробиштип, пријавениот упатувал закани кон полициски службеник. Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип, поднесе ...
Работодавачите низ Европа објавиле повеќе од 10 милиони слободни работни места во периодот од април 2025 до март 2026 година, покажува анализа на BestBrokers, базирана на податоци од Евростат и европската мрежа за вработување EURES. Она што изненадува е што на врвот на листата на најбарани професии не се експерти за вештачка интелигенција или дигитални технологии, туку технички работници – луѓето кои ги градат, поправаат и одржуваат системите ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, преку објава на „Фејсбук“, соопшти дека со ребалансот на буџетот на градот обезбедени се средства за изградба на две целосно нови средни училишта – „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода. – Двете училишта ќе ги градиме со сопствени средства на Град Скопје! Предолго учениците во овие училишта се образоваа во крајно несоодветни услови. Предолго ...
Рестораните, кафулињата и другите угостителски објекти во Скопје ќе добијат посебен термин за фрлање смет – до 1 часот по полноќ. Со оваа измена, угостителите ќе можат да го одлагаат отпадот и по времето дозволено за домаќинствата, но ќе мора да користат сопствени контејнери и да имаат склучен договор со ЈП „Комунална хигиена“. Новото правило е усвоено на последната седница на Советот на Град Скопје, по иницијатива на градоначалникот Орце ...
Поранешниот заменик министер за здравство Јовица Андовски, кој неодамна поднесе оставка, е назначен за нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), откако Оливер Миланов поднесе оставка. Андоновски како главни приоритети во работите најавува напредување на ефикасноста, професионалноста, зајакнување на контролите и доследно спроведување на законите, заштита на безбедноста на храната, како и здравјето и благосостојбата на ...
Новата веб-апликација овозможува создавање дизајни со вештачка интелигенција и визуелен приказ на сликата во сопствениот простор пред нарачка. Македонската компанија Илоски Арт ДООЕЛ ја претставува „Креирај“, веб-апликација наменета за сите што сакаат декоративна слика според сопствените желби, но имаат потреба од помош при изборот на мотив, бои и стил. Апликацијата е достапна на https://kreiraj.iloskiart.mk/ и се користи директно преку ...
Бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип во Македонија бележи значително зголемување. Во текот на 44-тата недела од годинава, односно од 26 октомври до 1 ноември, регистрирани се 116 случаи, што е за 90,2 проценти повеќе во споредба со претходната недела. Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, најголем број заболени се регистрирани во Тетово – 48, потоа во Куманово со 26 и Скопје со 13 случаи. Во Прилеп и ...
Дали Молдавија може да исчезне? Тоа се случило и претходно: во 1918 година, веднаш по одвојувањето од пропаѓањето на Руската империја, парламентот на Молдавија гласаше за приклучување кон соседна Романија. Денес земјата има за цел да се приклучи кон Европската унија до 2030 година. Но, неодамна нејзините лидери посочија дека ако ЕУ го блокира тоа, тогаш таа може да се обедини со Романија, која веќе е членка. Маја Санду, претседателката на ...
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата значајна улога на транснационално ниво во борбата против недозволена трговија со дрога. Неофицијално дознаваме дека по брза размена на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при МВР и службата за борба против дрога на САД-ДЕА, од страна на германската полиција запленети се над 300 килограми кокаин, кои биле скриени во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Уредник на вестите е Хари Кацановски. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен ...
Политичкото позиционирање против сите не е стратегија што носи успех, туку пристап кој со време создава разочарување, порача првиот вицепремиер Изет Меџити по изборните случувања во општина Брвеница. Неговата реакција следува по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој изборниот настап во Брвеница го опиша како „сами против сите“. Иако не го спомена директно Мицкоски, Меџити оцени дека конфронтацијата со сите политички чинители не може ...
Жените сочинуваат околу 70% од дипломираните во природните науки и математиката во Македонија, а повеќе од половина од истражувачите во земјата се жени. Сепак, нивното учество е значително помало во технологијата: жените се околу 33 проценти од дипломираните во информатичко-комуникациските технологии, а сочинуваат помалку од една четвртина од работната сила во ИТ-секторот. Овие разлики беа во фокусот на вчерашната панел-дискусија „Кој ја ...
Полскиот нуркач Бартломиеј Питала, кој неодамна беше прогласен за почесен граѓанин на Скопје, упати јавна благодарност до Македонија за поддршката што ја добил за време на истражувачката експедиција во подводната пештера Врело на Матка. Во објава на социјалните мрежи, Питала истакнува дека експедицијата не била само подвиг на мал меѓународен тим истражувачи, туку заеднички успех во кој значајна улога имале македонските институции, ...
Инвестициите и зачувувањето на стручниот кадар се основа за трајно закрепнување на секторот Новинарска анализа | 3 ноември 2026 На македонското рударство му е потребна нова развојна поддршка, насочена кон обновување на производството, зачувување на стручниот кадар и поголема поврзаност со домашната индустрија. Повеќегодишното слабеење на дел од производството, заедно со новите податоци за намалениот број работници, ја нагласува потребата од ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, денеска на прес-конференција изјави дека во именувањето на принудниот управник на Алта банка има конфликт на интереси. Нарадоната банка тоа го негираше. „Илија Андоновски, кој е привремен администратор на Алта банка, е човекот кој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката. Од мај 2025 ...
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа од утре и деновите потоа истакнати во графичкиот приказ „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат повеќе живеалишта во околните села и делови од Општина Кичево, Во приказот ги имате планираните локации, датумот и времето, имено времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата. Како што ...
Со низа свечености, полагање свежо цвеќе во спомен на загинатите борци и културна програма, Битола денеска одбележува 82 години од ослободување од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна. Под празничен слоган „Сите бои на сеќавањето“, конзулскиот град денеска се потсетува на својата славна историја. Историските архиви со златни букви го бележат 4 ноември 1944 година како денот кога борците на Седмата македонска народноослободителна ...
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека случајот со Алта банка е увезен проблем. Тој соопшти дека менувачниците во Србија ја ограничиле сумата за менување на пари од динари до 300, 400 евра. Се надева дека најцрното сценарио во Србија ќе биде избегнато, бидејќи вели, северниот сосед е значаен трговски партнер за Македонија. -Голем број на наши компании соработуваат со српски компании и многумина од тие компании ми се јавуваат и ме прашуваат ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 ноември до денеска, полициските службеници постапувале по 25 пријави за семејно насилство и насилство во партнерски и семејни односи на подрачјата на Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Берово, Струга, Кичево, Свети Николе и Струмица. Во рамки на постапувањето по дел од случаите, полициските службеници лишиле од слобода и ...
Општина Карпош по повод јубилејот – 50 години од основањето на Општината вечер со почеток во 21 часот организира музичка забава со Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre. Настанот ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот музички звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички артисти. – Со оваа музичка вечер, Општина ...
Седумнаесетгодишната девојка која беше пронајдена мртва во опожарен автомобил претходно била жртва на физички напад и закани по живот. Против 21-годишниот партнер постоеле две пријави и изречени мерки за заштита, но нешто повеќе од еден месец по првиот пријавен напад, двајцата беа пронајдени мртви. Имала само 17 години. Насилството било пријавено, заканите биле познати, полицијата го привела пријавениот, а во одделна постапка биле определени ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор ...
Коалицијата ВЛЕН остро реагираше по одлуките за ослободување од притвор на Артан Груби и Перпарим Бајрами, оценувајќи дека станува збор за „невиден скандал“ и сериозен удар врз довербата во правосудниот систем. Од ВЛЕН наведуваат дека јавноста со право бара одговори, особено по информацијата дека Перпарим Бајрами бил ослободен од притвор со гаранција во вредност од над еден милион евра, додека, како што посочуваат, Артан Груби претходно бил ...
Дополнителни трошоци за приклучување на атмосферска канализација за улици оставени во кал и без асфалт. Жителите на улиците 150,170 и 210 реагираат на начинот на кој се спроведува целиот проект и , бараат одговор врз која основа се изложени на нови трошоци и кога конечно ќе добијат уредени улици. Жителите на улиците 150, 170 и 210 реагираат на изградбата на атмосферската канализација, истовремено и на состојбата во која се оставени улиците по ...
Се надевам дека следната година ќе имаме подобар извештај од Европската комисија од овој од оваа година, а за билатералното прашање со Бугарија ќе продолжиме активно да бараме дијалог со нашиот сосед и да работиме на тој дијалог со поддршка од ЕУ, изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за „Локално“. На прашањето дали и следната година ќе бидеме во истата ситуација и само да разговараме за извештајот на ЕУ без да бидат почнати ...
Народниот театар Битола ја продолжува програмата посветена на Денот на ослободувањето на градот со премиерата на „Татко“, психолошка драма од Август Стриндберг што ја истражува тенката граница меѓу љубовта, недовербата и борбата за моќ во семејството. Премиерните изведби се закажани за 10 и 11 ноември 2026 година, во режија на Благој Мицевски. Претставата е дел од официјалната програма на Општина Битола по повод 4 Ноември, Денот на ...
Засега е рано да се каже дали обвинителството ќе преземе нешто во врска со Алта банка во Битола. Тоа денеска го изјави државниот јавен обвинител Ненад Савески на прашањето дали обвинителството презема или ќе преземе некакви истражни дејствија во врска со случајот со Алта банка. Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе се вклучи од свој агол во расчистувањето на прашањата што се отворија и се отвораат околу Алта банка Битола, чиј ...
Вкупно 556 пензионери кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но не поседуваат платежни картички, денеска, 5 ноември, успешно подигнале парични средства на шалтерите во битолската филијала. Исплатата се одвивала во организација на банката, а Народната банка информира дека биле услужени повеќе корисници од првично планираниот број. Според информациите од Народната банка, првично биле предвидени исплати за околу 400 пензионери, кои ...
Со цел да не се шират шпекулации и неточни информации кои ги има во јавноста, сакам да истакнам дека полицијата, односно МВР, во конкретниот случај соодветно реагираше и го институционализираше случајот, истакна денеска во СВР Струмица директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР Александар Јанев. Во изјавата за медиумите тој ја изнесе и хронологијата на трагичниот настан во кој животот го загубија 17-годишната Билјана и нејзиното ...
Со наближувањето на зимската сезона, потребно е навреме да се погрижите за безбедноста на вашето возило и да ги замените летните со зимски пневматици. Од 15 ноември започнува периодот на законска обврска за зимска опрема, па затоа не чекајте ги последните денови, кога традиционално се создаваат поголеми гужви кај вулканизерите. Самопослужна автоперална и вулканизер „Виктор“ ви нуди широк избор на зимски гуми од реномирани светски и ...