КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 331, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (9-10.5.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју проф. д-р Огнен Марина, архитект: Исклучително важно е да ги разбереме процесите што го обликувале нашиот град – разговор со Јулијана Величковска, директорка на Скопскиот поетски фестивал: Поетите отсекогаш биле хроничари – десет ...

На третиот фестивалски ден на Скопскиот поетски фестивал, вечерва во 19 часот во „Буква“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Ништо ново под сукњата на современоста“, избор песни од Барбара Делаќ и Марија Вујошевиќ, и двете од Црна Гора. Изданието е на „Култура Бета“, Скопје. Промотори ќе бидат Марија Велинова и Андреј Медиќ Лазаревски. Еден час подоцна ќе следува промоцијата на стихозбирката „Тускулум“ Денис Шкофич (Словенија) во препев од ...

Театарот за деца и младинци од Скопје вечерва во 19 часот ќе гостува на сцената на Драмски, во чест на 80 години постоење на Драмскиот театар со претставата „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ од Хрватска. Улогите ги толкуваат: Анастасија Ласовска, Никола Наковски, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска, Изабела Новотни и Марија Ѓорѓијовска. „Садако сака да живее“ е инспирирана од вистинската ...

Синоќа во Македонскиот народен театар се одржа премиера на монодрамата Bivir…Bivir. Што на јазикот на Сефардите значи да се преживее. Монодрамата е во изведба и режија на Снежана Конеска – Руси, која е и автор на текстот. Кој пак е добитник на трета награда на анонимниот конкурс за монодрамски текстови кој го објави НУ Центар за култура – Битола во 2023 година а во 2024 година излезе и печатено издание по повод јубилејот на фестивалот. Иако ...

Скопје, 8 мај 2026, (МИА) Бранка Д. НАЈДОВСКА Родена и (речиси) израсната во нашата земја, Стефанија Гаштарска првите чекори ги направила во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, каде што почнува оформувањето на нејзиниот уметнички идентитет. Нејзината амбиција, сепак, не се задржала во рамките на домашната сцена. Поттикната од желбата за усовршување, таа заминува во Русија кога е речиси сè уште дете и се запишува на престижната Бољшој ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - „Паметници на заборавот“ е насловена фотографската изложба на Сашо Димоски, која ќе биде отворена вечер од 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Како што е најавено, во фокусот на изложбата е просторот и објектите во него, како една од доминантните тематски преокупации на авторот во последните години. -Самата негова одлука од своите фотографии да го исклучи човекот токму од просторот во кој јасно ...

Изложба на магистерски трудови 2024/2025 – Архитектонски факултет 09.05.2026 • Изложби На 06.04.2026 година, на Архитектонски факултет, во Скопје реализираше трета по ред изложба за оваа година, која суштински се разликува од претходните две по својот концепт, методолошки пристап и менторирана содржина. Додека претходните изложби беа фокусирани првенствено на презентација на студентските проекти како финален продукт, оваа изложба воведува ...

На 11 мај, со почеток во 19:00 часот, во Долното фоаје на Центар за култура Битола ќе биде отворена самостојната изложба „Првиот чекор на промената“. Авторката е Јована Тодороска, млада ликовна уметница родена во 2001 година во Охрид. Своето образование го стекнува на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, отсек Ликовна педагогија – графика. Таа досега има реализирано повеќе самостојни изложби во Загреб, Битола и Њујорк. Како и ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ го отпочна снимањето на долгометражниот игран филм „СНЕШКО“ (The Snowman / Snowman), тинејџерска драма со елементи на фантазија, која ја раскажува приказната за девојка што никогаш не видела снег. Филмот го следи созревањето на Лили, 16-годишна математичка генијалка која живее на остров каде што никогаш не паѓа снег. Интровертна и тешко прифатена од околината, таа го носи ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Национална галерија на Македонија, вечер во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели. Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 15 мај 2026 година во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул. Како што информираат од КИЦ Истанбул, изложбата претставува ...

До 30 мај е крајниот рок за поднесување на пријави за учество на второто издание на Меѓународната научна конференција „Мит и драма: кризи, граници, другости“ што ќе се одржи на 27 и 28 октомври во Скопје. Меѓународната конференција ќе се реализира во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ-Скопје, Институтот за македонска литература при УКИМ и Факултетот за драмски уметности при УКИМ. Како што информираат од Факултетот ...

Агенцијата за филм на 4 мај ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти за организирање домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2026 година. Агенцијата за филм во 2026 година поддржува 20 проекти со зголемен буџет од 35 милиони денари. На овогодишниот конкурс беа поднесени вкупно 34 апликации, од кои, по спроведена евалуација, поддршка добија 20 проекти. За оваа намена, Агенцијата за филм ...

На 25 јули, стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе стане место каде звукот ќе добие поинаква форма. Токму таму, еден од најпрепознатливите артисти на глобалната електронска сцена – Mahmut Orhan ќе го донесе својот уникатен музички потпис и звук што ја движи публиката ширум светот. Во изминатата деценија, неговото име е дел од најголемите и највлијателни сцени во светот. Од Tomorrowland и Coachella, до Untold и Exit Festival, како и ...

Во Културно-информативниот центар во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Кој ти дозволи да шеташ низ туѓи соништа во ниедно време “ од Владимир Лукаш. Промоцијата ќе се одржи на 12. мај 2026 год. во 19:19 часот Салон Империјал 2. Владимир Лукаш е визуелен уметник, писател и музичар од Скопје. Има реализирано десетина самостојни изложби во Македонија, Србија и Германија, и бил дел од стотина групни изложби, перформанси и филмски ...

Младиот музички талент Андреј Цековски, ученик во петтото одделение во нижото музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, под менторство на наставничката по пијано Марија Диманин-Богоевска, ја освои првата награда на престижниот меѓународен натпревар „International Youth Music Competitions“, во категоријата USA Classical Hobbyist, одржан во март 2026 година. Според жирито: „Со својот впечатлив настап, Андреј се издвои меѓу ...

Здружението за промоција на источноазиски култури „Пагода“ го најавува националниот косплеј натпревар, преку кој ќе се избере претставникот на Македонија за учество на меѓународниот натпревар Ultimate Balkan Cosplay Championship (UBCC) 2026. Натпреварот ќе се одржи на 9 мај 2026 година (сабота), со почеток во 12:00 часот, во Netaville во Скопје. На сцената ќе настапат косплеери кои се пријавија како соло учесници или во дуо, претставувајќи ...

Охрид, 8. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Трудовите од 22. Биенале на македонската современа архитектура БИМАС 2025 од утре во Куќата на Робевци. Трудовите во Охрид ќе бидат изложени до 20 мај, а свеченото отворање е во 19:00 часот. За првпат БИМАС е одржан во далечната 1981 година и е водечко случување во областа на архитектурата во нашата земја. БИМАС е значаен фестивал на архитектурата што ги обединува професионалците и љубителите на архитектурата ...

Концептот на „15-минутен град“ во последните години стана една од највлијателните идеи во современото урбанистичко планирање. Иако звучи едноставно, неговата суштина претставува длабока промена во начинот на кој се проектираат градовите, се вреднуваат недвижностите и се разбира квалитетот на урбаното живеење. Идејата, најчесто поврзувана со урбанистот Карлос Морено, подразбира дека жителите треба да можат да ги задоволат најважните ...

Во срцето на Европа, на сцената на престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, Националниот џез оркестар ја изведе концертната програма „Macedonian Dreams“, претставувајќи уникатен музички спој на македонската традиција и современиот џез израз. Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ја поведе публиката низ музичко патување инспирирано од богатото македонско музичко наследство, преобликувано во современ џез јазик. ...

Во срцето на Тоскана, во малото место Леџо, во општината Реџело, недалеку од Фиренца, се наоѓа едно од најнеобичните архитектонски дела во Европа, Замокот Самецано. На прв поглед, тој не изгледа како класичен европски замок. Наместо строга ренесансна симетрија и камена суровост, тука доминираат боја, орнамент и речиси хипнотичка декоративност што ја претвора архитектурата во визуелна фантазија. Архитектура како текстил: ѕидови што изгледаат ...

Канал 103 е култното независно и алтернативно радио во Скопје, препознатливо по својот некомерцијален пристап и промовирање на авангардна музика и независна култура. Радиото традиционално се емитува на 103.0 FM во Скопје. По долг период на онлајн емитување, станицата се врати во етерот минатата година. Зоран Иванов, како искусен новинар и уредник во Македонското радио (Радио Скопје), тој одигра клучна улога во воспоставувањето на оваа станица ...

Во неделата кога го одбележувавме 5. Мај – Денот на македонскиот јазик, ден што нè потсетува на значењето на јазикот како темел на нашиот културен и национален идентитет, македонскиот Културно-информативен центар во Загреб беше дел од повеќе активности кои придонесуваат за афирмација, негување и промоција на македонскиот јазик.         Во рамки на активностите вчера во македонскиот КИЦ во Загреб Маријана Јанчевска – Угарковиќ одржа предавање, ...

Францускиот институт во Скопје организира ново и проширено издание на „Изложба и уметничка средба”, насловено „Вкрстени погледи: културно наследство и современа уметност”, коешто ќе се одржи во вторник, 12 мај 2026 година, во 19:00 часот, во Францускиот институт во Скопје. Настанот ќе го отвори Н.Е. Г. Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција. Вечерта е посветена на дијалог помеѓу францускиот сликар Клеман Бедел и македонските уметници ...

Музејот на Македонија организира работилници наменети за пензионери во кои ќе се моделира со глина. Работилниците ќе се одржуваат секој вторник од 10 часот. Бројот на учесници е ограничен на 15 лица. Од Музејот велат дека тоа ќе биде можност за убаво поминато време, разговор, игра и креативно изразување. Учесниците ќе имаат можност да моделираат и да бојат глина и глинени садови и да играат домино со музејски предмети. – Овие активности ...

Уметницата Марија Павловска ќе биде дел од 61. Венециско биенале, со своето дело Building XL – Linguaggi. Таа ќе учествува на осмата изложба за современа уметност „Лични структури – Спојувања“, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември, а ја организира Европскиот културен центар во Палацо Мора. Павловска ќе биде меѓу 175 етаблирани уметници и нови гласови од повеќе од 40 земји. Изложените дела ги предизвикуваат традиционалните граници и рамки, ...

Гледање со срцето – Билјана Гарванлиева (1973 – 2016) Ретроспектива со гости „Филмската авторка од Скопје беше една од најпроникливите културни медијатори меѓу Балканот и Централна Европа. За својата прецизна и емотивна опсервација, како и за својата аналитичка острина, Гарванлиева освои многубројни меѓународни филмски награди меѓу кои и Германска награда за краток филм (2007) и Наградата за најдобар документарец „Срцето на Сараево“ (2010). ...

Големата книжевна акција „Априлско разлистување“ на „Матица македонска“, која поради огромниот интерес и по барање на читателите беше продолжена до 10 мај, влегува во завршните три дена. До недела, љубителите на книгата имаат уште една можност да изберат наслови од богатата продукција на „Матица“, достапни со големи попусти. Во акцијата се вклучени повеќе од 300 наслови: странска белетристика, дела од македонски автори, преводи од светската ...

Во петок, 08 мај 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во кино-салата на Железничката станица (ул. Борка Талевски 26, Скопје), ќе се одржи филмска проекција и дискусија посветена на кооперативното домување и алтернативните начини на заедничко живеење. Настанот е дел од платформата city as a stage | градот како сцена организирана од FRU [AKTO]. Филмот Living Together: The Story of De Warren следи група млади луѓе кои во Амстердам основаат ...

Во Македонскиот КИЦ во Белград, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Куварице мање збори“ од Јана Јакимовска. Пред белградската публика, за Јакимовска и за изложбата ќе зборува директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров. Со проектот „Куварице мање збори“, Јана Јакимовска ја поставува жената како субјект што ја везе историјата, прашањата и критиките, истовремено вплеткувајќи ги традицијата и дигиталноста, интимното и политичкото, ...

„Ријека или смрт!“ („Fiume o morte!“) од хрватскиот автор Игор Безиновиќ е првиот добитник на новата меѓународна награда Гран при за најдобар документарец на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ. Наградата му беше врачена на авторот на вчерашното отворањето на 23. Издание на фестивалот „Милениумски документарци против гравитацијата (МДАГ)“ (Millennium Docs Against Gravity) во Варшава, Полска. Ова признание му оддава почит ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.9
66%
1007
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
3.13
80%
1008
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
61%
1008
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.06
67%
1007
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
82%
1006
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
56%
1003
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1007
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1007
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
65%
1006
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
56%
1007
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
8.23
59%
1006
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Цинк

0.00

Паладиум

47776.01

Злато

151086.58

Калај

55.66

Алуминиум

3.61

Платина

68063.13

Иридиум

253540.09

Сребро

2786.34

Бакар

13.33

Кобалт

45.39

Родиум

320703.70

Рутениум

51376.89