Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Преку богат музејски материјал што содржи фотографии, документи, лични предмети, но и досието водено од Управата за државна безбедност на Социјалистичка Република Македонија, изложбата го документира животниот пат на македонскиот интелектуалец кој оставил силен белег врз политичките и економско-социјалните прилики во периодот на создавањето на македонската држава. Експозицијата опфаќа повеќе аспекти од активизмот на Лазар Соколов, како доктор ...
Книгата на Влахов-Мицов е составена од три целини, „Македонски духовни оази во време на ропство и окупации“, „Светски дострели во македонски дух“ и „Предупредувања за иднината“. Во првиот дел на „Македонски литературни оази се претставени творечките профили на Ѓоргија Пулевски, Крсте Мисирков, Никола Вапцаров и Кочо Рацин. „На фонот на македонските книжевници во вториот дел на XIX век, Ѓоргија Пулевски е неповторлива појава. Како што ...
На сцената на Београдско драмско позориште, на 14 март се случи праизведбата на новиот текст на Дејан Дуковски, „Црно злато“, во режија на Оливер Фрљиќ. Огромен интерес покажа белградската публика за да ја види новата претстава. Ви ја пренесуваме рецензијата што ја објави НИН, а нејзин автор е Бојан Муњин. Премиерата на претставата се чекаше година дена, праизведбата на текстот на Дејан Дуковски. Што се однесува до Оливер Фрљиќ, некако таа ...
Идејата што еднаш се покажа како полн погодок – очигледно заслужува и второ поглавје. Овој пат повторно зад приказната стои Кате Брезева од групата Соната, која заедно со бендот реши да нурне уште подлабоко во богатството на македонската музика. Како што пишува Балкан Мјузик телевизија, станува збор за музички проект кој не е само „уште еден сет кавери“, туку вистинско музичко патување низ времето – од златните ретро години па сè до поновите ...
„Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ од Звонко Димоски неодамна излезе во издание на „Полица“ од Скопје. Станува збор за ракопис во форма на документарно-поетски циклус, кој комбинира елементи на патопис, репортажа и лирика. Делото е структурирано како поетска мапа на Андалузија, која во делото се чита како мит, носталгија, сегашност и чувство. Текстот се движи меѓу есејот и песната, меѓу документот и визијата, при што авторот се ...
Анекe Брасинга е родена на 20 август 1948 година во Шарсберген. Кога имала една година, нејзините родители се преселиле во блискиот Арнхем. Шестчленото семејство живеело скромно. Како дете, Анекe сакала да стане биолог и многу пешачела низ шумите на Гелдерланд. Од 1967 година живее во Амстердам, но исто така сака да престојува и во (дивата) природа. Патувала во Индија, Исланд, Ирска и Шкотска. Од 1967 до 1972 година, Брасинга студирала ...
Годинашното доделување на Оскарите привлече 17,86 милиони гледачи на „Еј-би-си“ и „Хулу“, што е намалување од 9 проценти во однос на минатогодишните 19,7 милиони. Ова ја направи овогодинашната церемонија најмалку гледан телевизиски пренос на доделување на наградите „Оскар“ од 2022 година. Телевизискиот пренос имаше просечна оценка од 3,92 кај возрасните на возраст од 18 до 49 години, што е намалување од минатогодишните 4,54, но зголемување ...
Љубителите на филмови го избраа најтажниот филм на сите времиња, а победник, со голема предност пред конкуренцијата, е блокбастерот „Титаник“ (Titanic). Во анкета спроведена меѓу 2.ooo гледачи, филмот на Џејмс Камерон од 1997 година ги надмина класиците како „Бележникот“ (Note book) и „Дух“ (Ghost). Истражувањето, што го нарачана телевизискиот канал „Грејт романс“, покажа дека дури 41 отсто од испитаниците плачеле со трагичната љубовна ...
Најголемиот книжевен настан во земјава и оваа година ќе го претвори Скопје во централно место за љубителите на литературата. Саемот на книгата оваа година ќе се одржи под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, истакнувајќи ја моќта на книгите да нѐ однесат во авантури кои не сме можеле ниту да ги замислиме. Во периодот од 23 до 29 април, арената „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на читатели и љубители на книги, но и автори, културни ...
На 26 март со почеток во 19:30 часот, во Национална опера и балет ќе се одржи концертот „Австриска вечер на камерна музика“, настан кој ја слави богатата музичка традиција на Австрија. Концертот е посветен на делата на тројца великани на виенската класична школа – Волфганг Амадеус Моцарт, Јозеф Хајдн и Франц Шуберт. Публиката ќе има можност да слушне внимателно избрана програма со акцент на камерната музика, каде доминираат гудачките ...
Узбекистан ќе отвори нов Центар за современа уметност во историска поранешна дизел-електрана. Во првата сезона на изложбениот простор ќе учествуваат меѓународни уметници, придружен проект на Венециското биенале и културни фестивали низ целиот град. Првиот постојан Центар за современа уметност во Ташкент ја означува трансформацијата на поранешна индустриска електрана во нова културна институција за Узбекистан и поширокиот регион. Изградена во ...
На 10-ти март, на Санктпетербуршкиот државен универзитет за воздухопловна инструментација (SUAI) се одржа 4-тиот Меѓународен јавен и научен форум „Балкански дијалог 2026: Црна Гора – Русија“. Настанот беше посветен на споменот на извонредниот црногорски државник и црковна личност, митрополитот Василије Петровиќ Његош, чие последно почивалиште е во Санкт Петербург. Санктпетербуршкиот државен универзитет за воздухопловна инструментација и ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ остро реагираше на обвинувањата за антисемитизам упатени од страна на израелскиот министер за надворешни работи, оценувајќи ги како неосновани и навредливи. Во својата изјава, Милановиќ употреби жестока реторика, нарекувајќи ги критичарите „пробисвети, убиствени манијаци и опасни типови кои мислат дека им е сè дозволено“. Тој додаде дека, според него, станува збор за луѓе кои „убиваат, газат и палат без ...
Средба насочена кон продлабочување на соработката меѓу Македонија и Народна Република Кина одржа Дарко Тодоровски, кој на социјалните мрежи информираше за разговорите со претставници на кинеските институции. Во фокусот на средбата биле унапредување на партнерството, меѓусебното учење и заедничкиот развој, како дел од пошироките напори за зајакнување на билатералните односи. Со господинот Чен Рунјун, потпретседател на Академијата за ...
Во време кога дигиталниот простор е преплавен со површна содржина, а фитнесот сè почесто се сведува на естетика и брзи резултати, ретки се гласовите што нудат суштина, контекст и вистинска вредност. Токму таму се позиционира подкастот „Бајкерот и Кросфитерот“, како автентична платформа што не се обидува да му угоди на алгоритмот, туку на сопствените убедувања. Зад него стојат Жарко Батиќ и Томе Попчевалиев, двајца спортисти со сериозно ...
„Јуниверзал“ потврди дека ќе снима биографски филм за „Бон Џови“. Филмот ќе се фокусира на раните години на рок-бендот, следејќи го неговиот подем од скромните почетоци во Њу Џерси до распродадените стадиони во 1980-тите. Филмот ќе го продуцираат Кевин Џ. Волш („Manchester By the Sea“, „House of Gucci“) и Готам Чопра, кој го режираше документарецот од четири дела „Thank You, Goodnight: The Bon Jovi Story“ од 2024 година. Засега нема ...
Кинеската компанија за играчки „Поп Март“ и „Сони“ објавија дека популарните кукли лабубу наскоро ќе добијат свој игран филм. Филмот „Лабубу“, кој ќе комбинира глума и компјутерски генерирана анимација, е во рана фаза на развој, соопштија двете компании. Филмот ќе го режира Пол Кинг, кој, меѓу другото, ги сними „Вонка“ и „Падингтон“. Не е познат датумот на излегување. Куклите лабубу станаа глобална сензација во последните години, а продажбата ...
Концертна промоција на новиот албум „Еден свет“ на „Конкеринг лајон“ ќе се одржи на 21 март во клубот „Јавна соба“ во Скопје од 21 часот. „Конкеринг лајон“ е даб/реге/кросовер состав од Тетово, формиран во 2007. Првиот албум „I“ го објави во 2009, по што следуваa „Know Your Wisdom“ (2011) и „Revelation“ (2013), со кои се наметнa како еден од поактивните реге бендови во регионот. Во текот на годините настапи во повеќе европски земји на иста ...
Американскиот актер Николас Брендон, најпознат по улогата на Ксандер Харис во популарната серија „Buffy the Vampire Slayer“, починал на 54-годишна возраст. Веста дека актерот починал беше потврдена во соопштение од неговото семејство објавено на Инстаграм. „Со скршено срце ја споделуваме веста за смртта на нашиот брат и син, Николас Брендон. Почина во сон од природна смрт“, соопштило семејството, додавајќи дека повеќето луѓе го познаваат по ...
Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2026 година. Меѓу нив се и три драми на македонски јазик: „Џинови и џуџиња“ од Владимир Јанковски, „Кој сум јас“ од Митко Чешларов и „104“ од Драгана Лукан Николоски. Во конкуренција на 1.430 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и осум текстови напишани на македонски јазик. ...
Кавадарци, 19 март 2026 (МИА) - Во градската библиотека „Феткин“ во Кавадарци, синоќа беше промовирана збирката раскази „Облогот“ од Станка Бајлозова Барламова. Книгата е во издание на издавачкиот центар „ТРИ“, а за нејзините книжевни вредности и пораки говореше професор Весна Мојсова Чепишевска, која беше промотор на ова дело. Таа, меѓу другото, подвлече дека ова се приказни кои без проблем ги минуваат границите на македонскиот јазик и кои ...
Гевгелија, 19 март 2026 (МИА) - Во организација на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, на 26 март ќе се промовира последното издание на филмскиот критичар Влатко Галевски, „Калиграфи на филмското писмо“. Настанот е закажан во 19 часот во хотелот „Аполонија“, а промотор на изданието е проф. д-р Александар Прокопиев. Изданието на Галевски прикажува иновативен филмолошки концепт во толкувањето на делата на дванаесет мајстори на филмот меѓу ...
Ви го споделуваме посланието што во чест на 21 Март, Светскиот ден на поезијата, го упати авторот Жарко Кујунџиски, од името на Македонскиот П.Е.Н центар. Настанот беше во Македонската академија на науките и уметностите. Пишува: Жарко Кујунџиски Дали е случајно што на осумдесетиот ден од годината, кога календарот ја отвора или штотуку ја отворил вратата на пролетта, го одбележуваме и Светскиот ден на поезијата? Можеби се тие аверс и реверс на ...
По повод празникот Фитр Бајрам, муфтијата Х. Амит еф. Расими упати честитка до верниците, во која посака мир, здравје и благосостојба. Во продолжение интегралниот текст од честитката: Во името на Аллах, Милостивиот, Семилосниот قَدْ اَفْلَحَ مَنْ تَزَكّٰىۙ وَذَكَرَ اسْمَ رَبِّهٖ فَصَلّٰى„Успеа оној кој се очисти, го спомнува името на својот Господар и намаз извршува.“ (Ел-А‘ла, 14-15) Почитувани верници, браќа и сестри, Со срца исполнети со ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 325, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (20-22.3.2026), во формат на четири страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со сликарот Свето Манев за циклусот „Човек, средство, цел“: Уметноста ми овозможува да останам во дијалог со светот – современата австриска уметност во Чифте амам е претставена со дела инспирирани од природата, животот и просторот – во објектот ...
Театарот за деца и младинци – Скопје на 13 март премиерно ја изведе претставата „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ од Хрватска, работена според мотиви од истоимениот роман на Карл Брукнер. Претставата е инспирирана од вистинската приказна за Садако Сасаки – девојчето од Хирошима кое, по трагичните последици од атомската бомба, стана светски симбол на мирот, надежта и волјата за живот. Низ емотивна приказна, ...
Регионалниот музички фестивал „Бисер Јадрана 2026“ официјално го отвори конкурсот за нови авторски композиции во категориите поп, забавна и медитеранска музика, нудејќи можност за нови хитови и голема сцена за изведувачите од целиот регион. Конкурсот е отворен од 24-ти февруари до 24 мај 2026 година, а авторите и изведувачите треба да испратат демо верзија (mp3 формат) од својата песна, при што композициите мора да бидат целосно нови – ...
Замислете ноќ исполнета со елеганција, мир и врвна уметност. Моцарт, Хајдн и Шуберт се композитори чие творештво не старее, туку од година в година се продлабочува и ја зголемува својата вредност, велат од Национална опера и балет. Во секојдневието исполнето со обврски, стрес и брзо темпо на живот, ретко си дозволуваме момент за себе. Момент во кој ќе застанеме, ќе здивнеме и ќе почувствуваме нешто вистинско. И, токму тука најчесто губиме, ...
Агенцијата за филм на РСМ и Бирото за развој на образованието потпишаа Меморандум за соработка со кој започнува партнерство насочено кон унапредување на наставата преку филмската уметност. Преку оваа соработка, филмот ќе се користи како едукативна алатка што ќе поттикне креативно и критичко размислување кај учениците, а наставниците ќе добијат нови ресурси и поддршка за работа. Чекор поблиску до современо и инспиративно образование. ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва беше отворена самостојна изложба на скулпторот Ангел Коруновски насловена „Лица“ во која се неговите видувања на незабележителните лица на глобализацијата – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот свет. Во изложените дела Коруновски преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, го визуелизира човечкото присуство што ...