Пред две години ја отворивме групата Графит.мк со едноставна, но амбициозна идеја: да ги документираме, архивираме и споделиме графитите од Скопје и Македонија. Она што на почетокот изгледаше како мала архива за љубителите на уличната култура, денес веќе е нешто многу поголемо: неформална база на податоци, визуелен дневник на градот и сведоштво за една сцена што со децении постои, а ретко кој систематски ја бележел. Групата ја водат Бранко ...

На 23 март во галеријата на уметничкиот центар „Илиос“, една од позначајните во Солун, беше отворена самостојната изложба на Владо Ѓорески, ликовен уметник од Битола. Претставени се над дваесетина дела во голем формат, работени во специфична авторска техника. Изложбата со наслов „Апокопалипсис“ ја организираше ликовниот уметник од Солун – Јанис Проиос. Јавноста и публиката, изложбата најафирмативно ја прифати, оценувајќи ја како еден од ...

По Хаас и Рејсинг Булс, и екипата на Мерцедес реши да ги изненади навивачите со специјален изглед на своите болиди за претстојната трка за Големата награда на Јапонија. „Сребрените стрели“ денес го претставија новиот дизајн на моделот „W17“, кој овојпат е инспириран од моќниот симбол на волкот. Под слоганот „Ослободете го ѕверот“ (Unleashing the beast), болидите на Џорџ Расел и младиот Кими Антонели ќе бидат украсени со впечатливи мотиви на ...

„Нетфликс“ планира светска турнеја за „К-поп ловци на демони“, со цел да го искористи успехот на својот најпопуларен филм, објави „Блумберг њуз“. „К поп ловци на демони“ освои Оскар за најдобар анимиран филм, заокружувајќи го големиот успех откако стана најгледаниот филм на „Нетфликс“ по излегувањето во 2025. Песната од филмот „Златна“ (Golden) освои Оскар за најдобра оригинална песна. Според изворот на „Блумберг“, „Нетфликс“ преговара со ...

Во 23 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви : 14,15,16,20,22,30,31. Добивка со седум погодоци немаше а имаше една шестка вредна 663.237,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува : 10.000.000денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е:4,7,3,8,7,1. На џокерот добивки со шест погодоци немаше а имаше една добивка со пет погодоци. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува ...

Програмата опфаќа повеќе книжевни промоции, често во комбинација со театарски или музички изведби. Во книжарницата „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, ќе се одржат промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, филмска проекција и донаторски настан, со што фестивалот повторно ќе понуди динамична и разновидна културна програма за пошироката публика Со креативна фузија на повеќе области на културата, фестивалот за литература и општа ...

Авалон продукција ги најави специјалните гости на BEST OF концертот на „Мизар“, закажан на 3 април во Македонска филхармонија! Како специјални гости на концертот ќе се придружат: македонскиот византиски хор „Хармониси“, како и Тања Тас и Тања Царовска. Влезниците за концертот се пред распродавање, па ве советуваме да бидете брзи и одовде да се упатите кон avalonbooking.mk или karti.com.mk. Под мотото „Најдоброто од Македонија”, на концертот ...

Откако ги претстави видеата за песните „Nada“ и „Ako me ostaviš“, Влатко Стефановски носи нова инструментална интерпретација на безвременскиот класик, „Ostala si uvijek ista“. Ова е уште една преработка од неговиот албум „Guitar sings“, кој го слави богатото музичко наследство на Ѓорѓе Новковиќ. Композициите се снимени во придружба на престижниот Кралски филхармониски оркестар, под диригентската палка на наградуваниот диригент Стив Сидвел. ...

„Оваа недела не е во ред да пееме“: Владо Георгиев го помести својот концерт во Скопје за 24-ти април Владо Георгиев својот концерт во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје закажан за 20 март (петок), го помести и го презакажа во нов термин, за 24-ти април. До поместување на концертот дојде заради, како што самиот Владо вели, „пропуст на неговиот организационен тим“ кој не бил информиран дека во седмицата кога требаше скопскиот концерт да се одржи се ...

Најпопуларната регионална поп-ѕвезда, Марија Шерифовиќ, отвора ново и посебно поглавје во својата кариера со објавувањето на својот прв албум со детски песни „Срцике“. Овој албум, кој носи радост, топлина и квалитетна музика за најмладите, беше свечено претставен на Меѓународниот ден на среќата, 20 март. „Срцике“ носи шест внимателно дизајнирани песни, секоја од нив создадена со една цел – да им овозможат на децата од најрана возраст средба ...

Македонската ТВ серија „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи од 29 март го започнува своето емитување на Алфа телевизија. Под истото име минатата година низ македонските кина се прикажуваше и филм, кој во текот на снимањето прерасна во серија. За дејствието кое е инспирирано од контроверзните настани од 27 април и македонските прашања како вечна инспирација на Бојаџи разговаравме со режисерот во пресрет на телевизиското емитување на неговиот ...

Претставата „Кој сум јас“ на Митко Чешларов, а во режија на Наташа Поплавска, ќе ја има својата премиера в петок на 27 март, во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Со оваа претстава, театарот ќе го одбележи 27 Март, Светскиот ден на театарот, како и својот 14-ти роденден. „Кој сум јас“ е 55. премиера на Театар Комедија, а првата премиера беше во 2012 година. Во претставата играат: Благој Веселинов, Жаклина Стевковска, Жаклина Петровска, ...

Телевизиската мрежа Paramount официјално донесе одлука да не ја продолжи серијата Star Trek: Starfleet Academy за трета сезона. Иако проектот првично беше најавен како големо освежување на франшизата кое ќе се фокусира на новата генерација кадети, серијата не успеа да ја задржи публиката и бележеше континуиран пад на гледаноста уште од почетокот на емитувањето. Според информациите објавени од Variety, одлуката за прекинување на продукцијата ...

Поп-пејачката Тамара Волческа ја промовираше новата песна „Не бројам до 3“. „Новата песна носи женска енергија, софистициран стил и доза на мистерија што ја интригира јавноста. Секој кадар во спотот е внимателно осмислен, а целата приказна визуелно изгледа како музички филм, а не само како уште еден спот“, вели пејачката. спотот На фестивалот Макфест лани, таа настапи со песната „Ведро“, за која рече дека им ја посветила на внуците. ...

Утре, среда се навршуваат 166 години откако на 25 март 1860 година, Григор С. Прличев со поемата „Сердарот“, ја освои првата награда на традиционалниот книжевен конкурс во Атина и е наречен „Втор Хомер“. По тој повод НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе го спроведе проектот „Калдрмата шепоти за Прличев“. Во него се вклучени 10 ученци од неколку паралелки од шесто одделение од општинското основно училиште што го носи името на поетот и ...

На 31.03 во КИЦ Офицерскиот дом Битола, ќе биде одржан концертот Мозаик на хрватската мандолина во изведба на гостите од Загреб, Хрватска, Мандолинскиот оркестар ХГМД „Слога“, под диригентска палка на Максимилијан Бориќ, а во соработка со Хрватскиот културен центар МХД „Марко Марулиќ“ Битола. Младинскиот мандолински оркестар на Хрватското графичко музичко друштво „Слога“ основан е во 2022 година. Го сочинуваат ученици кои свират на мандолина ...

Јас сум актер, првенствено познат како филмски актер. Но моите почетоци се длабоко вкоренети во театарот. Бев член на The Wooster Group од 1977 до 2003 година, создавајќи и изведувајќи оригинални претстави во The Performing Garage во New York City, како и со настапи на турнеи ширум светот. Исто така сум соработувал со Ричард Форман/Richard Foreman, Роберт Вилсон/Robert Wilson и Ромео Кастелучи/Romeo Castellucci. Денес сум уметнички директор ...

Светскиот ден на театарот, Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе го одбележи со изведба на претставата „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” од Театар ,,Златен Елец”, на 27 март/ петок/ од 11.30 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“. Во претстваата играат: Хари- Бобан Алексоски Хермиона, Валдена- Надица Петрова Визли, Гринимор- Бранко Михајлоски Волдеморд- Тодор Стојковски – (глас) Професорката Меконакен- Ванеса Тримчевска – (глас) Претставата говори за ...

Дизни објави трејлер за играниот филм „Моана“ во кој се појавуваат Кетрин Лага’аја како Моана, Двејн Џонсон како Мауи, а вниманието го привлече неговата перика, која на интернет беше опишана како вознемирувачка. Трејлерот ја прикажува авантурата на Моана додека таа тргнува на патување преку океанот за да го спаси својот народ. По патот, ѝ се придружува Мауи, харизматичен и моќен полубог кој повторно го толкува Џонсон. Филмот носи познати ...

На 25 март, со почеток во 20 часот во Културно-социјалниот простор ЦЕНТАР–ЈАДРО ќе биде отворена самостојна изложба на Моника Десоска „Моменти низ времето“. Изложбата може да се посети од 25 март до 2 април, секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот Моника Десоска и се претставува на ликовната публика со серија на дела од циклусот „Моменти низ времето”. Нејзината животна ретроспектива, несебично ја споделува преку свое самооткривање. ...

На 11.11.2025 (вторник), во 19 ч, во Чифте амам при Националната Галерија на Македонија ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на тетовскиот Државен универзитет, Сафет Спахиу, со наслов „Пурпурна имагинација“. Ќе бидат изложени педесет дела од овој негов последен циклус на слики изработени во комбинирана техника. Изложбата ќе ја отвори директорот на Национална Галерија на Македонија, Али Синани. Кустос на ...

Робин (Мери-Луис Паркер) е агент за недвижности која боледува од СИДА и бара придружник со кого да оди во Калифорнија. Џејн (Вупи Голдберг), невработена пејачка во ноќен клуб, се упатува кон Западниот брег на Америка и бара возач. Во Питсбург, Робин ја посетува својата бремена пријателка Холи (Дру Баримур), која бега од насилно момче и станува нивна нова придружничка. Трите нови пријателки решаваат да започнат нов живот на другата страна од ...

Филмот го следи Викиликс од неговите рани денови до самиот крај низ очите на Даниел Домшајт-Берг. Преку очите на Даниел Домшајт-Берг (Даниел Брул), раниот поддржувач и последен колега на Џулијан Асанж (Бенедикт Камбербач), филмот го следи Викиликс од неговите рани денови до самиот крај, по серијата контроверзни објавувања на податоци кои ја сменија историјата. Веб-страницата стана успех преку ноќ и им донесе слава на своите главни архитекти, ...

17 часа - МРТ

Изнајмената атентаторка Електра (Џенифер Гарнер) работи за мистериозна меѓународна организација позната како „Раката“, за која ги убива своите цели без прашање, и тоа во впечатлив црвен корсет. Кога „Раката“ ја замолува да ги убие Марк Милер (Горан Вишњиќ) и неговата ќерка, Аби (Кирстен Праут), додека се на одмор, совеста на Електра се вклучува и таа одлучува да ги заштити своите цели, наместо да ги елиминира. Секако, „Раката“ не е толку ...

17 часа - МРТ

Додека неговите попопуларни колеги лудо се забавуваат прославувајќи ја нивната последна година во средно училиште, почесниот ученик Метју Кидман (Е. Хирш) сè сфаќа исклучително сериозно и одговорно, на задоволство на неговата горда мајка (Д. Булок) и татко (Т. Ботомс). Со одлични оценки и престижниот факултет на кој штотуку е примен, неговата цел е да стане успешен политичар. Но, една вечер, неговата нова соседка Даниел (Е. Катберт) го ...

По повод Светскиот ден на поезијата, ве покануваме на вечер каде што јазиците градат мост, а не бариера, велат од ЕУ хаус-Скопје. „Меѓу два стиха – Ndërmjet dy vargjeve” – симбиоза помеѓу македонскиот и албанскиот јазик, препев и споделено значење. Повелете на вечер дизајнирана како поетски разговор, каде што секоја песна се слуша во нејзината оригинална форма, а потоа се ревитализира преку препев – дозволувајќи моќта на зборовите да ...

Во сабота (28.03) од 12 часот до 16 часот во просториите на Факултетот за драмски уметности, нашите колеги од филмска режија организираат отворен кастинг за испитни кратки филмови. Кастингот е отворен за сите заинтересирани, без разлика на претходно актерско искуство, информираат од Академска сцена. Ги покануваме сите љубители на филмот да се пријават и да станат дел од нови авторски приказни! Кастингот ќе се состои од: – кратко претставување ...

СОНУВАЧКИ Sanjalice / The Dreamers Владимир Петровиќ / Србија / 2025 / 69 мин Еден од првите женски рок бендови во светот е основан во Белград, главниот град на Титова комунистичка Југославија, во 1960-тите. Тинејџерките Дода, две Лјилјани и Нена како ВИС Сањалице, соочувајќи се со сложените општествени околности и предрасудите од „чуварите на јавниот морал“ за наводно ширење на духот на бунтот, ја освоија музичката сцена, рамо до рамо со ...

Повеќе од 50 уметници вечерва и утревечер ќе настапат на сцената на Македонскиот народен театар во новото издание на „Глумците пеат“. Оваа година програмата е посветена на македонската музика — песни што публиката добро ги знае, но ќе ги слушне поинаку. Форматот го става актерот во поинаква улога, каде музиката станува личен израз, а препознатливите композиции добиваат нов живот низ соло изведби, дуети и групни точки. Годинава првпат дел од ...

В среда, 25 март во бистрото „Комедија“ во Скопје ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“ („Бегемот“, 2025) од Ѕвездан Георгиевски. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска, а за музиката ќе се погрижи Костадин Шурбановски. Ѕвездан Георгиевски (1961) е автор на седум книги (публицистика, романи, раскази) и на дестина преводи. Уредил ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
72%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
58%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.3
81%
1014
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
1.03
68%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1007
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
70%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
43%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 7ᴼ
1.34
58%
1013
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 0ᴼ
1.03
54%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
80%
1009
Currency

61.6417

Currency

53.1915

Currency

71.2324

Currency

36.9682

Currency

38.6869

Currency

67.3099

Currency

7.73117

Currency

0.65765

Currency

0.33472

Currency

0.5249

Currency

1.19947

Currency

0.56705

Калај

43.61

Кобалт

964.52

Иридиум

258288.78

Бакар

10.81

Платина

61343.62

Паладиум

45107.50

Цинк

3.04

Алуминиум

3.21

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Злато

141731.52

Родиум

340797.91