На сцената на Националната опера и балет на 13 мај (среда) во 20 часот ќе биде изведена една од најзначајните музички драми во оперската литература – „Риголето“ од Џузепе Верди, во рамките на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Диригент е Џанлука Мартиненги (Италија), режијата е на Пјер Франческо Маестрини (Италија), сценографијата ја потпишува Гилермо Нова (Шпанија), костимограф е Кристина Ачети (Италија), а ...
Со блескаво отворање, во саботата започнаа 54. Мајски оперски вечери, претворајќи ја сцената на Националната опера и балет во место каде што музиката, емоцијата и уметноста зборуваат со најсилен глас. Традиционалното палење на фестивалскиот оган годинава го направи нашата светски реномирана оперска дива Ана Дурловски, со многу емоции на сцената, со бурни аплаузи и со воодушевување од публиката. Годинашното отворање ќе остане запаметено ...
Со висок уметнички квалитет и спектакл, Македонската опера и балет (МОБ) свечено ги отвори 54. Мајски оперски вечери. На сцената беа поставени две едночинки од Џакомо Пучини: емотивната трагедија „Сестра Анџелика“ и сатиричната комедија „Џани Скики“. Публиката ги награди изведбите со долги аплаузи и овации. Како главни моменти на вечерта се истакнаа моќните вокални толкувања на Валентина Бои во „Сестра Анџелика“ и емотивната изведба на „O mio ...
За време на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, реалистична опера во три чина. Изведбата е закажана за 16 мај, со почеток во 20.00 часот. Делото, кое важи за ремек-дело и музичка драма во вистинска смисла на зборот, се карактеризира како „оперски трилер“ што се движи преку љубовта, страста, љубомората и политичките интриги. Монументално ...

