Новата сликовница „Среќен како Наи”, од авторката Ана Салџиева со илустрации на Томи Џуровски, неодамна излезе од печат во издание на „Либи”, дел од „Арс Ламина – публикации”. Станува збор за инклузивна сликовница, која нè води низ светот на едно дете родено со физичка разлика – limb difference – и ни покажува дека неговото секојдневие е полно со радост, игра и љубопитност, исто како кај секое друго дете. Преку топли и инспиративни сцени, ...

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денес и утре (10 и 11 октомври) ќе се одвива 15. издание на фестивалот „Здраво млади“. Првата вечер е именувана „Imagine Macedonia“ и е во соработка со „JM Macedonia“ (Музичка младина на Македонија). На главната фестивалска бина, во денсинг салата „25 мај“ во МКЦ, осум млади бендови од Македонија ќе имаат шанса да обезбедат свој настап на главната фестивалска вечер, т.е. наредниот ден на 11 ...

Сократ Лафазановски е роден на 11 септември 1939 година во село В’мбел, Костурско, Егејскиот дел на Македонија. За време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година на деветгодишна возраст, во 1948 година, со семејството пребегнал во Романија. Во Букурешт завршил училиште за применета уметност – сликарство и балетско училиште, а дипломирал ликовна уметност на Педагошката академија во Скопје. Покрај професионалната сликарска дејност, цели 14 ...

Вечерва е свеченото затворање на 34-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола од 20:00 часот во Офицерскиот дом во Битола. Рецитал на Џанлука Луизи – пијано, Италија На програмата се дела од: Ф. Шопен (1810-1849): Четири Балади Ф. Шопен: Скерцо бр. 2 oп. 31 Ф. Шопен: Валцер оп. 64 бр. 2 Ф. Шопен: Полонеза „Ероика“ оп. 53 New York Concert Review: „Свирењето на Луизи беше извонредно присутно. Тој е силен и ...

На 22 октомври, во 20 часот, на малата сцена во Македонскиот народен театар ќе биде одиграна јубилејна 50-тата изведба на монодрамата „Торонто експрес”, работена според мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот” од Зоран Спасов–Ѕоф и во режија на Јордан Симонов. Во претставата игра Александар Микиќ. По изведбата е предвиден коктел за публиката, заедно со екипата од претставата, музика и дружење. „Торонто експрес” е агенција за помош при емиграција ...

Галеријата „Остен“ од 19 до 28 септември во Струга го организира настанот „Остен арт Скопје – Остен Биенале на наградени автори 2025“, на кој учествуваат Роберт Дандаров, Мице Јанкуловски, Јорго Ксенос од Грција, Ристо Мијаковски, Данчо Ордев, Новица Трајковски и Симон Шемов. „Остен Биеналето на наградени автори“ е една од главните активности на Остен арт – институција од областа на културата за музејска и галериска дејност, која се одржува во ...

Студиото за јазици „Каста дива“ од Скопје доби Плакета на честа од кралот на Шпанија, од Редот за граѓански заслуги, за извонредниот труд вложен во наставата на шпански јазик во Македонија. Плакетата на приемот во Шпанската амбасада ја примија професорите по шпански јазик, Јасмина Никуљска, сопственичка на студиото, и директорот на студиото Ненад Велковски, а им ја додели шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортис. Во име на шпанскиот крал, ...

Студиото „Брејк А Лег“ како официјлен организатор на настанот, најавува спектакл со учество на над 3.500 натпреварувачи од најмалку 30 европски земји. Слоганот на самото првенство е – Место каде што елеганцијата се среќава со традицијата. „Нашата Македонија е простор каде убавината и традицијата живеат рамо до рамо. Од вековни манастири до величествени планини, од топлината на македонското гостопримство до ритамот на народниот танц — Македонија ...

10 понови филмови кои се покажаа како неочекувано добри Новиот филм на режисерот на Parasite, филмот снимен според видеоиграта Minecraft, но и неколку хорор-филмови кои го оживеаја жанрот. Кога реномиран режисер ќе најави нов филм, генерално се очекува да биде добар. И, во повеќето ситуации, очекувањата се исполнети. Но, има и филмови за кои апсолутно никој не очекува да бидат добри, за на крај да бидат навистина пријатно изненадување. 10 ...

Со Шопенова вечер која ќе ја приреди италијанскиот уметник и пијанист Џанлука Луизи, вечер во Битола завршува 34-то издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. Во периодот од 2 до 10 октомври на фестивалските сцени во Битола настапија уметници од Австрија, Италија, Швајцарија, Шпанија и Србија, кои заедно со македонските уметници изведоа концерти и музички рецитали. Годинешниот „Интерфест“ почна со изведба на едно од ...

Kнижарницата ТРИ во Градскиот трговски центар слави 20 години од своето отворање. По повод јубилејот, денешниот ден во книжарницата во ГТЦ ќе биде одбележан со подароци за секој читател што ќе си купи книга. Од ТРИ ги покануваат сите љубители на литературата да се вклучат во прославата и да го одбележат овој значаен ден заедно со оние кои ја даваат смислата на книжарницата етаблирајќи ја како споменар на читателски мигови, сведок на ...

На снимањето на најновата епизода од најгледаниот музички серијал во Македонија – „На Здравје“, кое вчера се одржа во живописното Македонско Село, ексклузивно и за прв пат во јавноста се појави новиот музички состав „Анета Бенд“. Овој нов бенд го носи препознатливиот печат на една од најмоќните и најценети женски вокали во Македонија – Анета Љумаковска, која моментално сè уште е под договор со популарниот Дакапо Бенд. Како што дознаваме, ...

Во сабота, на 11 октомври, од 11:00 до 13:00 часот, Градски парк – Школка ќе биде исполнет со детска смеа, игра и позитивна енергија. Таму ќе се одржи семејниот настан „Волшебен ден со ВИНКО и Винер Лајф“, наменет за најмладите и нивните семејства. Преку интерактивни активности, игри и анимации, децата ќе имаат можност да се забавуваат, да создадат нови пријателства и да уживаат во магично утро на отворено. Настанот е бесплатен и отворен за сите ...

Поетскиот свет на поетот Мирослав Трајковски низ три избрани песни Брзање Сон што се повторува секоја ноќ Утра во кои сè повеќе ми се спие И кои налагаат да се понесе чадор Со себе си. Помислувам дека некаде гледаш во небото И потем правиш сè за да му кажеш за нас. А јас? Јас брзам. За на работа За накај дома За доручек, ручек а и за вечерата ако сум гладен. Брзам толку долго а сè кратко се причинува Брзам да заспијам Брзам да се разбудам Брзам ...

Скопје беше меѓу европските метрополи кој со свечен концерт одбележа 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис кој ја обликуваше перцепцијата на меѓународната публика за грчката култура и стана светски славен. Концертот го организираше „Баги Комуникации“, а во соработка со Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Публиката од сите сфери на живеење и претставници на дипломатскиот кор, синоќа, во НОБ, аплаудираа, пееја, и ...

Во недела од 20 часот во Национална опера и балет, во рамките на годинашното фестивалско издание на Денови на македонска музика, на сцената ќе прозвучат новите композиции на младите автори и студенти по композиција Сара Сиљановска, Лука Јанкуловски, Бојан Димитровски, Никола Ѓорѓиев и Зоран Трајчески, изведени од нивните колеги – студентите по музика. Фестивалот „Денови на македонска музика“ е клучна платформа за развојот на новите генерации ...

Свесни сме дека подолго време културниот живот на младите не е на задоволително ниво. Сегашната ситуација е доста загрижувачка, особено затоа што знаеме дека може да има долгорочни последици. Јасно е дека се соочуваме со големи предизвици кога станува збор за подобрување на положбата на младите како креатори и потрошувачи на културни содржини. Проблемот е дотолку поголем кога знаеме дека денешната младина нема ниту навика, ниту желба да ...

Македонската музичка сцена има свои вистински бисери, а меѓу нив е и Ефто Пупиновски – пејач чиј глас и интерпретации веќе со децении се дел од нашата колективна меморија. На 10-ти октомври со почеток во 20.00 часот во Центар за култура – Битола, битолчани и сите љубители на македонската песна ќе имаат ретка можност да уживаат во неговиот голем солистички концерт во Центар за култура Битола, посветен на јубилејот 45 години од постоењето на ...

Британскиот бенд „Горилаз“ е првиот објавен изведувач на познатиот загрепски фестивал „INmusic“, објавија организаторите. „INmusic“ годинава слави 20 години, па најавата за првиот изведувач наиде на одличен прием кај публиката. Дваесеттото издание на најпопуларниот хрватски фестивал ќе се одржи од 22 до 24 јуни во Загреб, а сукцесивно ќе бидат објавувани и останатите изведувачи. „Горилаз“ е виртуелен британски бенд основан во 1998 година од ...

Венко Андоновски, еден од најистакнатите и најчитаните современи македонски писатели, на 4 октомври учествуваше на Шеснаесеттиот меѓународен поетски и книжевен фестивал во Истанбул, Турција, со излагање на тема„Чуму уште поезија“. Тркалезната маса се одвиваше во хотелот Пера Палас, од 1892, во кој Агата Кристи го пишувала неколку месеци „Убиство во Ориент Експрес“. До ден денес и лифтот од тоа време е во употреба! Ви го пренесуваме во целост ...

Во рамките на Меѓународната научна конференција посветена на Иво Андриќ, инаку 17. Симпозиум како дел од научно-истражувачкиот проект „Андриќ-Иницијативи: Иво Андриќ во европски контекст (https://www.gralis2.at/gralis/) под раководство на емеритус проф. д-р Бранко Тошовиќ, што се одржа во Мадрид од 2 до 5 октомври беше промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“. На Конференцијата учестуваа повеќе од 80 универзитетски ...

Унгарскиот писател Ласло Краснахоркаи е добитник на Нобеловата награда за книжевност за 2025 година, соопшти Шведската кралска академија на прес-конференција во Стокхолм. Тој е 121-ви лауреат на ова најпрестижно светско книжевно признание. Краснахоркаи е познат по своето експериментално и филозофско пишување, како и по романите како „Сатананго“ и „Вархамер Хармонијите“, кои го утврдија неговото место во современата европска литература. ...

Промоција на книгата „Rock N` Beat“ на Михајло Грбевски – Мишко, која содржи 50 интервјуа со македонски, балкански и светски музички имиња главно од рокенрол сцената, ќе се одржи оваа сабота (11 октомври) од 12 часот во клубот „Калинка“. Во книгата има интервјуа со Армен Сурмејан, Влатко Стефановски, Горан Трајковски, Кирил Џајковски, Петар Младеновски, Кирчо Арсовски, Душан Којиќ-Која, Давор Гобац, Милан Фрас (Laibach), Џони Ротен (Sex Pistoils ...

Во рамките на Меѓународната научна конференција посветена на Иво Андриќ, инаку 17. Симпозиум како дел од научно-истражувачкиот проект „Андриќ-Иницијативи: Иво Андриќ во европски контекст (https://www.gralis2.at/gralis/) под раководство на емеритус проф. д-р Бранко Тошовиќ, што се одржа во Мадрид од 2 до 5 октомври беше промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“. На Конференцијата учестуваа повеќе од 80 универзитетски ...

Легендарната норвешка актерка Лив Улман (86) е добитничка на наградата за животно дело од Европската филмска академија (ЕФА). Наградата, како што соопшти Академијата, е признание за нејзиниот извонреден опус како актерка, режисерка и сценаристка и за придонесот во филмот, а ќе ѝ биде врачена на 38. доделување на Европските филмски награди на 17 јануари 2026 во Берлин. Родена во Токио, Улман пораснала во Канада пред да се пресели во Норвешка со ...

На 10 октомври (петок) во 18.30 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп ќе биде отворена годишната изложба на ДЛУП за 2025 година. Изложбата е дел од програмата на Центарот за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам, и е дел од програмата по повод празнокот 11-ти Октомври. ( 10 дена ќе биде изложбата во галеријата). Годинава својата креативност ќе ја изразат 13 уметници, членови на ДЛУП, кои ...

Синоќа во Националната опера и балет се одржа свечен концерт по повод 100 години од раѓањето на грчкиот композитор Микис Теодоракис. На присутните на македонски јазик им се обрати амбасадорката на Грција во земјава, Софија Филипиду која им посака добредојде и посочи дека универзалноста на музиката на Теодоракис е она што и денес ја прави блиска и разбирлива за сите генерации. Таа носи порака што ги надминува границите и културните разлики и ги ...

Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста ја најавува есенската програма на Перформанс Платформа Фестивалот (ППф) 2025, кој ќе се одржува во октомври и ноември во Скопје. Второто издание на фестивалот продолжува со феминистички кураторски пристап, истражувајќи теми поврзани со репродукција, со-живеење и колективни иднини. Програмата вклучува перформанси, работилници и отворени сесии кои ги преиспитуваат телото, грижата и ...

Скопје и оваа есен ќе биде центар на современата музичка сцена, со одржувањето на „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“, од 16 до 18 октомври на сцените на „Јавна соба“ и на малата сцена во МНТ. Под мотото на промената, поврзана со бројот „14“ како симбол на трансформација, слобода и духовен раст, фестивалот носи програма која ја спојува урбаната култура, новите музички експерименти и автентичниот звук на домашните и меѓународни автори. Најголемо ...

Вчера, во Националната опера и балет во Скопје, беше одржан концерт по повод 100 години од раѓањето на Микис Теодоракис – еден од најголемите композитори на 20 век. Неговиот музички опус опфаќа многу симфонии, ораториуми и песни што станаа химни на отпорот и слободата, а меѓу широките маси е познат по музиката за филмовите „Зорба Гркот“ и „Серпико“. Паралелно со неговото уметничко творештво, Теодоракис остана запаметен и како симбол на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
78%
1018
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 8ᴼ
4.12
60%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.68
91%
1020
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
98%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
4.12
80%
1015
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1013
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.26
91%
1020
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
85%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
88%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793