Македонска „Пошта“ издаде нова поштенска марка за јубилејот 50 години од постоењето на Кинотеката на Македонија. Дизајнот е на Лазе Трипков. Директорот на Кинотеката Бошко Грујоски на промоцијата рече дека издавањето на поштенска марка за јубилејот претставува значаен културен настан и симболично признание за институцијата која веќе половина век има клучна улога во зачувувањето, истражувањето и промоцијата на македонското филмско наследство. ...
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Нова поштенска марка, изработена од авторот Лазе Трипков, ќе биде промовирана денеска во Кинотека на Македонија, по повод јубилејот - 50 години постоење на оваа институција. На настанот ќе се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, директорот на Поштенски сообраќај во АД Пошта, Бојан Кереместевски, како и раководителот на Архивот на Кинотеката, Игор Старделов. лв/нд/ фото: МИА архива Скопје, 8 април ...

