Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Гај Ричи, режисерот познат по лудите заплети, уште полудите ликови и надреални ситуации, повторно се најде на снимањето со една од најпопуларните акциони ѕвезди на денешницата – Џејсон Стејтам. Приказната го следи мистериозниот Х (Статам), чувар со злобен изглед кој работи за компанија за транспорт на пари во Лос Анџелес и е одговорен за транспорт на милиони долари низ градот. При грабежот на возилото за кое биле задолжени, неговите колеги се ...
Дом Коб е вешт крадец, апсолутно најдобар во опасната уметност на извлекување, крадејќи вредни тајни од длабочините на потсвеста за време на сонот, кога умот е најранлив. Ретката способност на Коб го направи посакуван играч во овој предавнички нов свет на корпоративна шпионажа, но исто така го направи меѓународен бегалец и го чинеше сè што некогаш сакал. Сега на Коб му се нуди шанса за искупување. Една последна работа би можела да му го врати ...
Берлин – Јапонија пристигна на годинешното Берлинале со девет филмови во селекција и ветерот зад себе – „Demon Slayer“ и „Chainsaw Man“ сè уште свежи во книгите со рекорди на бокс-офисот, почестите во Кан се на повидок. Но, на Јапонската ноќ во понеделник, разговорот не беше за минатите успеси или етаблираните автори. Стануваше збор за тоа кој и што следи. Домаќин на Амбасадата на Јапонија во Германија во соработка со Агенцијата за културни ...
Драги мои, во Македонија медиумската индустрија е мртва. Таа во суштина не постои. Тоа што го гледате е само прашина на небото, светлина на ѕвезди што исчезнале, ама до нас уште не стигнала таа информација затоа што, како и многу други, и оваа смрт патува бавно, пишува Јани Бојаџи за НОВА МАКЕДОНИЈА. Македонскиот телевизиски пазар ќе ја заврши 2025 година со околу 20 милиони евра бруто-приходи од маркетинг и адвертајзинг. До 31 март ќе го ...
Петтемина добитници на годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија на свеченост ги примија наградите што традиционално ги доделува писателската асоцијација. Со свеченоста што се одржа на 13 февруари, ДПМ одбележа 79 години постоење. Наградите ги примија: Оливера Ќорвезироска – награда „Стале Попов“ (за романот „Три Марии“, за најдобра прозна книга објавена во 2025 г.), Бранко Цветкоски – награда „Ацо Шопов“ (за стихозбирката ...
Книгата „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска, илустрирана од Наташа Андонова („Гаврош“, 2022) ќе биде дел од меѓународната изложба Turning the Page on Change – Children’s Books Inspiring Action for the Global Goals, која ќе се одржи во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Изложбата ќе се случи од 20 февруари до 13 март. Изложбата е дел од програмата на Bologna Children’s Book Fair и ги претставува насловите селектирани од категоријата ...
Јоана Сарафимовска е именувана за в.д. директор на Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово. Сарафимовска има повеќегодишно искуство во самата установа, каде е вработена како стручен соработник за драмска дејност. Назначена е кон крајот на минатата недела од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Таа доаѓа на местото на Сашо Тодоровски, кој два мандати ја извршуваше функцијата директор. Јоана ...
Францускиот институт во Скопје известува за првото издание на месечните „Кино средби” во Кинотека, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија. Овие кино средби започнуваат со проекцијата на „Романот за Џим“ (2024), од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, в четврток, 19 февруари 2026, 20:00 часот, Кинотека. Премиерно прикажан на Филмскиот ...
Хрватските поп-пејачи Нина Бадриќ и Тони Цетински ќе одржат заеднички концерт во Скопје на 28 ноември во салата „Борис Трајковски“, објави продукцијата „Прагма“. Цетински е еден од најпознатите хрватски кантавтори и повеќекратен добитник на наградата Порин. Го сними дуетот „Слатки звуци“ (Dolce Suono) со тенорот Хозе Карерас, што го промовираа на концерт во Загреб во 2007. Како гостин на Мајкл Болтон, тој настапи на концерти во лондонскиот ...
На 18 февруари (среда), со почеток во 19:00 часот, во просторот на Laboratorium ќе се одржи промоцијата на стрип-албумот „ЛОМ: Бунарот на бесконечната јанѕа“ од Ивица Дукоски и Владимир Благојевиќ, a во издание на Фликер Студио. Настанот е отворен за сите посетители, а стрипот ќе биде достапен по промотивна цена. „ЛОМ: Бунарот на бесконечната јанѕа“ е епска фантазија со доза на егзистенцијална паника, нежна иронија, и судбина што не прифаќа ...
Филмот „Motherwitch“/ „Мајка вештерка“ во режија на Минос Папас, копродукција меѓу Кипар, Македонија и САД ( Константинос Никифору, Минос Папас, Дарко Попов/ Caretta Films, Cyprian Films New York, Focus Pocus Films) беше прикажан во официјалната селекција на годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. Во филмот игра и Милтос Јеролему, британски актер со кипарско потекло, познат по улогата на Сирио Форел во „Игра на ...
Елена Бубало не припаѓа на онаа нова генерација фитнес-профили што се појавија преку ноќ. Нејзината приказна почнува многу порано – во реалниот живот, меѓу работа без работно време, три деца, готвење, тренинзи и секојдневни обврски. Заедно со сопругот Атанас Михајловски со години постепено го градеа она што денес се препознава како препознатлив пристап кон здравите навики: без екстреми, без казни и без идеализирање на „совршено тело“. Со неа ...
Британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ потврди на официјалниот инстаграм профил дека доаѓа во Македонија, но сѐ уште не е објавен точниот датум за концертот. „‘Дјуран Дјуран’ се враќа во Италија ова лето за три специјални настапи во живо. Наскоро ќе бидат објавени повеќе европски датуми, вклучувајќи настапи во Данска, Холандија, Чешка, Унгарија, Бугарија, Македонија, Србија и други“, стои во објавата на бендот на Инстаграм. Неколку часа потоа, ...
Најдобрите цитати на Саманта Џонс од „Сексот и градот“: 15 нејзини животни совети што секој треба да ги следи Објавена во: 17 Февруари, 2026 08:34 Додека ја гледавме оваа серија, сигурно не сме ја гледале Саманта Џонс како некој што дава добри животни совети, но таа имаше изјави низ сезоните што секој треба да ги слуша и да се води од нив. Таа имаше некои сомнителни совети, но и неколку одлични совети. 1.Ако нешто ви изгледа премногу ...
Омаж на проф. д-р Георги Сталев Поповски, во соорганизација со ИМЛ, ДПМ и Македонскиот ПЕН-центар, ќе се одржи денеска со почеток од 12 часот во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Како што информираа од Деканатот на Филолошкиот факултет, за наставната, научната, творечката и преведувачката дејност на Сталев Поповски ќе говорат проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Зоран Анчевски, проф. д-р Лорета ...
Денес, 17 февруари, го одбележуваме роденденот на Георги Шарески, македонски композитор, аранжер и гитарист, најдобро познат како лидер на Георги Шарески квартет и музичар во интернационалниот проект The Skopje Connection. Роден во Скопје во 1983 година, Шарески својата музичка кариера ја започнува во панк-составите Плав бојлер и Sidewalk. По завршувањето на студиите по џез композиција и аранжмани на престижниот Berklee College of Music во ...
Една од најмоќните љубовни приказни во светската книжевност повторно оживеа на големото платно. Оркански височини, филмската адаптација на безвременскиот роман, веќе се прикажува во 3D Кино Битола. Носиинтензивна емоција, драма и визуелна убавина. Сместен во суровиот и магнетичен пејзаж на јоркширските мочуришта, филмот ја раскажува страсната и разорна врска меѓу Хитклиф и Кетрин Ерншо. Љубов што ги надминува општествените норми, времето и ...
Еден од највпечатливите актери на својата генерација, Роберт Дувал остави неизбришлива трага во светската кинематографија. Со кариера долга повеќе од шест децении, тој маестрално толкуваше сложени, често контроверзни ликови. Ова се десет филмови по кои засекогаш ќе го паметиме: Овие филмови се само дел од богатото наследство на Роберт Дувал – актер чија тивка сила, харизма и длабочина го направија еден од најпочитуваните уметници во Холивуд. ...
Младиот актер и стенд ап комичар Стефан Николовски на својот инстаграм профил објави дека Синиша Евтимов повторно се враќа во велешки театар и тоа со нов “бенгер” наречен ТЕСТОСТЕРОН. После “Госпоѓа Министерка” во велешкиот театар и “12” во МНТ , фелата говори дека ова ќе биде следниот ХИТ на Евтимов. Во неа играат: Јордан Витанов Васил Зафирчев Стефан Николовски Фаик Мефаиловски Филип Христовски Жарко Спасовски Благојчо Стојанов Текстот е од ...
Филмот што го привлече вниманието на светската филмска сцена — номиниран за Златната палма и со светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Кан. Својата фестивалска успешна приказна ја заокружи на 32. Европски филмски фестивал во Палиќ, каде што ја освои наградата „Златна кула“ за најдобар филм во главната натпреварувачка програма. ДВАЈЦА ОБВИНИТЕЛИ Two Prosecutors Сергеј Лозница / Холандија, Франција, Германија / 2025 / 117 мин ...
Нашиот светски познат режисер Милчо Манчевски сподели интересна и симболичнa објава на социјалните мрежи, со која уште еднаш потврди дека влијанието на неговото творештво одамна ги надминува границите на филмската уметност. Италијанскиот новинар и вински писател Марко Поцали го претстави новото сицилијанско црвено вино Primma Della Pioggia, именувано во чест на култниот филм на Манчевски, Пред дождот (Before the Rain). Името на виното ...
„Љубовни писма“ е насловот на дуодрама која актерите Игор Ангелов и Верица Недеска премиерно ќе ја изведат на 20 февруари во 20 часот во The Dude Specialty Coffee во Скопје. Драмата е дело на американскиот автор Алберт Рамсдел Гарни — дело што со децении опстојува на светските сцени благодарение на својата едноставна, но длабоко човечка структура. „Љубовни писма“ е драма на тишината, на паузите, на неизговореното. Тивок театарски чин и токму ...
Ансамблот за народни песни и ора Скопје годинава одбележува голем јубилеј – 30 години постоење. 30 години на многу дружба, играорци што ја продолжуваат приказната на претходниците, турнеи низ Европа и се уште голем ентузијазам да се продолжи во тој ритам. Разговараме со Ненад Манасиевиќ, директор на Ансамблот, в очи концертот што во чест на јубилејот ќе се одржи на 21 февруари во Националната опера и балет во Скопје. АНПО Скопје одбележува 30 ...
Зошто „Травијата“, и по повеќе од еден век, продолжува да ги полни салоните ширум светот? Затоа што во центарот на приказната е Виолета, силна, ранлива и подготвена да жртвува сè за љубовта. На 20 февруари во 19:30 часот, оваа безвременска приказна повторно ќе оживее на големата сцена на Македонската опера и балет, со моќна изведба, впечатлива сценографија и оркестар што ќе ве воодушеви. Вие сте дел од нашата заедница. Затоа, ве охрабруваме ...
Линда Хамилтон открила дека нејзината најнова улога во серијата „Dark Winds“ има врска со нејзиниот приватен живот. Хамилтон се појави во премиерата на четвртата сезона на „Dark Winds“ на AMC како Барбара Сена, сопруга на вршителот на должноста началник на полициската управа во Скарборо. За да навлезе во својот лик, кој има деменција, Хамилтон вели дека се потпрела на лично искуство со својата покојна мајка, која имала деменција. „Мојата ...
– Како Македонци, секогаш сме позитивно прифатени и заемната почит е на највисоко ниво. Градот Света Недела е град пријател со Гостивар, па се надеваме дека училиштето и учениците ќе бидат дел од идни заеднички проекти преку кои ќе сведочиме за идни позитивни примери – истакнуваат претставниците на македонската заедница во Хрватска Во Република Хрватска, предметот Македонски јазик и култура го изучуваат 108 ученици, во осум основни училишта ...
Македонската поп ѕвезда Владо Јаневски, коj пред неколку дена одржа свој голем концерт во Скопје, ќе биде специјален гостин на концертот на хрватската пејачка Весна Писаровиќ. Писаревиќ на 28 март ќе одржи солистички концерт во Скопје. Со својот препознатлив глас, харизма и искрена емоција, Весна ќе ги оживее своите најголеми хитови – „Да знаш“, „Јутро доноси крај“, „Сасвим сигурна“ – како и многу други песни што го обележаа нејзиниот музички ...
По успешното отворање на февруарската концертна серија, Институтот „Фејмс“ (FAME’S) продолжува со втората вечер на 17 февруари во Камерната сала на Македонската филхармонија, со проектот „Пронаоѓање на ритамот“. Концертот претставува кулминација на интензивна едукативна програма во која учествуваат 30 внимателно селектирани млади музичари од Европа, овојпат насочена кон истражување на ритамот како клучен елемент на музичката комуникација. ...
Монодрамата „Џеки“, најновата премиера на Драмски театар – Скопје го привлече вниманието на публиката, која со бурен аплауз ја награди одличната изведба на актерката Трајанка Илиева-Вељиќ која во претставата го толкува ликот на сопругата на претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди. Таа на извонреден начин ја претстави сета болка и траумите на една жена која во очите на светот беше модна икона, совршена мајка и сопруга. Како што посочува и самата ...
Во изминатиов период, „Кино Балкан“ продукција и дистрибуција активно го дистрибуираше филмот „Приказна за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска. Како што посочуваат оттаму, филмот имаше проекции во повеќе од 15 градови во Македонија и урива рекорди, како по бројот на гледачи, така и по бројот на локации каде што е прикажан. – Она што се издвојува од оваа дистрибуција е активниот пристап и откривањето на нови региони и културни центри, ...