Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
„Небитен“ е новата песна на поп-пејачката Симона Поповска. Автор на музиката и аранжманот за оваа балада е Панче Касапски, а текстот го напиша Кристина Зимбакова-Маркоски, во продукција, микс и мастеринг на „Дулелуд“. Видеоспотот се снимаше на Козјак во продукција на студиото „20TWO“, a го режираше Крсте Шупев. „‘Небитен’ е приказна за љубовта што тивко крши и за храброста да прифатиш дека повеќе не си нечие сè“, вели поп-пејачката . Песната ...
В петок, на 27 февруари во Литература.мк во „Дајмонд мол“ во Скопје ќе биде изведена монодрамата на Игор Ангелов „Сите најубави нешта“, работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на ОХО. Монодрамата со оригинален наслов „Every Brilliant Thing“ на Данкан МекМилан ја повлекува завесата за тоа како е да се биде дете на родител, кој поминува низ тешки животни моменти и колку сме потребни за оние што ...
Јасмина Котевска е историчарка на уметност и вечен трагач по тенката линија помеѓу генијалноста и лудилото, посветена е на инклузијата на штитениците од Психијатриската болница во Демир Хисар преку разни работилници и проекти, а Тони Попов е уметник и поет кој е често дел од овие проекти, поточно, од сликарските работилници кои се спроведуваат како арт терапија за овие луѓе, а одржува и сликарски работилници за деца. Во рецензијата за ...
Ремиксот на „Хевенли“ на Четкар – песна на неделата на повеќе радио станици Песната „Хевенли“ првично беше објавена во 2014 година во истоимениот албум на Четкар. Нешто по своето излегување, таа стана вистински хит не само во Македонија, туку и во земји како што се Унгарија, Италија и Јапонија. Во тој период, легендарниот француски продуцент Димитри Од Париз направи и свој ремикс на оваа песна. Ремиксот на „Хевенли“ на Четкар – песна на ...
На 23 февруари 1965 година во Скопје е роден Горазд Чаповски – гитарист, композитор, продуцент и единствениот постојан член на Мизар од неговото основање во 1981 година. Име што не бара големи зборови, но зад себе остава децении звук, визија и култен печат врз македонската и регионалната алтернативна сцена. Чаповски е дел од оригиналната постава на Мизар, заедно со Ристо Вртев, Илија Стојановски и Панта Џамбазоски, а неговата гитара и ...
Наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади на ДПМ ја доби „Илина и тајните на Бабин Заб“ од писателката Хана Корнети, која со својот магичен свет лесно допира до срцата на читателите. Авторката Хана Корнети успева да балансира помеѓу забавата и едукативната вредност на текстот, нудејќи им на младите читатели свет што е магичен, но и релевантен за реалниот живот. Книгата „Илина и тајните на Бабин Заб“ ги промовира ...
Прилепските мечкари ја потврдија својата стогодишна традиција. Го отворија карневалот „Прочка“ на стотици маски од земјава и од странство. Преку маските учесниците ги испратија пораките. Здружението „Прилепски мечкари“ е гордо на 25 годишниот јубилеј на карневалот кој се враќа на меѓународната сцена. Жири комисија ќе ги прогласи најдобрите маски. И на централното карневалско дефиле, и од детскиот карневал. Елизабета Митреска Прилепските ...
Овој март, Сараево ќе биде домаќин на еден од најпознатите светски криминалистички класици, „Убиство во Ориент Експрес“, дело на легендарната писателка Агата Кристи, во холивудската адаптација на Кен Лудвиг, во режија на Андреј Цветановски. Премиерата на претставата ќе се одржи во вторник, 10 март во 19:30 часот, во Националниот театар Сараево, а првата реприза ќе биде на 11 март 2026 година. Во најпознатиот воз во Европа, Ориент Експрес, ...
НУ Театар за деца и младинци – Скопје ја објави својата годишна програма со проекти поддржани од Министерството за култура и туризам како проекти од национален интерес. Поддржани се вкупно 4 премиери, а за уште една ќе се реализира со средства префрлени од минатата година. Се работи за постановки на текстовите: „Златокоса и мечките“ – куклена претстава за деца од авторот Роберт Сути/Лав Толстој – драматург Горјан Милошевски, режија Драган ...
Во преполната книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“, на 18 февруари се одржа промоцијата на збирката раскази „Егосурфер“ од Александар Русјаков, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промоторка на книгата беше уредничката Бисера Бендевска, која истакна дека збирката раскази содржи умешен спој меѓу жанровите научна фантастика, хорор и киберпанк. Иако ова ...
Струмица, 21 февруари 2026 (МИА) - Ристо ТАСЕВ Фолклорот и карневалот се длабоко поврзани преку традицијата, маската, играта и радоста на заедничкото славење. Карневалот отсекогаш бил простор каде што народот слободно ја изразувал својата креативност, дух и идентитет, а фолклорот е живиот чувар на тие вредности. Преку народните ора, песни и носии, ние ја оживуваме историјата, обичаите и духот на нашиот народ, токму она што карневалот го слави ...
Издавачот „Паблишер“ на 18 февруари во МКЦ го промовираше романот „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева, која низ разговор со Александар Маџаровски и Виолета Танчева-Златева навлегоа во светот на необичниот лик Адријан. Личност со необична дарба и изразено чувство на емпатија е главен лик во романот „Ќе помине и моќта“ на писателката Ирена Јурчева. Со пишувањето на романот таа направила истражување на човековата психа, но и посочува какви ...
Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ ја доживеа својата Светска премиера во рамките на 76. издание на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот – Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин. Проекцијата се одржа во Киното “Блумакс“ (Bluemax Theater) , а успехот со учеството во официјалната компетитивна програма „Перспективи“, е надополнет со фактот дека „17“ е првиот дебитантски македонски игран ...
Дваесет и првото издание на „Зимски салон 2026“, во организација на Друштво на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), ќе биде отворено на 26 февруари 2026 година (четврток) во 20:00 часот во Национална галерија – објект Мала станица. „Зимскиот салон“ е биенална изложбена манифестација со повеќедецениска традиција и се смета за една од националните платформи за презентација на современата визуелна продукција. Во рамки на оваа изложбена ...
„Златната мечка“ за најдобар филм на 76-от Меѓународен филмски фестивал во Берлин (Берлинале) му беше доделена на „Жолти букви“ од германскиот режисер Илкер Чатак. Филмот е за турски филмски режисер и неговата сопруга актерка на кои одеднаш им е забрането да работат поради нивните политички ставови. Снимен во Германија, филмот ја освои главната награда на крајот од церемонијата обележана со конфликтот на Блискиот Исток и политичката улога на ...
Вековната карневалска традиција уште еднаш ја крена на нозе Струмица со Интернационалното карневалско дефиле, на кое продефилираа 39 групи со над 1.000 учесници од земјава и странство, кои со голем елан ги промовираа своите карневалски креации. И годинава кралот на карневалот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“, почна да тече реката од карневалски креации, а традиционално први настапија струмичките мажоретки. За кусо време ...
Дуото Дац и Александар ја издаде првата плоча насловена по неговиот хит „Уште ми фалиш“. На неа се песните кои продуцентот Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац ги испеаја од 2019 до денес, како „Цреши охридски“, „Душа бакшиш“, „Четири страни“, „Љуби ме“ и други. „Ова е нашата прва плоча, со најголемите хитови на Дац и Александар. Плочата е црвена како љубовта, а можете да ја имате и вие посветена со наши потписи“, рекоа Митевски и ...
Филмот „Златни писма“ на германскиот режисер од турско потекло Илкер Чатак ја освои Златната мечка на Берлиналето, чие 76. издание заврши синоќа. Ова е првпат по повеќе од 20 години филм на германски режисер да ја добие главната награда на фестивалот. Последен пат тоа се случи во 2004, кога „Со глава низ ѕид“ на Фатих Акин, исто така со турско потекло, ја освои Златната мечка. Чатак е роден во Берлин со родители турски емигранти, е режисер и ...
Yellow Letters на Берлинале 2026 ја освои Златната мечка за најдобар филм на 76. Берлински филмски фестивал, на церемонијата одржана на 21 февруари во Берлин, каде германско-турскиот режисер Илкер Чатак ја прими наградата од претседателот на жирито Вим Вендерс. Филмот е политичка драма што ја следи брачната и професионалната криза на театарска двојка, откако сопругот е мета на државен притисок поради критичка онлајн содржина, по што и ...
Денес, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. И секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот… Ваков е начин на којшто денеска се одбележува еден од големите христијански празници – празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади. По меѓусебното ...
Новиот албум со наслов „Ентропија“ на Никола Бочваров Квартет содржи девет теми, на дигиталните платформи се појави на 30 јануари, а на почетокот од февруари имаше и слушачка промоција во „Синдикат“. Композиторот и бас-гитарист Никола Бочваров зад себе има оставено интересна музичка трага. Со својата бас-гитара досега бил дел од групи што имале различни жанровски определби, од џез-рок и поп-рок до метал, панк, реге и рап-музика, притоа ...
Театар „Златен Елец“ одбележува шест години од своето постоење со нова изведба на претставата „Хинкеман“ (Hinkemann), која ќе се одигра на 28 февруари 2026 година, со почеток во 19 часот, во сала „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Билетите се достапни преку tix.mk. Претставата е работена според експресионистичката анти-воена драма „Der deutsche Hinkemann“ (1923) од германскиот автор Ернст Толер. Режијата и адаптацијата ...
Илија Чашуле e роден на 24 јули 1957 година во Скопје, каде и дипломирал на Катедрата за македонски јазик. На Филолошкиот факултет во Скопје предавал општа лингвистика осум години. Во 1987 година доаѓа во Австралија и 13 години беше шеф на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот “Маквори” во Сиднеј. Од 2000 година беше професор на Катедрата по лингвистика. Автор е на 10 книги и на повеќе од 100 статии објавени во најистакнати европски ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 321, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (21-22.2.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со писателката Хана Корнети, добитничка на наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ: Наградите не се цели, туку обележја во патот на еден уметник – разговор со писателката Ирена Јурчева за романот „Ќе помине и моќта“: Сакам да го ...
Стојан Арсиќ, роден во село Жбевац, Јужна Србија е самоук бравар, кој завршува вечерни училишта и факултет. Пишува поезија, проза, афоризми, есеи, текстови за народна, забавна и детска музика. Ги има објавено во следните збирки поезија „Графити, испишани по душата“, „Песни за возрасни“, „Топлината на осојот“, „Песни“, „Шарени ноти“ (детска стихозбирка), „Јужни ветрови“ (стихозбирка на српски јазик), „Врање у срцу“, напишана на врањски ...
Дела од серијата „Равенки“ на ликовната авторка Марија Павловска од 10 до 29 јануари се изложени во Академијата за уметност на цртежот во Фиренца, Италија. Учеството на Павловска на оваа престижна изложба е резултат на освоената Специјална награда на WAVA (Светско здружение на визуелни уметности) за извонредност во уметноста, која ја доби на XV Биенале во Фиренца, што се одржа во октомври 2025 година. Со изложбата се оддава посебно значење на ...
ПРЕЗЕНТАТОРКАТА НА BBC, Аманда Харпер, возвратила на критиките што ги добила за облеката што ја носела за да ја води емисијата. Откако 57-годишната водителка носела тесни кожни панталони, таа била преплавена со грди коментари на социјалните мрежи, а еден од нив беше дека е „овца во овча кожа“. Љубов кон винтиџ парчињата Аманда Харпер, регионална водителка на вести на BBC, е позната по својата љубов кон винтиџ модата и често носи облеки во ...
Претставата „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, ќе гостува вечерва во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо ...
ПОВЕЌЕ од илјада луѓе во црвени костими за капење се појавија на јавната аудиција за новата верзија на култната серија „Baywatch“, која се одржала во Марина дел Реј во Калифорнија. Организирана од „Фокс“ и „Фримантл“, настанот има за цел да пронајде нови имиња за серијатакоја севраќа во ново руво. Аудиција на плажа Аудицијата се одржала во средата, 18 февруари, на плажата Mother’s Beach. Илјадници кандидати дошле облечени како во оригиналот – ...
Фото: Зоранчо Малинов е директор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје Зоранчо Малинов е директор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје – најстарата научна установа во Македонија посветена на проучувањето и зачувувањето на народното творештво. Објавил повеќе статии што се однесуваат на улогата на Институтот за фолклор низ историска перспектива во заштитата и презентацијата на нематеријалното културно наследство, ...