Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес вчера започнаа читачките проби за уште една претстава. Се работи за претставата „Затворенички“ во режија на Елеонора Теова. Во претставата ќе играат Сандра Танчева, Јанка Лефкова и Димитрина Мицкоска. Костимограф на претставата ќе биде Катерина Чукниева, а сценографијата е на Филип Коруновски. Претходно овој месец започнаа и пробите за претставата „Тестостерон“ во режија на Синиша ...
Во дворот на Црквата „Св. Теодор Тирон“ во село Конопница, во недела на 1 март 2026 година со почеток во 13 часот, ќе се одржи 16-тото издание на културната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“. Настанот го организира Општина Крива Паланка во соработка со Здружението за рурален развој РЗР „Патник“. Манифестацијата е посветена на негување на македонските автентични носии, традиционалните обичаи и локалниот културен ...
Од денеска до сабота, 28 февруари, во италијанското одморалиште Сан Ремо ќе се одржи 76. издание на Фестивалот на италијанската песна. Сцената на фестивалот повторно е театарот „Аристон”. Водител и креативен директор втора година по ред е Карло Конти, кому во петте фестивалски вечери ќе му помага италијанската поп-дива Лаура Паузини. На Конти и Паусини во водењето на фестивалот ќе им помагаат и познатиот турски глумец Џан Јаман (на првата ...
Еден од балетските бисери на класичниот репертоар – „Жизел“ од Адолф Адам ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари со почеток во 19.30 часот. Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска). Костимограф е Александар Ношпал, сценографијата е на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, концерт-мајстор е ...
На 26 февруари (четврток) во 19 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се прикажува филмот „Соучесници“. Влезници на билетарницата од киното од 10 до 13 часот секој работен ден и еден час пред проекцијата на филмот. „Соучесници“ е копродукција меѓу Србија (Зилион филм), Македонија (Партизанс) и Хрватска (Интер филм). Марко Новаковиќ е режисер на „Соучесници“, сценарист е Огњен Обрадовиќ, а кинематографер е Бојан Ракиќ. „Соучесници“ е ...
На 3 март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет. Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар Трајковски. Книгата е поддржана од Министерството за култура и туризам на ...
Поп-пејачката Полина Тас (Полина Тасева) ја промовираше новата песна „Феномен“, за која објави и видеоспот. Тасева вели дека „Феномен“ е современа поп-песна со модерен звук која носи порака за индивидуалност, различност и храброст да се биде свој. „Песната зборува за личност која не се вклопува во шаблони“, вели пејачката. Иван Костадинов-Панда е продуцент и автор на песната, а режисер на спотот е Владислав Гавриловски. Уметникот Бојан ...
Во Македонскиот Културно – информативен центар во Белград вечерва во 19 часот ќе биде претставена самостојната изложба на фотографката Александра Костадиновска насловена „Осончена тишина“. Фотографската серија која Костадиновска ја изложува пред белградската публика е приказна за личното искуство со универзалноста на светлината како симбол на нови почетоци, на топлина и на живот, раскажана преку 24 одделни фотографски наративи. Изложбата е ...
По долги 18 години, музичките легенди Влатко Стефановски, Дадо Топиќ и Рамбо Амадеус ќе настапат заедно на една сцена во Белград, со спектакуларен концерт што ќе се одржи 13 мај 2026 година во Mts Дворана – една од најреномираните концертни сцени во српската престолнина. Овој настан ќе биде ретка можност за публиката да ги види тројцата врвни музички виртуози заедно, со поддршка од биг бендот на РТС – легендарниот српски биг бенд со богата ...
Бранко Ѓорчев е роден во Неготино на 23 јуни 1962 година. Тој беше македонски театарски и филмски глумец. Бил директор на Драмски театар – Скопје во периодот од 2006 до 2013 година. Дипломирал во 1986 година на Факултет за драмски уметности на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како глумец во Драмски театар Скопје. Извршувал голем број на општествени функции: Директор на ...
Со длабока тага ја известуваме јавноста дека по кратко боледување почина нашиот долгогодишен директор и културен работник, Никола Глигоров, соопштија од Дирекцијата за култура и уметност Скопје „Скопско лето“. Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на Скопје ќе останат трајно врежани во нашата организација и во културната меморија на градот. Последниот поздрав ќе се одржи утре во Капела 2 на Градските гробишта Бутел, ...
Пред неколку минути на You tube беше поставен последниот проект на познатиот Кристијан Љушев кој трагично го загуби животот неодамна. Се работи за видео спотот за песната „Жена убава“ во изведба на Броз & Марама и Емилија Маринова. Тројцата напишаа: Кристијан , другар нашиот последен проект го споделуваме во чест твоја. Ти благодариме за се’ што направи за нас. Нема збогум, нема чао секогаш беше, си и ќе бидеш дел од нас. Текст за песната ...
Пијанистот Ренато Кико, тапанарот Енди Вотсон, легенди на њујоршката џез сцена, во друштво на Националниот џез оркестар, не’ угостија минатата недела на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Светски настап сведочевме на две легенди кои уште во 90-тите години на 20 век се обликувале на њујоршката џез сцена. Диригент беше Џијан Емин. Кико кој е роден близу Трст, не е прв пат во Скопје. Пред 30 години настапил во рамките на Скопскиот ...
НУ Камерен оркестар на Битола ја отвора годинашната концертна сезона со концертот „Вечер на романтични балади“, кој ќе се одржи на 24 февруари во Офицерскиот дом во Битола. „Ќе диригира Владимир Димовски, а оркестарот ќе ѝ понуди на публиката внимателно одбрана програма посветена на романтичниот израз во музиката, со дела од Антонин Дворжак, Јозеф Сук и Петар Илич Чајковски. Влезот е слободен. Концертот е замислен како емотивно музичко ...
На првата прес конференција на Народен театар Битола во 2026-та година, која беше посветена на премиерата на “Пламенка“ директорот Васко Мавровски, се осврна и на заложбите да продуцираат претстави од македонските автори на македонската драматургија, а се пофали со тоа што поподолго време театартот има позитвно салдо. -Како што и ветивме, како тим кога дојдовме на позицијата да раководиме со Народен театар Битола, дека акцентот ќе биде на ...
Еден од објектите лоцирани во рамките на споменичната целина Градски центар Гостивар, прогласен за значајно културно наследство, е во опасност да се урне поради изградба на нов објект непосредно зад оваа куќа. Градежните работи непречено се одвиваат пред очите на институциите, и покрај тоа што локацијата е строг центар на Градот, а жителите од околните згради кои реагираат на опасното градилиште испратиле и претставки до надлежните. Како што ...
Археолошки музеј на Република Македонија, Управа за заштита на културното наследство и Israel Antiquities Authority потпишаа Рамковен договор за воспоставување и унапредување на научната и стручната соработка во областа на археологијата и заштитата на културното наследство. Договорот беше потпишан од страна на м-р Магдалена Манаскова, директор на Археолошкиот музеј на Република Македонија, Весела Честоева, директор на Управата за заштита на ...
Тренчин во Словачка веќе наголемо започна со интересни настани кои имаат за цел зајакнување на заедниците кои живеат во градот, поддршка на современата уметност и активирање на јавните простори, но истовремено да понуди и врвно фестивалско доживување за сите генерации, особено за младите. Уметноста и културата во Оулу во Финска, пак, годинава стануваат одговор на прашањата за одржливост, заедница и иднината на животот во екстремни услови. ...
Видео од кое ќе ви наврат солзи на очите: „Што би направил Том ако го загуби Џери?“ Објавена во: 23 Февруари, 2026 14:20 Со Том и Џери израснаа голем број генерации. Тој е еден од старите цртани кои и денешните деца сакаат да го гледаат со возбуда и да ги следат големиот број згоди и незгоди низ кои поминуваат тие. На Инстаграм деновиве се врти видео направено со вештачка интелигенција од кое на многумина може да им наврат солзи на ...
Со многу емоции, искрени насмевки и тивка романтика, познатата македонска пејачка Ивона Јо официјално стапи во брак со својот животен сопатник. Церемонијата беше интимна и внимателно одбрана за најблиските, но доволно моќна за да остави силен впечаток. Невестата блескаше во елегантен бел фустан со чипкани детали околу вратот, совршено надополнет со букет од бели кали – симбол на чистота и нов почеток. Насмевката не ја симнуваше од лицето, а ...
Лондон– Во најзачудувачкиот момент на доделувањето на филмските награди БАФТА во синоќа, Роберт Арамајо направи изненадување што може веднаш да ја промени неговата кариера и трката за Оскарите следната година. Британскиот актер ја освои наградата за најдобар актер над конкуренцијата во која беа вклучени фаворитите Тимоти Шаламе, заедно со Леонардо Дикаприо и Мајкл Б. Џордан, освојувајќи ја наградата за трансформативна изведба како вистинскиот ...
Проектот „Со љубов, од Европа“ носи свеж европски книжевен здив во Македонија и создава простор каде што литературата станува мост меѓу културите, генерациите и општествените вредности. Преку внимателна селекција на современи европски дела, проектот ја потврдува моќта на книгите да поттикнуваат емпатија, да отвораат важни прашања и да влијаат врз секојдневието на читателите. Проектот е реализиран од издавачката куќа Сакам книги, која веќе 16 ...
Со години, Драгана беше главната врска помеѓу жирито и натпреварувачите, а сега имаше промени. Кога ќе помислите на емисијата „Никогаш не е доцна“, покрај добрата музика и натпреварувачите, веднаш помислувате на водителката Драгана Катиќ и Жика Јакшиќ. Со години, Драгана беше главната врска помеѓу жирито и натпреварувачите, а сега имаше промени. Синоќа, водителката не беше во својата добро позната улога, туку беше член на жирито. Заедно со ...
Како што соопшти Кабинетот на претседателката, деканката Андовска истакнала дека успехот на факултетот е резултат на големото музичко знаење, љубов, креативност, труд и посветеност на повеќе генерации наставен кадар. Јубилејот, како што било посочено на средбата, добива на тежина и значење со оглед на тоа што за релативно кусо време вработените постигнале резултати што ги надминуваат оние на музичките академии во регионот, основани и пред ...
Музичка младина на Македонија ја започнува овогодишната концертна активност од циклусот „Млади за Млади“, дел од програмата „Млад музички албум“, со концерт што ќе се одржи на 25 февруари (среда) во 20:00 часот, во Салон 19:19 при Културно- информативниот центар во Скопје. Влезот е слободен. На концертот ќе настапат младиот виолончелист Александар Ицковски и пијанистот Давид Павиќ, кои ќе изведат дела од Ј. Хајдн, Д. Попер, А. Бабаџањан, А. ...
Момент на пресврт Интерактивна изложба на дигитална уметност од Драшко Накиќ 24 февруари (вторник) I 19:30 часот Изложбата може да се посети до 26 февруари, секој работен ден од 10:00 до 16:00 часот Поставката со наслов „Момент на пресврт“ има за цел да поттикне сеќавање на оние луѓе кои ни помогнале кога ни било најтешко. Истата сака да потсети дека животот може брзо да се претвори од хармонична сказна во исцрпувачка борба, но и дека преку ...
„Радиоактивна“ ја раскажува вистинската приказна за научничката родена во Варшава во 1867 година, која дошла во Франција да студира и таму го запознала својот иден сопруг. Пјер и Марија Кири заедно го откриле радиумот и ги потресле научните кругови од тоа време. Во 1903 година, двајцата ја добиваат Нобеловата награда за откривање на радиоактивноста, по што Пјер набрзо починал. По неговата смрт, Марија почнува уште поинтензивно да се занимава ...
Земјата претрпе два катастрофални напади од вонземски вид, кој се чини дека имаа намера да го уништи човештвото. 70 години подоцна, луѓето се здружуваат и се обидуваат да спречат технолошки супериорна вонземска раса да ги уништи. Ендер Вигин е тивко и брилијантно момче кое може да стане спасител на човечката раса. Тој е одделен од својата сакана сестра и насилниот брат и однесен во воено училиште кое се наоѓа во Земјината орбита. Таму ќе биде ...
Вистинска приказна за терористички напад кој го шокираше светот. Заплетот на филмот следи вистински настан што се случи на 15 април 2013 година, за време на маратонот во Бостон, кога две бомби експлодираа во близина на целта. Приказната за застрашувачкиот терористички напад за време на маратонот во Бостон ја раскажуваат вистинските луѓе кои тој ден учествувале во спасувањето и потрагата по сторителите. Дејвис, полицискиот комесар во Бостон, ...
Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт насловен „Нови хоризонти“ на кој како солист ќе настапи Алим Беисембајев од Казахстан, еден од најдобрите млади пијанисти во моментов на светската музичка сцена. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концерт за пијано и оркестар бр. 1 во бе-мол, оп. 23 од П. И. Чајковски, Суита бр. 2 „Ромео и Јулија“ од Сергеј Прокофјев. ...