Кан – Шпанија успеа за прв пат да вклучи три свои филмови во конкуренцијата за престижната награда Златна палма на Канскиот филмски фестивал, објавува денес „Ла Паис“. На фестивалот, кој ќе се одржи од 12 до 23 мај, филмовите „Горчлив Божиќ“ од Педро Алмодовар, „Љубениот“ од Родриго Сорогоен и „Црната топка“ од двајцата филмски режисери Хавис, кои претходно беа во партнерство, ќе бидат прикажани во натпреварувачката секција. Шпанија никогаш ...

Иранскиот филмски творец Асгар Фархади, Педро Алмодовар (седми пат во конкуренција), рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев и поранешните победници Хироказу Коре Еда и Кристијан Мунџиу ќе се борат за Златната палма на 79. Кански филмски фестивал. На листата од 21 филм, објавена денес, има само еден американски режисер, Ајра Сакс, додека големите холивудски студија не се присутни на ова издание, кое ќе се одржи од 12 до 23 мај. Меѓу ...

Кан без Холивуд е една од најјасните пораки од годинашната официјална селекција на 79. Кански филмски фестивал, објавена на 9 април, со која најпрестижниот европски фестивал очигледно ја оттурна американската студиска моќ и повторно ја стави тежината врз светските автори. Наместо големи холивудски спектакли и црвен тепих што живее од ѕвездени франшизи, програмата за фестивалот што ќе се одржи од 12 до 23 мај во Кан ја носат имиња како Педро ...