
Скопје
37ᴼ /
37ᴼ



Денко Малески Има нешто добро во смената на власта во Македонија. Нема веќе предавници на чело на државата. Штета, тие беа некакво решение. Имено, нема веќе „бесплатен ручек“или „бесплатен превоз“ за партијата на македонските националисти. Сега, соочени со големи одлуки во меѓународната политика, тие се одговорни. Инаку, иразот „националисти“ е истиот оној кој се користи во светскиот печат кога пишуваат за партијата ВМРО-ДПМНЕ. Забелешката која ...
Србија ангажираше над 3.000 полицајци, ја построи војската и полета српски ловци МиГ – 29 за да го пречека човекот кој во својата земја има „кампови за реедукација“ за малцински групи и опсежна програма за шпионажа и контрола на сопствениот народ, позната како систем за социјален кредит. Иронијата е дотолку поголема ако се има предвид дека Си Џинпинг пристигна во Белград во очи на денот на победата над фашизмот. За потсетување, на деветти мај се ...
Некни, и тоа сосем случајно, така отпат, сознав дека наредниот ден е неработен, празник, славниот 1 Мај, најсвечениот и највозбудливиот државен празник на моето детство. Тогаш прв меѓу празниците, 1 Мај беше празник што со вистинско достоинство и радост го празнуваа сите, а денес е испразнет од секакво значење и втопен во булукот верски празници, како случајно преживеан реликт од време исчезнато дамна од пред потопот. А тогаш 1 Мај го красеа – ...
Македонија вчера му даде втора шанса на ВМРО-ДПМНЕ. Клучно прашањето е – за што, и дали беше паметно толкава апсолутна власт да се слее во рацете на гарнитура зад која стои истиот ешалон со кој државата еднаш го допре дното и, како што се покажа вчера, никогаш не успеала да се одлепи од таму. Најсимптоматично е што уште на самото објавување на победата Силјановска и Мицкоски пратија различна порака. Додека таа тврдеше дека „ова не е време на ...
Согласно на член 13 од Законот за енергетика Владата изготвува енергетски биланс на државата, како индикативен плански документ, со кој ги определува вкупните потреби од енергија и потребите на одредени видови на енергија, како и можностите за нивно задоволување од домашно производство и од увоз, за период од една година. Согласно на истиот член Министерот за економија донесува правилник за енергетски биланси и енергетска статистика со кој се ...
Евровизија е музички натпревар на земјите од Европа кој обезбедува видливост и можност за секоја земја да се претстави со своите музички достигнувања. Таа манифестација покажува во чие друштво сте, на кое ниво сте и колку сте слични или различни од другите. Таа може би не им е потребна толку на Велика Британија, на Франција или на Италија. но им значи многу на земјите кои сакаат да покажат дека се и тие Европа. Затоа толку многу се трудат на неа ...
Добивај вести на Viber Рускиот претседател Владимир Путин, на почетокот од својата осма деценија, го започнува новиот шестгодишен мандат. Нова шестолетка. Тој на чело на Русија е од почетокот на 21. век. Во меѓувреме еден четиригодишен мандат имаше Димитриј Медведев. Од 2008 до 2012 година. Новиот мандат на Путин му почнува во време на голема конфронтација со Западот, кој по руската агресија врз Украина во 2022 година испрати таму големи ...
Помина првиот круг од Претседателските избори. Редоследот според бројот на освоени гласови е апсолутно идентичен со проценките на најголем дел политиколози, аналитичари, новинари… Актуелната власт, пред се СДСМ, на големо негодуваше, велејжи дека истите се нереални, наместени, фингирани, и дека тие имаат свои анкети (кои никој не ги виде) кои зборувале нешто друго. Слични изјави даваа и Ванковска, како и Јакимовски кој велеше дека дури и ќе ...
Џабе преку своите директори марионети се трудите да пикнете луѓе, џабе се форсираат проекти кои не проаѓаат, и џабе е омразата за колективниот и платите кон институциите од културата. Кој сака, што сака нека каже, ама секторот култура многу често се потврдува дека е решавачкиот фактор за тоа која власт колку ќе опстои. Се почнува и завршува со културата. Претходната власт се концентрираше на инвестиции, инфраструктура, градби, на настани, и ...
На само два дена пред гласањето, јавното соочување на кандидатите за Претседател на Македонија ни откри и потврди многу нешта. Искрено, мора да се прекине со ова лоша пракса да нема соочување јавно понеќу кандидатите, каде цела кампања ниту еднаш не разменија аргументи сите на купче. Имаше некои импровизирани формати, па интервјуа, ја лични претставувања, н ниту во еден момент, реална директна дебата. Оваа на МТВ беше единствена и од неа ...
Со сиот ризик уште утре да бидам прогласен за македонски националист од онаа дежурна „академска“ сурија, но и без оглед на сите навреди – „оправдани“ односно неоправдани – што низ годиниве беа изречени на сметка на Стојанче Ангелов, а наспроти онолкава мутава (квази)интелектуална македонска јавност, тој успеа со еден контра-цртеж да му ги објасни нештата на „големиот дипломат“ кој, покрај сѐ друго, си беше умислил дека е и – уметник. И му го ...
Неодамнешните говори на францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски покажуваат колку е променето европското размислување откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја поддржува основната порака на Макрон, подинамична, покохерентна надворешна политика на Европската унија може да биде при рака. Самиот Макрон измина долг пат. Уште во 2019 ...
Петар Поп-Арсов Претставите започнуваат многу порано од чинот на подигање на завесата, а завршува многу подоцна од чинот на нејзиното спуштање“ Отсекогаш така било! Така секогаш и ќе биде! Завршува кампањата за македонските претседателски и парламентарни избори. Пукаат последните аплаузи на отворена сцена. Се ближи денот на одлуката! Одлуката за тоа, кој и каде ќе ја води Македонија во наредните четири години. Дали ќе се движиме напред, ќе имаме ...
Владиката Петар го злоупотреби најсветиот христијански празник и одржа политички, наместо пастирски, црковно-духовен говор. И, итар е Петар. Не спомена ниту една политичка партија, ама во својата желба да биде пропагандист го издадоа неколку реченици или делови од реченици, кои се надоврзуваат на неговиот претходен политички активизам. Вели „… да не се случи втората измама да биде полоша од првата, т.е. слепец слепи да води“. Се знае, нели, кој ...
Васко Шутаров Ѓурѓовден е! Надвор е пролет – живи сме! Живо и долго топло лето имаме во најава, а со летото и горештините од истата најава, сигурно ќе следат редовни кампањи и совети како да го зачуваме сопственото здравје, какви заштитни фактори да користиме за заштита од сонцето, каков тип гардероба да носиме и каква храна и колку течности да консумираме (со редовните совети, за што помалку консумирање алкохол и што помалку килограми на себе, ...
Власта за 7 години изрежира тежок филм, во кој, тие беа глумци со главни улоги, а на нас, народот, ни дадоа улоги на статисти. Што жанр беше филмот? Во поголемиот дел хорор, а кога беа сцените само со глумците имаше и баханалии, крими стори, ама и комедија… Туку, ќе ве вратам 8 години назад, кога се местеше сцената СДСМ да ја преземе главната улога на македонската сцена… Сценаристите, претежно странци, го напишаа заплетот. Режисерот, исто така ...
Да си „против“ меѓународен договор со кој не се согласуваат 70 посто од населението е чист изборен ќар. Да си „за“ значи да губиш. Промената на името на државата стана национална траума за Македонците, а неправдата се подгреваше со активен бојкот на новото име изразен во слоганот „Никогаш Северна – само Македонија“. Опозицијата, излегувајќи со кандидат за претседател кој е истакнат правник, може да изгледа добитничка, но само за избори дома. ...
Сведоци сме на еден свет на војни кои го спојуваат традиционалното ѕверство со нехуманата механизација, тоталитарни диктатури, човеково отуѓување (во кое истовремено расте очајувањето и самољубието) и катастрофално уништување на природата. Додека најнесреќните тонат во длабочината на водата, во еден ќош далеку од катастрофата Македонецот лебди во „празен простор“ не наоѓајќи место ни на небото ни на земјата каде би можел да ги пушти своите ...
Поразително е што во изминатите триесетина години, ниту граѓаните, ниту политичките партии, а најмалку „лидерите“ успеаја да извлечат некои поуки и, согласно со нив, да го менуваат своето политичко однесување. Напротив, до ден денешен, пристапот кон изборниот процес, личноста на кандидатите и перцепцијата на граѓаните им е ист и фиксиран. Во Македонија, времето како да застанало. Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ Од секогаш сум го мразел времето на ...
Гласот за Стево Пендаровски, СДСМ и коалицијата на 8 мај значи глас за сигурна и европска иднина на Македонија, без да се чепка во идентитетот или сувереноста. Гласот ЗА значи членство во Европската Унија, што со себе носи подобро здравство, подобри услови во образованието, неселективна правда и одлучна борба против корупцијата. Пишува: Димитар КОВАЧЕВСКИ Се наоѓаме во едни од најспецифичните времиња на македонската историја, исправени пред ...
Освен неколкумина кои напиша или кажаа важни зборови за настанот од 1 мај 2004 година кој ја промени географијата на Европа, нејзиното политичко устројство, надежите на милиони луѓе, кој ги испреплете и поттикна економиите до невидени размери, во Македонија беше премолчено она што се случи пред 20 години и неповратно го промени стариот континент. Тој ден на Европската унија ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски ...
(далеку од рецензија, близу до белешки од еден неуреден дневник) Пишува: Александра Јуруковска По гледањето на „Дух који хода (Прометејев пут)“ (Духот кој оди – Прометеев пат) на Д. Дуковски и А. Поповски, на Српско народно позориште (Нови Сад) во копродукција со Центарот за визулени уметности. Неколкудневниот престој во Нови Сад го заокружив со одење во театар. Бев пресреќна што по неколкуте набиени денови (да се види што повеќе, а притоа да се ...
Го прашувам министерот за надворешни работи на Србија, Владислав Јовановиќ, седнат до мене на конференциската маса, зошто Милошевиќ не потпиша кога Спогодбата е добра, како за Србија, така и за Србите во идните суверени држави. „Ако потпише, ќе го убијат кога ќе се врати дома“, ми одговори со спуштен глас. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на независноста) Еден по друг, претседателите на републиките на поранешната југословенска ...
На 16 април годинава холандскиот Сенат конечно го усвои законот со кој после повеќе од 60 години од работењето, трајно се запре производството на природен гас во најголемата движечка сила на европската гасна индустрија – гасното поле во Гронинген. Нормалното производство на природен гас во гасното поле на северот од Холандија беше прекинато во октомври минатата година по долгогодишно намалување на производството со цел да се ограничи сеизмичката ...
Д-р Драган Поповски Да се зачува македонската меморија и македонската темелна размисла. Иднината треба да се гради врз историските и животните сознанија вградени во патриотизмот. Македонецот треба да биде активен чинител, а негде и бескомпромисен, во одбраната на своите природни и историски права, во својата градба и надградба. Преку историските фалсификати на инородните народи на Балканот (Грците доселени во VIII век с.е. од североисточна ...
„Се чувствуваме како да сме качени во некој брз воз, но не знаеме каде одиме“, напишал пред војната познатиот мислител Макс Вебер. И ние после 34 години независност се уште сме заробени во минатото плукајќи по иднината. Мртвата историја има повеќе вредност од живите луѓе! А никому на цел свет не му успеелo да се врати за да живее во минатото! Ние од иднината лесно можеме да се откажеме, ама никако од минатото! Додека живеачката е во слободен ...
На крајот од првиот дел од претседателската предизборна кампања, на 22 април, Пендаровски беше гостин на Само интервју, со Гоце Михајловски, на КАНАЛ 5. Многу често, нашите новинари не се доволно подготвени за вакви интервјуа и не знаат да ги постават клучните прашања. Некогаш, пак, намерно ги одбегнуваат, ама тоа е поретко. Михајловски беше одлично подготвен и директно му предочи на Пендаровски дека и годишните протоколи со Бугарија се дел од ...
Низ светот, популистичкиот национализам е во пораст, честопати носејќи ги авторитарните лидери на власт. А сепак неолибералната ортодоксија – намалување на владата, даночни намалувања, дерегулација – што фати замав пред околу 40 години на Запад требаше да ја зајакне демократијата, а не да ја ослабне. Што тргна наопаку? Дел од одговорот е економски: неолиберализмот едноставно не го исполни она што го вети. Во Соединетите Американски Држави и ...
Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов ја поздрави идејата на граѓанската иницијатива „И здравје и работа“ дека ако Македонија заврши на меѓународна арбитража со астрономски отштети за концесијата за Иловица, тогаш, како што пишува, лажните еко активисти треба да добијат кривични пријави за носење на татковината во економски подредена положба со тешки последици по даночните обврзници. Во колумната насловена „Патолошки еколошки ...
Ние по 1991 година, освен неколкумина, не сме имале вистински, сериозни политичари. По 2001 година – воопшто! Политиката кај нас секогаш била засолниште за неспособните, нестручните, некомпетентните…, оние кои не можеле – биле неуки! – да се реализираат на друго општествено поле. Не сме имале ни доволно вистински интелектуалци, оние од форматот на еден Хавел, на пример, кои (како што вели токму тој) постојано би „вознемирувале“, би опоменувале, ...