Прочитајте ја барем еднаш објавата на онаа неспособнана градоначалничка која цели три години зема плата и не работи ништо! Прочитајте ја барем еднаш таа „покана“ за некаква отворена пресметка – „За таа цел, го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот“ – и многу нешта ќе ви/ни бидат појасни. Како Ајк Клентон и Вајат Ерп во Доџ Сити, јеботе! Првиот „како формат“ ќе ги земе синовите, а ...

Само 3.000 луѓе во светот поседуваат богатство од 14,4 билиони долари, а тоа е 13 отсто од глобалниот БДП. Во 1993 година светските милијардери контролираа помалку од 3 отсто од глобалниот БДП, но оттогаш се забрзува стапката на растот на нивното богатство и политичкото влијание. Од која земја и да доаѓаат, светските супербогаташи имаат две воочливи сличности. Прво, речиси сите се мажи. Второ, тие вообичаено плаќаат помалку данок (сразмерно со ...

Деновиве во македонската јавност се актуелни врховниот судија Наќе Георгиев и Иџет Мемети од Советот на јавни обвинители, барале поткуп и Иџет Мемети доби една година условно. Ова во мојата книга го обаснувам како „Трулеж на системот во Македонија“. Јас не сум изненаден за Иџет Мемети сум пишувал за него уште во 2020 година (26.10.2020 година), институциите предводени на СДСМ и ДУИ немаа слух и разбирање, па за се помош барав од амбасадите во ...

„Вакво беше моето прво германско лето“, му реков на мажот ми во еден студеникав ден, со посивено, намуртено небо, разочарана што цела недела врнеше, откако имавме повеќе од недела само сонце. Тогаш сфатив колку се промени германското лето во последните дваесет години. Тоа што секое лето е потопло од претходното, направи да заборавам дека во минатите германски лета беа ретки неделите во кои секој ден беше топол и сончев. „Да, навистина“, се ...

Меѓународниот музичко сценски фестивал Охридско Лето, нашиот прозорец кон и од св етот, е на ден пред свеченото затворање, со драматичниот текст „Алиса во земјата на стравовите“, инспириран од епизоди од книгата „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол, со актерите од Југословенскиот драмски театар. Режијата му е доверена на нашиот Александар Попоски, сега професор на Универзитетот за драма во Будимпешта каде предава театарска режија. ...

Денко Малески Денес прочитав дека еден мој колега од правниот факултет, именуван во управен одбор, има 1.56 милиони евра во акции во наши банки. Иако би требало да знам подобро, тој факт ме запрепасти и ме врати 32 години наназад во мислите. Во паузата на една од сесиите на Конференцијата за Југославија, чекориме бавно низ дворот на малиот замок во центарот на Брисел. Напред одат претставникот на ЕЗ Лорд Карингтон и претставнникот на ОН Сајрус ...

Од 2014 година, Русија дрско го нарушува територијалниот интегритет на Украина со упади, нелегални анексии и инвазија од целосен обем. И сега, Украина го нарушува територијалниот интегритет на Русија со сопствен упад во областа Курск. Се разбира, постои суштинска разлика помеѓу двата случаи. Руската Федерација официјално, иако илегално, го апсорбира Крим и ја освои територијата во украинскиот регион Донбас, а Владимир Путин не крие дека има ...

А зошто глумите дека демек сте изненадени од изјавата на Претседателката? Па поради тие ставови ја одбравте! Ова е сеуште ништо. “Најдоброто” допрва доаѓа. Веќе сме во процес на масовна вучизација на политичката сцена во државава. Но жално е што од кампања за одбрана на идентитетот, историјата, државноста се сведе на власт која што Албанците, граѓаните на оваа држава ги гледа како прв непријател. Жално е што од кампања која што ветуваше ...

Васко Шутаров Уште од древниот Египет, земјите ги користеле животните како подароци со кои сакале да покажат почит, наклонетост, лојалност и престиж! Две, сè уште живи легендарни приказни, нè потсетуваат дека прочуената египетска владетелка Клеопатра му подарила жирафа на Гај Јулије Цезар, додека пак, багдадскиот калиф Харун ал Рашид му испратил азиски слон на големиот франкиски крал Карло Велики. Средновековната дипломатија вклучувала редовна ...

Луѓето се вид што прават алати. Но, дали можеме да ги контролираме алатите: Кога Роберт Опенхајмер и другите физичари во 40-тите години на 20 век го развија нуклеарното оружје, беа загрижени дека нивниот пронајдок би можел да го уништи човештвото. Тоа досега не се случи, но контролата на атомското вооружување од тогаш е напорен предизвик. Алатот што исто така ги трансформира нашите животи е вештачката интелигенција (ВИ), односно тоа се ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година Македонија генерираше вкупно 878.303 тони комунален отпад. Ова изнесува 503 килограми отпад по жител годишно, што претставува зголемување од 7,7% во споредба со 2022 година. Со речиси целиот овој отпад (99,8%) што се одлага на депонии, прашање на време е кога овие депонии ќе го достигнат својот полн капацитет. Дополнително, дивите депонии продолжуваат да претставуваат значителни ...

19/08/2024 09:06 - Либертас

Зошто народот се одржува во мемо луп и каква корист има од тоа – Народот ?! Никаква. Ми се чини дека имаме сериозен проблем со “меморијата”, а можеби и носталгијата. Сама по себе, ќе речат сериозни философи, носталгијата е “контрадикторен концепт” (Б.Радник). И на линија на Хегел, самата дијалектика на носталгијата подразбира извесна контрадикторност. Тоа е заради однапред детерминираната релација кон реколектирањето, селективното меморирање во ...

Седам, гледам како се веднат стеблата на ветрот, наслушнувам далечни татнежи на громови и со душа го чекам дождот. Ги следам вестите и се радувам што на Галичица, во Светиниколско и на некои други места веќе почнало да истура. Си велам, ќе ги изгасне дождот пожарите, макар некои од нив… Пожарите, порано или подоцна, ќе стивнат и ќе згаснат насекаде. Не само поради дождот што се очекува во наредните денови, туку и поради напорите на многу ...

Ламбе Арнаудов Секој од нас ја познава етимологијата, односно потеклото и значењето на зборот ПРКОС, но малу кој, меѓу кои и јас сум знаел дека постои едно прекрасно цвеќе што се вика ПРКОС. Се согласувате сигурно дека ова цвеќе има помалку необично име, со оглед на убавините, боите раскошни, опоен мирис и милозлив, нежен изглед, да се именува со толку необично име за благородно општо прифатливо и обожувано цвеќе. Но. Мудар бил нашиот народ. ...

Да се искаже став е демократско право, гарантирано со Устав. Сепак, кога ќе се стропа нешто, не е лошо да се аргументира, особено ако доаѓа од шефот на една солидно голема партија како СДСМ. Океј, опортуно било да каже дека „приказната за дестабилизација е веројатно договорена меѓу ВМРО и ДУИ“. Но, добро е да објасни – како и зошто? Зошто на ВМРО, која вети и оствари дека ДУИ ќе оди во опозиција, би ѝ одговарало ДУИ да се јакне преку ...

Веќе нема сомнеж дека во Македонија секој образуван и мислечки човек го разбира поимот геополитика. За жал, на момент ги заборавивме историските лекции од Беласица во 1014 година, сведоштвата за поделбата во 1913 година и сцените од 1948 година па затоа, како генерација поминавме најнов курс по геополитика. И плаќаме висока цена. Кога јасно ќе се предупреди дека постојат индиции одредени поранешни функционери со помош на голем капитал етнички да ...

Да се обидувате овдешниве „мудреци“ да ги убедувате каква беше македонската реалност вчера односно до пред некој месец а каква е денес, или пак да пројавите желба некому од нив да му држите лекции за морал, култура и добро воспитување, е речиси невозможна мисија. Тоа кај нив одамна „не пали“. Локалниве лажливци отрпнаа. На сѐ: и на критика, и на јавен резил, и на професионалниот углед. Ако воопшто го имале. Тие своите кампањи ги започнаа веќе од ...

Пишува: Валентина Вурмо Она што со години беше јавна тајна, дека има и судии со рацете брцнати во медот, и тоа до лакти, вчера доби официјална потврда. Врховниот судија Наке Георгиев, кој го извалка образот на највисокиот суд во земјава, призна дека зел мито од 15.000 евра, за да посредува во судски случај. Во држењето на кантарот, за одмерување на казната на Боро Малборо, со својот ,,авторитет”, му се приклучил и членот на советот на Јавните ...

Ребалансот на буџетот на Република Северна Македонија од август 2024 година, кој го одразува првиот значаен потег на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ја отвора вратата за многубројни прашања. Дали овој ребаланс навистина ја промовира економската стабилност и развој, или пак служи само како инструмент за краткорочни политички поени? Иако Владата ја презентира својата фискална политика како мерка насочена кон економски раст, критиките не ...

Домашната текстилна индустрија останува една од најпроблематичните гранки. Малку им беа мизерните плати, прекувремените часови, неизвесноста, отпуштањата што немаат милост ни кон бремените работнички, намерните стечаи за да не се исплатат заостанатите примања, па последната вест е дека еден битолски газда ги заклучил своите работнички под клуч како глувци во стапица за да ја избегне контролата на Трудовата инспекција! Секторот за текстил и ...

Пред четири години, во екот на пандемијата КОВИД-19, владите се обидуваа да го заштитат своето население и да спречат економски колапс. Никој не би оспорил дека решавањето на оваа егзистенцијална закана тогаш беше главен политички приоритет. Како поранешен премиер и генерален директор на Светската здравствена организација, бев импресиониран од координираната меѓународна реакција на КОВИД-19. Секако, имаше големи нееднаквости во и меѓу земјите, ...

Не лути се што ти велам Ти Оти Ти му велам на секој што го сакам Па макар само еднаш да сум го видел во животот Оти Ти му велам на секој што го сакам Па дури и да не го познавам (Барбара, Жак Превер) Тебе скопјанец е невозможно да те засака, оти го немаш главното – работливост, ама извини и твојата природа на конфликтен човек не е баш за љубов. Некогаш во себе си велиш ли дека ја претера со смената на директори, кој од кого понедоветен? Кавгите ...

Климатските промени си го прават своето како никогаш досега со рекордно високи температури во целиот свет, вклучувајќи ја и нашата земја. Употребата на клима уреди станува сé помасовна така што во светот денес има над две милијарди клима уреди и системи од кои над 800 милиони се во Кина и околу 400 милиони во САД. Најмногубројни се индивидуалните клима уреди (сплит системи) за кои понатаму ќе бидат дадени некои препораки. Се проценува дека над ...

Бројки што ги запишав во Лос Анџелес на 10 август 1984 година. И по 40 години, и по Олимписките игри во Париз што завршуваат утре, бројките остануваат како предизвик за најдобрите светски борачи во слободен стил. Да, момчето од нашиот сокак Шабан Трстена и натаму е најмладиот освојувач на златен олимписки медал во еден од најтешките спортови – борење во слободен стил. Шабан Трстена кога го изведе она незаборавно шампионско салто на ОИ во Лос ...

Се чини дека светот малку се умори од војната во Украина, за тоа постои и технички термин, war fatigue, и дека сепак, додуша релативно дискретно, во јавниот простор се воведуваат категории што имаат за цел да го наведат јавното мнение кон нужноста од едно мировно решение. По две и пол години од руската агресија, двајцата Владимири, Путин и Зеленски, почнаа многу често и подиректно да говорат за мировните преговори што би имале за цел – тука ќе ...

Додека ги гледаме Олимписките игри во Париз 2024, се навикнуваме на рекорди што се редат како на филмска лента, но ништо покусо не е ниту Владата и нејзините скандалозни одлуки и гафови, кои за само неколку денови постигнаа „историски“ рекорд. Во фотофинишот како најголем гаф е оној со именувањето на Афрона Верзиволи за главен ревизор на европските ИПА-фондови, која нема никакво ревизорско искуство, ниту, пак, има соодветен ревизорски ...

Пред дваесет години, 1994, Владимир Глигоров (1945-2022) ја објави студијата „Зошто се распаѓаат земјите – случајот Југославија“. Ја пишуваше во Упсала, каде што во 1992 година беше емигрирал од Белград. 1994-та беше времето на двете големи војни, во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Владимир Глигоров, синот на претседателот Киро Глигоров, почина во октомври 2022 во Виена, каде што од 1994 работеше во Виенскиот институт за меѓународни економски ...

Споредено со резултатот од ЛОИ Токио 2020, Македонија направи чекор наназад со остварувањата на нашите спортисти на ЛОИ Париз 2024. И тоа голем чекор. Во Токио освоивме еден медал, среброто на теквондистот Дејан Георгиевски, а во Париз останавме без медал. Олимпискиот циклус меѓу овие две олимписки игри не го искористивме да се надградиме, туку напротив назадувавме. Така велат резултатите. Македонските спортисти што настапија во Париз воопшто не ...

Само природата може да ги спаси градовите. Урбаните природи се клучни за митигација на ефектите од климатските промени преку регулирање на нивото на јаглерод диоксид во атмосферата, намалување на ефектот на топлински острови и го зголемува складирањето на јаглерод во вегетацијата и почвата. Зелените површини, особено тревниците обезбедуваат можност за апсорбција на топлината што се создава ендогено во градовите, а парковите со дрвја нудат сенка ...

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 23.12.1998 година) Откако, на времето, некој беше направил гала синемаскоп филм со „осовременета” верзија на „Кармен”, настана вистинска манија на евтино „модернизирање” на оперите со пренесување на нивното дејствие во сегашнината. Така, едно време, по земјотресот, во Скопје „Травијата” од Верди се играше во нашите денови. Да беше претставата како што треба, ова веројатно немаше премногу да ми пречи. Последното ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1013
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.73
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.0
90%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 12ᴼ
0.89
72%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
0.45
80%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52