
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Четири дена по завршувањето на Националната конвенција на републиканците, одеднаш изгледа како многу поинаков настан. Ја гледав со прекини, на телевизија, заедно со можеби 25 милиони други Американци (релативно мал број, иако доволно за да биде важен). Се фокусирав на најважните моменти, како и повеќето гледачи. Ја прочитав анализата и мислев дека разбрав што се случи. Но, во светлината на храбрата и невидена одлука на претседателот Џо Бајден да ...
Многу прашања во врска со заемот на Владата на Македонија од Унгарија поставува економистот и аналитичар Бранимир Јовановиќ, а на кои одговор треба да даде премиерот Христијан Мицкоски. Јовановиќ, кој е дел од тимот на реномираниот Виенски институт за меѓународни економски студии, во интервју за „Независен весник“ зборува за ребалансот на Буџетот објавен минатата недела, но и за другите економски политики кои ги води новата Влада. Во делот за ...
Оваа реакција може да се смета и како задоцнета ама – не е. Во прашање е тема којашто за нас е исклучително важна, а актуелна ќе биде уште долго. Затоа, заслужува секојдневно внимание. Се’ додека не се избришат историските последици произлезени од Нивици, а коишто се по многу што – трагични по нашата Македонија. На 8 јуни 2024, „Слободен печат“ објави разговор со Виктор Габер. Насловот е негова порака – „Преспанскиот договор треба да се почитува ...
Златните медали на младите таленти Дамјан Давков на Светската олимпијада по математика и на Јан Стојановски на Европската олимпијада по физика уште еднаш потврди колкав е научниот капацитет на подмладокот на Македонија. За жал, потврди и колку ниту една власт мува не ја лази за овие талентирани ученици. Вклучувајќи ја и актуелнава. Особено актуелнава. 2024 година испадна најтешка за талантираните ученици во Македонија и нивните семејства. Кој се ...
Не се работи (само) за децата. Да беше така, ќе почнев „од прва“ задишано да зборувам како спроти најголемото основно училиште овде кај мене во Кисела Вода, Скопје, самоуверено се истопорила коцкарница, чиниш вавилонски зигурат, сосема соодветно (но не и премногу креативно) именувана Казино Вегас. А и да бидам до крај искрен, смачено ми е од тоа кога некој сака да протне во јавноста каква и да е „кауза“, редовно мора да се повика на „децата“, ...
Некој рече дека после изборната лавина, имаме стабилна власт која комотно ќе владее 4 или 8 години. Не го делам тоа мислење. Ако е само до бројот на пратениците, еднопартиските системи во Источна Европа требаа да бидат стабилни, а комунистичката партија да владееше вечно. А се покажа спротивното: авторитарните системи, кои не се во состојба да ги артикулираат најважните конфликтните интереси на општеството и да ги преведат во државна политика ...
Администраторите на социјалните мрежи на официјаните профили од Владата, блокирале граѓани да не можат да ги проследат и коментираат содржините пласирани на владините профили. Професорката Емилија Целакоска во објава на Фејсбук пишува дека без причина била блокирана поради коментар оставен на фејсбук страницата од Владата. „ВМРО-ДПМНЕ си го присвоил фб и Х профилот на Владата на Република Северна Македонија и си блокира граѓани како некаква ...
Добивај вести на Viber Амерка во шок. Таков беше вчера впечатокот по најавеното откажување на претседателот, Џо Бајден, од намерата да учествува во изборите за нов мандат. Него го содзадоа американските влијателни медиуми. CNN на пример. Демократите во дебатите жалеа за таа одлука, но потоа веднаш премина во величењето на Камала Харис, потпретседателката, која е адутот на Бајден во играта за нов претседател со Доналд Трамп. Бајден не ги кажа ...
Треба ли во атмосфера на воспалени чувства и заострени ставови да се преиспитува практиката на функционирањето на ЕУ? Ако започнете да дискутирате за тоа како различни земји се однесувале, соработката во рамки на ЕУ ризикува да биде изложена на ризици од сериозни оштетувања. „Од институционална перспектива, опасно е да почнеме да заговараме такви заложби“, смета Мари Демкер, шведска професорка по политички науки при Универзитетот во Гетеборг. ЕУ ...
Мотото на Македончето е „Земи ми сѐ, само остај ми го чаламот“. Подразбира живеење во супстандардни услови и на рабуш, а правење свадба со 300 гости. Заработување 400 евра, а трошење горе-долу 1.000. Е, како бе? Е, така, бе, Македонче, што да се прави!? Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Што држава и народ ќе се, ако абер немаат да се грижат и да го ценат своето? Ако го прекрстуваат името и менуваат идентитетот, историјата и јазикот? Ако се ...
Крај и заклучок на колумната Досега кажав само 1.2 отсто од информациите за она што се случува во реалноста. Многу ми е жал за Сања Божиновска како министер за енергетика, рударство и минерални суровини и Седад Рушани како нов директор од 22-ти јули 2024 година на Бирото за метрологија во кое имам основани сомненија дека е извршен „зулум“ од невидени размери против сите еколошки здраворазумски размислувања и тоа во автомобилскиот бизнис. За ...
Иако обвинувањата дека медицинска сестра намерно повредила 3-месечно бебе на национална основа се затвори како обично недоразбирање, тоа истовремено отвори многу прашања. Прво, ова претставува пример за еклатантно кршење на професионалните и етички стандари од страна на медиумот кој ја објави ваквата неточна информација во сензационалистички манир, презентирајќи ја ударно само едната страна на приказната, без да се чуе и другата страна и да се ...
Јавно ги прашувам почитуваните судски и обвинителски великодостојници, кој ги спречуваше, им вршеше притисок, им се закануваше и ги одвраќаше тоа да го направат досега!? Никој! Време е да бидат барем малку достоинствени и „машки“ да ги понесат последиците од сопствената неодговорност, солидарност, нерешителност, кукавичлак, криминал, корупција… Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ Аман бе, високоправосвештеници од родот на судиите, обвинителите, ...
Прашањето од насловот е всушност реторичко и не очекува никаков одговор. А бидејќи се однесува на онаа релиозна „претстава“ во Собранието по повод одбележувањето на денот на масакрот во Сребреница, сите можни одговори се познати. И точни. И во нив нема ни запирка којашто би можела да ја оправда „претставата“, без оглед колку се трудеа главните актери и неколкумината нивни „модератори“ од граѓанско-активистичка или друга провениенција. За жал, ...
Откако работата на македонско-бугарската историска комисија навлезе во ќорсокак по 2019 година и последователните неколку вета на Софија за преговорите на Скопје со ЕУ (сѐ до францускиот предлог од јуни 2022) многумина овде често во дебатите го посочуваа примерот на разговорите меѓу германските и полските историчари за образецот кој треба да се следи. За тој пример зборуваа политичари, поранешни дипломати, политички аналитичари, а многу малку, ...
Министерот Ханс ван ден Брук сугерираше да се размисли за името „Република Нова Македонија“ што му изгледа како добар компромис за двете страни. Република Грција би го користела старото име Македонија, а Република Нова Македонија би се легитимирала како нова држава што произлегла од Југославија. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на независноста) Мултилатералните средби беа како „измислени“ за Македонија. Имено, таму на едно место се ...
Пред некој ден беше објавена информација што помина речиси незабележано и покрај тоа што требаше да предизвика големо внимание, но и сериозна загриженост. Но, кај нас сè поминува, сè се заборава за три дена и се тера по старо. Извештајот на Меѓународната организација за миграција за 2020 година покажува дека Македонија се наоѓа во топ дваесетте земји во светот со најголема емиграција во странство. Извештајот на Светска банка покажува дека речиси ...
Васко Шутаров Секоја година во светот се убиваат околу 400.000 луѓе! Зборуваме за оние години во кои немало големи војни и зборуваме само за оние убиства кои убијците ги правеле намерно, пресметано и целно! Во оваа сурова збирна бројка не влегуваат насилно прекинатите животи од сообраќајни незгоди, елементарни непогоди или други животни несреќи! Статистиката е немилосрдна и кога чисто математички укажува дека убиствата се „само 15-ти на ...
1. Стар е вицот за трите коверти што премиерот му ги дал на неговиот наследник со совет: „Како ќе ти станува тешко, отворај ги по ред, еден по еден“. Пар месеци по „медениот месец“ на новата Влада, под притисок на секојдневието, новиот премиер го отворил првото писмо, во кое пишувало: „За сите проблеми обвини ја претходната Влада“. По бројни интервјуа на премиерот и министрите во кои претходниците биле виновни за се, јавноста се смирила. ...
Со разни испитувања е докажано дека удобноста и работниот ефект на луѓето зависат од комфорните услови на средината во кои тие престојуваат и работат, односно од состојбата на воздухот. Климатизација е обработка на воздухот со помош на техничка опрема со цел постигнување на сакана состојба на воздухот. Таа се карактеризира со следниве параметри: температура, влажност, свеж воздух, чистота, брзина и др. Климатизација се применува и за ...
Кога во предизборието ќе се оди со големи ветувања со кои се обидува да се освојат гласачите, резултатите не може да бидат поинакви од она што се доби – уште еден рекорден буџет и уште поголем буџетски дефицит. Работата да биде уште попроблематична, зголемените буџетски трошоци се предлагаат во услови на надолно ревидирање на економската активност, односно на раст кој ќе биде помал во однос на првичните предвидувања, врз основа на кои лани беше ...
Името на планината Беласица можно е да доаѓа од преводот на зборови од тракиски јазик: Ор-планина и Бело што значи светлина. Таква е една од научните претпоставки за значењето на топонимот за планината што се наоѓа во срцето на Македонија, и која на својот грб носи камен – пирамида што означува наше тромеѓие со соседните држави Грција и Бугарија. Ова толкување го поткрепува историчарот Страбон коj вели дека западно од река Струма се наоѓа ...
Продолжува лакрдијата на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид (УИНТ).По непочитување на донесената пресуда на Управниот суд на Република Македонија, со која се уважи тужбено барање на тужителот, и се поништи Одлуката на Сенатот бр.02-100/3 од 30.1.2024 година. Во која донесената Одлука на сенатот, нема своја основа во одредбите на Законот за високо образование (ЗВО) и Статутот на УИНТ. Одлуката Судот ја ...
На внатрепартиските избори што се одржаа минатиот викенд во ХДЗ актуелниот премиер на Република Хрватска, како и актуелниот претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, беше единствен кандидат за претседател на партијата. Исходот од гласањето беше таков што 88.889 членови го поддржаа тој единствен кандидат, додека 254 гласаа против. Андреј Пленковиќ е континуиран премиер од есента 2016 година, а континуиран претседател на ХДЗ е од летото истата година, ...
Адвокатската канцеларија за името во Skopia уште ја тресе гората очекувајќи од неа да излезе – слон. И ене, повторно се јави. И навистина се јави, аплаудираат клиентите. Сега ни ја препраќаат латинската Pacta sunt servanda (или: договорите мора да се почитуваат), што повторно не е нешто поголемо од – глувче. Ако сакате нештата да ги гледате логично, и нормално. Ако не, тогаш личи на слон! Но интересно е што посочената латинска поговорка овде ...
Македонија гори и испарува и ова лето. Шумите се први на удар, 36 пожари во последново деноноќие и 18 активни во моментов, а не сме ни на средина од жешката сезона. Се бориме со четири хеликоптери, три ер-трактори, стотина цистерни и 48 возила за шумски пожари со пожарникари што ги опслужуваат, како и околу илјада доброволци од противпожарни друштва. Пострашно од бројките се податоците за возната состојбата и функционалноста со возилата, ...
Пред повеќе години, еден странски претставник кој имаше задача да работи за да се воспостави елементарен дијалог и функционализам во државата во услови на примитивен национализам, изнервиран полугласно си кажа – „All of you are an abortion of nature“ (сите вие сте абортус на природата)! Бил во право, оти сите ние зборевме за иднината со јазикот на минатото. Пред некој ден, унгарскиот премиер Орбан кој сега председава со Советот на ЕУ, испрати ...
Едно големо, ама навистина големо и громогласно браво за директорот на Клиниката за детски болести, д-р Реџеп Мемеди! Непријатното недоразбирање меѓу родителите на едно тримесечно бебе и една медицинска сестра од Клиниката – кое некои неодговорни поединци сакаа да го прикажат како сериозен меѓуетнички инцидент – директорот Мемеди го реши на најдобриот можен начин. Со дијалог, со утврдување на фактите и на крајот со подадена рака на помирување ...
Мицкоски е (пре)нежен човек за да фрла лопати низ Охрид. Ние, народот Македонски, го гласавме за да ни куша, бае и “маѓија”, што би рекле босанците, го гласавме да носи скапи фенси часовници и одела од марката Карл Лагерфелд, а не да фрла лопати, тоа треба да го прави некој негов “фиќфириќ” или “прокси”, што би рекол нашиот Јован Деспотовски за Филипче: “Филипче бил прокси на Заев”. Така вели Јово кај Мирчевски на Канал 5. Фино ме изнасмеа. ...
Финска, според повеќе меѓународни истражувања, се смета за најмалку корумпирана земја во светот. Но во последните години во Финска се води дебата околу реформи, кои, меѓу другото, би го опфатиле и назначувањето на генерални директори на јавни институции, а со што оваа скандинавска земја уште повеќе би ја зацврстила својата водечка позиција во глобални рамки, како држава со најниско ниво на корупција. Политичките и партиските назначувања, како ...