
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Во неколку продолженија пишував за овој државен Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид (УИНТ), за нивните „филмски“ сценарија за образовни криминали и незаконитости, за непочитување на пресуда донесена од Управниот суд на Република Македонија од страна на ректорот Иван Бимбиловски, во соработка со претседателот на Сенатот на овој универзитет и истите се објавени на порталот НетПрес. За состојбите на овој државен ...
Охридскиот рамковен договор е еден од најзначајните документи во историјата на нашата земја, потпишан на 13 август 2001 година. И покрај контроверзиите, неговата цел беше да го зајакне мирот, стабилноста и социјалната кохезија преку правична застапеност и заштита на малцинските права. Договорот се одбележува секоја година со различни активности и настани кои го истакнуваат неговото значење за мирот и стабилноста во земјата. Оваа година, ...
Првата шатл-дипломатија на Балканот, по подолго време, се случува во овие врели летни денови. Тоа не е добар знак за сите нас што имаме меморија од минати времиња. Ни кажува дека уште се гаснат пожарите од последните балкански војни по распадот на Југословенската Федерација. Само територијата на која може да избувне пожарот е помала. Наместо, како некогаш, западен државен претставник да лета со воен авион меѓу Љубљана, Загреб, Сараево, ...
Деновиве прочитав на веб-страницата на „Фондацијата Зоран Ѓинѓиќ“ дека кога тој се вратил од Германија во Србија, говорел за потребата од „колективна терапија за српскиот народ“ по угледот на германското соочување со своето минато. Тој како „колективна терапија“ ги подразбира долгогодишните филозофски, воспитно-образовни, научно-историски, културни и политички процеси во германското општество, во кои беше критички преиспитано германското минато ...
Најновата бескрупулозна наглост на етнопрофанација беше назначувањето главен ревизор за европските пари од ИПА фондовите. Дотичниот лик од групниот портрет на ВЛЕН, без лиценца скокна од шалтер на банка до ревизор, а беше разрешен дури по реакцијата на ЕУ. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Продолжуваат катадневните просерувања на политикантите. Наместо да разговараат и работат на решавање битни прашања и проблеми, племенските поглавари, во ...
Иако ВМРО-ДПМНЕ бара начин за провокација кон “Шиптарите” за да ги обвини за дестабилизација: За Македонците – Албанците биле и се Албанци. Пред се затоа што тие сакаат така да ги нарекуваме. Исто како што Албанците не нарекуваат Македонци затоа што ние сакаме така да не нарекуваат. Затоа на почеток да им се обратиме соодветно на југо-македончињата: Ви имате потребу да докажете да сте још увек употребљиви политици поделе Северне Македоније ...
Овогодинешниот економски симпозиум на централните банкари од целиот свет во Џексон Хол со право се фокусира на механизмот за монетарно-трансмисиски механизам, каналот преку кој монетарната политика влијае на пошироките економски и финансиски услови. Иако Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки за 500 базични поени помеѓу март 2022 година и јули 2023 година, се чини дека е направена мала штета на реалната економија на САД или на ...
Поверодостојно е дека реформи во суштинска смисла на зборот нема да има! Најверојатно системот на криминал и корупција ќе преживее и ќе продолжи да функционира, но сега, наместо со ,,нивните“, со ,,нашите“ ,,чесни“ политичари, стопанственици, судии и обвинители. Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ Кој како дојде на власт, се колне дека „решително“, „бескомпромисно“, „доследно“, „неселективно“ итн. ќе се бори против и ќе стави крај на криминалот и ...
Привршуваат активностите на екстериерот на Офицерскиот Дом во Скопје 24.08.2024 • Информации Став После 10 години од „Скопје 2014“ го сведочиме завршувањето на Офицерскиот Дом. Објектот кој се повикува на некогашниот, срушен во земјотресот од 1963та година, сепак е само реинтерпретација, односно објект кој визуелно остава впечаток на оригиналната слика. Неговата намена и раскош која ја имал во минатото не е тоа што можеме да го очекуваме од ...
Не сум сигурен во здравиот резон сега јавно да ги прашаме оние неколкумина „мудреци“ од форматот на „професори“, „новинарчиња“, па и „активисти“ кои уживаат да проверуваат само туѓи но не и свои изјави, дали воскликот на дуи (малите букви се… знаете што!) „Бараме целосна рамноправност“ доволно им ги појаснува односно потврдува „трилемите“ околу (дез)информацијата за можна дестабилизација на државата? Или сега и оној Вилијамс спаѓа во теоријата ...
Незадоволството и резигнацијата постојано се зголемуваат кога во услови на општествена трансформација, транзиција, корупцијата се користи како средство за „подмачкување“, преку кое некоја помала група, независно од политичката или од етничката припадност, станува енормно богата. Таквото однесување не се менува дури и откако некои земји ќе се зачленат во ЕУ. Коалицијата Европски фронт веќе подолг период речиси секојдневно го повторува „нашиот ...
Meрсел Биљали Во безбедностa важи правилото – пет години ве учат да зборувате, за потоа 50 години да молчите! А кога нормалноста станува невозможна, пропаста станува неизбежна, оти контролата на умот доведува до неконтрола на безумието. Посетата на директорот на ЦИА никогаш не е без голема причина и никогаш не е само со дипломатска порака. Вилијам Барнс, покрај тоа што води една од најмоќните светски сервиси, тој е и еден од најмоќните луѓе во ...
Конвенција за правата на децата За сите нас кои во некое својство, како родители и/или наставници, се грижиме за деца, почетокот на новата учебна година е добра прилика да се преиспитаме: до каде сме, со кои предизвици се соочуваме, каде сакаме да одиме. Една корисна рамка за вакво преиспитување е Конвенцијата за правата на децата, достапна во резимирана верзија и на македонски тука. Во конвенцијата, детето е дефинирано како “секое човечко ...
Неодамнешните немири во Обединетото Кралство уште еднаш ја покажаа неспособноста на либералите и левичарите да најдат начин да ја привлечат работничката класа која се свртува кон крајната десница. Кога е присутен фашизмот, бесмислено е да се приклонува на ксенофобијата, како што прават либералите кога прифаќаат антиимигрантска агенда, или да се борат против штедењето, како што тоа го прави левицата. За да се сooчат со британските бунтовници, ...
Земјоделското производство е тежок сектор, но стратегијата за негова одржливост и развој е едноставна – пари. Не случајно ЕУ над 40% од буџетот одвојува за земјоделското производство. Неделно по 1 милијарда евра субвенции се исплаќаат за земјоделците од државите членки и за поголем рурален развој. Од стратегискиот пристап најважни се две компоненти: – Се субвенционира тоа што се увезува, а може да се произведе дома, за да се намали одливот на ...
Денко Малески Првата шатл-дипломатија на Балканот, по подолго време, се случува во овие врели летни денови. Тоа не е добар знак за сите нас што имаме меморија од минати времиња. Ни кажува дека уште се гаснат пожарите од последните балкански војни по распадот на југословенската федерација. Само територијата на која може да избувне пожарот е помала. Наместо, како некогаш, западен државен претставник да лета со воен авион меѓу Љубљана, Загреб, ...
Ако човек застане малку, колку да го поврати здивот, и се замисли свртен кон минатото, во веќе замаглените предели на времето, непогрешно ќе препознае дека Македонија својата потполна и неспорна државна и културна сувереност ја имаше само додека уживаше ушушкана под моќните крилја на југословенската федерација. Но, развојната динамика на македонскиот државен и културен проект почна веќе да шлајфува и пред да станеме „свои на свое“, и пред да ја ...
Разрешувањето или смената на амбасадорите е секогаш „слатка“ мерка на популизмот и неговите застапници и по правило се применува за да ги задоволи жртвите на популистичките политики обременети со флоскулата „доста им беа девизни плати“. Дополнително оваа алатка за пресметка со непожелните кадри, на владеачките партии на кои владеењето им е сведено на „леб и игри“, лебот се амбасадорските места за своите, а игрите се задоволството од ...
„Оган да го изгори“, викаше баба ми како казна за некој што направил некое големо злодело, оставајќи ја егзекуцијата на оној што „од горе гледа сè“. Деновиве кога гори Македонија, се потсетив на овие зборови, прашувајќи се дали вселенската правда ќе ги стигне одговорните за тоа. Прво оние подметнувачите што намерно ги потпалуваат пожарите, но и оние што во изминативе децении не сторија ништо во превенцијата вакви катастрофи да не се случуваат, ...
Воислав ЗАФИРОВСКИ Сведоци сме на бројни коментари од јавноста, а особено од полтичките партии во врска со бекството на Блерим Рамадани, а некои побрзаа да побараат и оставка од министерот за внатрешни работи. Да го анализираме случајот од стручен аспект, низ неговата хронологија. Полицијата ја заврши својата работа оној момент, кога постапувајќи по меѓународна потерница распишана од страна на Интерпол на МВР на Србија, го лиши од слобода и го ...
Петар Поп-Арсов Гужвите, долгите колони и чекањето со часови на граничните премини станаа секојдневна појава. Тоа е особено изразено во летниот период за време на сезоната на одмори и патувања. Ние како граѓани на земја низ која што поминува коридорот десет на правецот север-југ и обратно, сме сведоци, но истовремено и директни учесници во сите гужви и гужвички кои што се случуваат на македонските гранични премини. Ние сме дел од доживувањата, ...
РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 29.07.1998 година) Неодамна прочитав нешто што не сум го знаел: дека “духот на поетот сака(л) публика, па макар тоа да се и биволи” (I). Јас не сум поет и никогаш не сум имал потреба од публика. За биволи и да не зборуваме. Напротив, откако паметам за себе повеќе сакав да бидам сам одошто во глупаво и здодевно друштво. Оваа максима (за која отпосле открив дека ја формулирал Монтењ пред повеќе стотици години) ме ...
Веќе пет дена трае скандалот со претседателот на Собранието Африм Гаши, а тој никако да излезе во јавноста и да објасни како си дозволил таква свадбарско-политичка авантура во Косово. Ниту криењето на Гаши, ниту обидите на неговата коалиција, на ВМРО-ДПМНЕ и на спинери поединци да ја дефокусираат јавноста од оваа тема, сепак, не даваат резултат и јавноста бара епилог или, поточно, бара оставка од спикерот, кој за два месеци на функција покажа ...
Дождот виде дека надлежните во Македонија тешко се справуваат со пожарите и реши да помогне. И за два – три дена ја реши загрижувачката ситуацијата. Само во првите двасетина дена од овој месец имаше 667 пожари, односно по триесетина дневно и во текот на кои изгореа илјадници хектари шума, полиња… Страдаа и куќи, друг имот на населението… Она што го направи дождот им добредојде на сите. Оти состојбата беше неиздржлива. Пожарникарите беа доведени ...
Премиерот Мицкоски даде една прилично балансирана и искрена изјава во врска со проектот „Чебрен“. Најави дека ќе се утврдува дали проектот ќе се реализира со стратешки партнер или државата ќе обезбеди финансирање, но како што нагласи, ќе се пристапи внимателно, односно нема да се влегува наивно во проектот. Радува фактот што, за разлика од претходната власт која носеше самоволни одлуки без консултација со луѓе од струката, овој пат се спремни да ...
Отворено прашувам, каде е проектот „трамвај“ кој јас го оставив на моите наследници Коце Трајановски, Петре Шилегов и Данела Арсовска? Информациите кои стигаат до мене дека таков проект не е регистриран во градот, се најобична лага. Тој постои и ако е потребно јас ќе го обезбедам и ќе го доставам повторно до надлежните институции на градот. Почитувани читатели, како поранешен градоначалник на Град Скопје многу тешко ја прифаќам состојбата со ...
Полека умира пеколно топлиот ден и темнината го гушка вжештениот град, но на Скопје не му носи освежување. И ноќта е пеколно топла, зрачи бетонот на градежната мафија и асфалтот кој градските очуви го обновуваат таму некаде пред избори. Многу одамна Скопје стана налудничаво ругло и панаѓур, во кој секој од градските очуви и маќеи продава дел од градот, а секој новопечен полуписмен градежник со сомнително стекнати пари гради кинески ѕидови, кои ...
Секоја година, особено кога доаѓа пеколно лето, пишувам за странските амбасадори во земјава, со надеж дека ќе се вразумат. Дека ќе ги слушнат нашите молитви да не одат никаде, да не нѐ напуштат, да не заминат на одмор, или во своите земји, папсани од нашите огромни очекувања и милионски побарувања. Посакуваме да се прескокне летото, за да не се раштркаат низ светот, додека ние ги демнеме и ги чекаме низ станиците, чуваме стража насекаде, ...
Добивај вести на Viber Рускиот претседател, Владимир Путин, по украинската офанзива во Курската област, направи прва посета во странство. Тој во неделата и вчера беше гостин на азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев. Путин во Баку беше пред шест години, иако во меѓувреме обајцата имаа мноштво средби, пред се’, поврзани со решавањето на конфликтот меѓу Азербеџан и Ерменија. Како и што се претпоставуваше главната тема на средбата на двата ...
Незадоволството и резигнацијата, постојано се зголемуваат кога во услови на општествена трансформација, транзиција, корупцијата се користи како средство за „подмачкување“, преку кое некоја помала група, независно од политичката или етничката припадност, станува енормно богата. Таквото однесување не се менува дури и откако некои земји ќе се зачленат во ЕУ. Коалицијата „Европски фронт“ веќе подолг период речиси секојдневно го повторува „нашиот ...