Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Пред десет години, кога некој ќе речеше дека ќе користи клима уред за греење, многу луѓе би го гледале чудно. Денес, ситуацијата е сосема поинаква – луѓето масовно се префрлаат на инвертер клима уреди, или како главно греење или за дополнително греење. Препорачано Експерт објаснува дека инвертер клима уредите се поевтини од норвешките радијатори и трошат значително помалку електрична енергија од останатите печки. Обичните клима уреди практично ...
До ноември 2028 година енергетски ефикасни треба да бидат 14 јавни згради и 33 институции. Реконструкцијата ќе опфати вкупно 102 992 метри квадратни, а ќе чини 11,11 милиони евра. Ова го предвидува владиниот план што се очекува да биде усвоен најдоцна идната недела, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска. На брифинг со новинарите Божиновска информираше дека ова произлегува од Законот за енергетска ефикасност и значи усогласување ...
Активирани се банкарски гаранции вредни вкупно 39 401 550 денари поради незаконско постапување при инвестирањето во фотоволтаици. Се работи за компаниите ЕМК ДООЕЛ – Мали хидроелектрани – Скопје, Пуцкопетрол, СБН ЕНЕРГИ увоз-извоз ДОО Кичево и Сол груп 5 ДОО Скопје, обелодени денеска министерката за енергетика Сања Божиновска. Како што истакна Божиновска на брифинг со новинарите, првпат се случува да бидат активирани банкарски гаранции. ...
Нов инвестициски циклус, за позасилен економски раст. Македонските стопанственици имаат амбициозни планови кои конечно треба да ја позиционираат економијата на брза трака. Пред крајот на 2025, веќе имаат планови за наредната година, која треба да биде една од клучните за исчекор на овој план. Од најголемата бизнис асоцијација во државата, се најавуваат нови инвестиции. Велат дека е дојдено времето да се разговара за двојно поголем економски ...
Планирате патување од Германија со авион и пристигнувате на аеродромот со сопствен автомобил? Бидете внимателни – паркирањето во близина на терминалот може сериозно да го оптовари вашиот буџет, особено ако не сте го резервирале вашето место однапред. Нова студија на германскиот потрошувачки портал Олрајт открива огромни разлики во цените за паркирање на 19 од најголемите аеродроми во Германија и предупредува на скриени трошоци. Препорачано ...
Советот на општина Софија треба да го разгледа извештајот на градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, за давање согласност на општинската компанија „Софекострој“ да потроши сопствени и позајмени средства во износ до 9 милиони лева за купување опрема за справување со кризата со отпадот во Софија. Извештајот е објавен на веб-страницата на Советот, пишува Телеграф.бг. Препорачано Ова се однесува на купување возила за собирање ѓубре, чистачи на ...
Во Европската Унија, во вториот квартал се регистрирани 245,9 милиони ноќевања во сместување под наем за краткотраен период, резервирани преку онлајн платформи како што се Airbnb, Booking или Expedia, објави Евростат- пренесе Политика. Препорачано Вкупниот број на ноќевања на гости во вториот квартал се зголемил за 17,8 проценти во споредба со истиот период и за 36,8 проценти во споредба со вториот квартал од 2023 година. Канцеларијата на ЕУ ...
Туристите нема да дојдат ако не ги заинтересираме и повикаме, ако немаме стратешка, креативна и континуирана промоција. Нема да дојдат не затоа што немаме што да понудиме, туку затоа што живееме во свет на внимание и алгоритми, во кој прво се „купува“ вниманието, па дури потоа патувањето. Влатко СУЛЕВ* Колку и да е убава една дестинација, ако никој не знае за неа, таа останува само скриено богатство, а не туристички производ, посебно денес во ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини им објави „војна“ на концесионерите. Инспекторите се постојано на терен каде што е затекната хаотична состојба, објави министерката Сања Божиновска. Таа информираше дека од почетокот на годинава се одземени 46 концесии, и тоа 35 се еднострано започнати, а 11 договори биле истечени, но имало причини поради кои не биле продолжени. Препорачано – Од јануари досега се направени 248 ...
Компании како Miele, Bosch, Bayer и други отпуштаат илјадници работни места. Во текот на 2024 година, исчезнаа 146.000 индустриски работни места, додека привремените вработувања изгубија 51.000 позиции. Спротивно на тоа, во здравството беа создадени 137.000 нови работни места, а уште 45.000 во јавниот сектор. Ова е дел од структурната промена, односно транзицијата од индустријата кон државата и услугите поврзани со државата, вели д-р Мирослав ...
Добивај вести на Viber Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во планот со пријавени намери за изградба на постројки за производство на електрична енергија во 2026 има добиено и најава за поставување на когенеративна гасна централа. Во моментов ваква централа која произведува струја и топлинска енергија има само ТЕ-ТО, а во најава се неколку такви од турската групација АКСА;но за тоа прво ќе треба да биде завршено гасното ...
Владата на Молдавија одлучи да го суспендира ослободувањето од царински давачки за увоз на шеќер од репка со потекло од Србија за период од 200 дена, наведувајќи ја потребата од заштита на домашниот пазар како причина, објавува Радио Слободна Европа. Според таа одлука, молдавската влада ќе воведе царина од 75 проценти за увоз на шеќер од Србија што ја надминува квотата од 1.000 тони во тој период. Препорачано Во образложението на одлуката се ...
Создавачите на „Чет-ГПТ“ открија кои професии се најзагрозени од развојот на вештачката интелигенција. Денес, со причина сѐ повеќе луѓе се загрижени за растечките можности на вештачката интелигенција, и тоа со право. Иако никој не може точно да предвиди колку брзо ќе се развива во наредните години, факт е дека таа веќе го менува светот во кој живееме и значително влијае врз пазарот на трудот. Компанијата „Опен АИ“ објави труд под наслов „Мерење ...
Горди сме што заедно со компанијата „Брачко Фруит“ – Ресен успеавме да постигнеме договор со странска фирма за откуп на индустриско јаболко по највисока моментална цена – 11 денари за килограм! До вчера цената изнесуваше 9 денари, но со вложени напори и заедничка соработка успеавме да обезбедиме подобри услови за нашите земјоделци. Во моментов само две фирми – „Брачко Фруит“ и „Голден Фруит“ – откупуваат по оваа цена. Ова е доказ дека со ...
Добивај вести на Viber Замислете да сте студент кој сонува за успешна кариера, а уште додека студирате ви се отвораат вратите кон вистински работни искуства. Тоа не е само идеја, туку реалност што веќе третата година по ред ја нуди КС Групација преку својата Програма за стипендисти – во соработка со образовните институции. Програмата на КС Групација им овозможува на најдобрите студенти не само финансиска поддршка за време на студиите, туку и ...
Пред неколку години на Бизнис школата Принстон, професорката Сајлинг организираше вежби за кои се зборува и денес, на тема „Заработете што е можно повеќе“. Таа ги подели студентите во 14 групи. На секоја од нив ѝ даде плик со пет долари со задача да ги инвестира тие пари и да заработи што е можно повеќе, за што имаа на располагање два часа. Студентите имаа пет дена да креираат инвестициски план за почетен капитал, како и три минути да го ...
Турција би можела да задоволи повеќе од половина од своите потреби за гас до крајот на 2028 година со зголемување на производството и увозот од САД, во промена што се заканува да го намали последниот голем европски пазар за руските и иранските добавувачи. Вашингтон јавно изврши притисок врз сојузниците, вклучувајќи ја и членката на НАТО Турција, да ги прекинат енергетските врски со Москва и Техеран, информира „СЕЕ.биз.еу“. На состанок во Белата ...
Според Виетнамската асоцијација за црн пипер и зачини, во првите девет месеци од оваа година, извозот на црн пипер од земјата се зголеми за 27,6%, што значи 1,26 милијарди долари. Ова одразува јасни знаци на закрепнување на меѓународниот пазар на црн пипер, објави Виетнамската новинска агенција, пренесува БТА. Така, во септември, Виетнам извезе 20.487 тони црн пипер од сите сорти во вредност од 136,3 милиони долари. И покрај намалувањето на ...
Менаџерскиот тим на М-НАВ реагираше до јавноста по најавите за штрајк и евентуално „затворање на небото“ на 20 и 24 октомври, нагласувајќи дека контролата на летање како дел од критичната инфраструктура не смее и не може да запре, поради ризикот по безбедноста на патниците, екипажот и воздушниот сообраќај. Од компанијата велат дека го признаваат правото на синдикалните организации да организираат штрајк, но предупредуваат дека секоја форма на ...
Владата на Бугарија одобри измени во Тарифата за надоместоците за поминување и користење на републиканската патна мрежа, при што сите претходни цени во лева сега се означени и во евра. Таксите се конвертираат во единствената европска валута, почитувајќи го фиксниот девизен курс од 1,95583 лева за евро, и стапуваат на сила на 1 јануари 2026 година. Единствената новина во вињетите за патнички автомобили е наведената цена на еднодневните вињети, за ...
Европската комисија ја објави својата одлука да ја упати Грција во Судот на правдата на ЕУ, поради непочитување на европската директива со која се воспоставува општ режим на акцизи, објави То Вима. Во своето соопштение, Комисијата наведува дека Грција ги ослободува од акциза производите што ги испорачуваат фри-шоповите на нејзините копнени граници со Македонија, Албанија и Турција. Според правото на ЕУ, земјите членки кои на 1 јули 2008 година ...
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски сподели дека денес, преку потпишување на Меморандум за соработка со Народната банка, ја операционализирале идната рамка на институционална соработка, со која се воспоставува понапредна размена на податоци и информации од заемен интерес. „Преку оваа соработка, Агенцијата за катастар на недвижности ќе даде поддршка на Народната банка во збогатување на анализите на пазарот на ...
На денешниот брифинг со новинарите, Божиновска рече дека причините за ова се непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел. Според министерката, сите концесии ќе бидат јавно објавени. „Од јануари до 1 октомври годинава се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори“, потенцира Божиновска и најави многу ...
Германија е подготвена да ја поддржи реконструкцијата во Појасот Газа штом ќе се воспостави одржлив прекин на огнот, изјави министерката за развој Реем Алабали Радован, според ДПА. „Веќе имаме проекти, на пример за транзициско домување“, изјави министерката за германското радио. Препорачано „Проектите се веќе платени и подготвени“. Таа истакна дека Појасот Газа „е претежно уништен, што значи дека луѓето се бездомници и речиси и да нема ...
Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, издаде остро предупредување за растечките ризици со кои се соочува глобалната економија, велејќи дека ќе има поголема неизвесност- пренесе Телеграф.мк. Препорачано Додека министрите за финансии и лидерите на централните банки се подготвуваат да се сретнат во Вашингтон на годишните состаноци на ММФ следната недела, Георгиева рече дека светската економија покажала изненадувачка ...
Над 45 концесии се раскинати од кои 34 еднострано, а за 11 договорите се истечени и не се продолжени, информира министерката за енергетика Сања Божиновска. На денешниот брифинг со новинарите, Божиновска рече дека причините за ова се непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел. Според министерката, сите концесии ќе ...
Функционерите на Федералните резерви беа цврсто за намалување на каматните стапки во септември, при што единствената разлика во мислењата се чини дека е околу бројот на планирани намалувања, покажа записникот од состанокот. Резимето од состанокот укажува на речиси едногласна согласност меѓу членовите на Комитетот за отворен пазар на Федералните резерви дека клучната каматна стапка преку ноќ треба да се намали поради слабоста на пазарот на ...
Европејците прават омлети од македонски јајца, додека ние пресметуваме колку парчиња можеме да си дозволиме за викенд. Иронијата е што земја со највисок раст на извоз на јајца во Европската Унија – цели 111 проценти во една година – денес плаќа по 12 денари за едно јајце. Украина сè уште е главен снабдувач, но Македонија веќе не е само белешка во табелите. Нашите јајца одамна завршуваат во европски кујни, а таму не се гледаат како евтин ...
Добивај вести на Viber Со цел заштита на Буџетот и праведност за сите даночни обврзници, Управата за јавни приходи во период јули – септември 2025 (трет квартал), спроведе конкретни мерки за присилна наплата за секоја доспеана, а неплатена даночна обврска, информираше УЈП на социјалните мрежи. „ Во месеците јули и август покрај „блокирање“ на трансакциски сметки во банките, преземени се и следните мерки: (35) Товарни моторни возила (6) ...
Цените на акциите на Волстрит во вторникот забележаа благ пад од рекордните нивоа, откако инвеститорите останаа без јасни насоки поради прекинот на работата на федералните служби во САД. Индексот Dow Jones ослабе за 0,2 проценти, на 46.602 поени, S&P 500 се намали за 0,38 проценти, на 6.714 поени, а технолошкиот Nasdaq падна за 0,67 проценти, на 22.788 поени. Прекинот на работата на државните служби, кој трае веќе седум дена поради ...