Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Ценатата на златоот сруши исторски рекорд. Унца достигна и до 4000 долари. Домашните финансиски аналитичари очекуваат дека златната треска ќе продолжи. Мировниот догвор помеѓу Израел и Газа според нив не би требало да влијае на пад на цената. А, дали граѓаните кај кои има зголемен интерес за купување на златниот производ дополнително ќе се мотивираат за купување. Повеќе одгвори на оваа тема во Бизнис Објектив © 2020 Телевизија Телма. Сите права ...
Швајцарските градови и понатаму се на врвот на списокот на десетте најскапи во Европа кога се во прашање цените на недвижностите, покажаа податоците на „Дојче банк“. Просечната пазарна цена на квадратен метар стан во центарот на Цирих годинава изнесуваше дури 20,35 илјади евра, поради што тој град се најде на првото место на списокот, пренесува Капитал.ба. На второ место е Женева со просечна цена од 18,7 илјади евра по квадрат, додекак Лондон е ...
Резервите на централните банки се сметаат за клучни за глобалната економска стабилност, бидејќи им помагаат на земјите да ги исполнат своите обврски за билансот на плаќања и служат како заштита од економски или геополитички шокови. Десетте земји со најголеми резерви заедно поседуваат 9,4 трилиони долари во валути и злато, што претставува повеќе од 60% од вкупните резерви во светот. Тоа се: Кина, Јапонија, САД, Швајцарија, Индија, Русија, ...
Цените на акциите паднаа на глобалните пазари минатата недела, бидејќи трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот повторно се интензивираше, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дополнителни 100% царини за кинески стоки. На Волстрит, индустрискиот просек на Dow Jones падна за 2,7% минатата недела на 45.479 поени, додека S&P 500 падна за 2,4% на 6.552 поени, а Nasdaq падна за 2,7% на 22.204 поени. До средината на ...
Каков старт на грејната сезона е пред нас? По предвременото пуштање на парното на почетокот на октомври поради падот на температурите под 12 степени, во среда и официјално треба да почне сезоната на топли радијатори. Но, колку ќе бидат топли зависи од повеќе аспекти. Веќе е најавено дека првите два до три дена – од 15 до 17 октомври греењето може да биде послабо, поради ремонт на цевката во Бугарија, преку која се испорачува гас во земјава. Од ...
На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми минатата недела, најмногу во однос на јапонскиот јен, додека еврото ослабе поради продлабочувањето на политичката криза во Франција. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, се зголеми за 1,2 проценти минатата недела, на 98,85 поени. Во исто време, доларот зајакна во однос на европската валута ...
Почнати се пресметките за новиот буџет за идната година. На почетокот на идниот месец треба да се презентира од страна на Министерството за финансии. Веќе се пресметува каде ќе се крати, каде ќе има плус пари. Но, и дали капиталните проекти ќе бидат повторно високо проектирани како што најчесто се прави или пак може би не, затоа што до сега од предвидените вакви проекти не се реализирани ниту половина. Ова го покажуваат бројките на ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД ќе купат 11 мразокршачи од Финска, а претседателот на Финска, Александар Стаб, потврди дека двете земји ќе потпишат меморандум за соработка во областа на изградбата на мразокршачи. Како што Стаб објави во објава на X Network, меморандумот ќе ги постави темелите за идните комерцијални договори меѓу крајбрежната стража на САД и финските компании, објави финскиот јавен ...
Европските земји каде што енергијата од ветер игра клучна улога, мораа да го ограничат рекордното производство на енергија од ветер оваа година поради преоптоварување на мрежите кои не можеа да го пренасочат вишокот зелена енергија. Кога вишокот производство од ветерни или сончеви панели се заканува да ја преоптовари мрежата, операторите се платени за да го намалат производството од обновливи извори. Податоците од агенцијата LSEG покажуваат дека ...
Според податоците од Дојче Банк, наведени се 10 европски градови со најскапа цена по квадратен метар стан. Швајцарските градови продолжуваат да ја водат листата на најскапи недвижности во Европа. Во 2025 година, просечната пазарна цена по квадратен метар за стан во центарот на Цирих е дури 20.347 евра, што го става овој град на првото место. На второ место е Женева со просечна цена од 18.267 евра по квадратен метар, додека Лондон го зазема ...
Цената на златото достигна нов историски рекорд, надминувајќи го прагот од 4.000 американски долари за унца, што претставува највисоко ниво во историјата на овој благороден метал. Според податоците на Reuters, спотовата цена на златото оваа недела се искачи до 4.059 долари за унца, пред да забележи благо повлекување. Аналитичарите наведуваат дека зад овој раст стои комбинација од геополитичка неизвесност, инфлациски притисоци и слабеење на ...
Трговскиот конфликт меѓу САД и Кина предизвика вртоглав пад на пазарната вредност на биткоинот на крајот на минатата недела, поради што трговците со криптовалутата претрпеа загуби во милијарди долари. Според податоците на „Коин глас“, веднаш по најавата на претседателот на Соединетите американски држави, Доналд Трамп, за стопроцентно зголемување на царините за кинескиот извоз во САД, како и за воведување извозен надзор над „сите критични ...
На крајот од минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп објави 100-процентни царини за увоз од Република Кина, а пошироката јавност не забележа дека претседателот Си Џинпинг ја има иницијативата во геополитичката конфронтација со Соединетите Американски Држави. Во овој момент, не е јасно дали Кинеската комунистичка партија наметнува нова, поагресивна политика за продлабочување на трговската војна со Американците со цел да го ...
На физичкиот пазар унца злато околу пладне изнесуваше 3.943,01 долари и беше 1,5 проценти поскапа отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела. Цената на златото се зголеми за ист процент кај фјучерс договорите на американскиот пазар, каде што со унцата се тргуваше по цена од 3.966,37 долари. Побарувачката по овој скапоцен метал беше поттикната од блокадата на федералната влада во Соединетите Американски Држави, што ја ...
Пекинг вети контрамерки против Вашингтон ако американскиот претседател Доналд Трамп ја исполни својата закана за воведување нови 100% царини за кинескиот увоз. Најновата закана на Трамп доаѓа откако Кина воведе серија ограничувања за извоз на ретки метали минатата недела. Ескалацијата на тензиите сега се заканува да го попречи месеците напредок во трговските разговори. „Прибегнувањето кон закани за високи царини не е правилен начин за ...
Новите ограничувања за извоз на батерии, кои Кина неодамна ги најави, би можеле сериозно да влијаат на американските компании, предупредуваат аналитичари. Иако Пекинг претходно ги користеше ретките метали како оружје во трговската војна со Вашингтон, сега се чини дека батериите стануваат нова точка на притисок. Кина има водечка позиција во светската индустрија за батерии, а побарувачката во САД расте поради потребата за складирање енергија — ...
Добивај вести на Viber Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и други претставници на која биле презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање. Тооа е една од клучните реформи во процесот на дигитализација на даночниот систем. Двете страни, според сооопштениет од УЈП, се согласиле за интензивна ...
Еден од најпрепознатливите симболи на Италија, тестенините, би можеле да се најдат на удар на американските царини. Препорачано Како што пишува „Гардијан“, американската администрација планира да воведе дополнителни царини за италијанските тестенини од јануари, што би можело да има сериозни последици за прехранбената индустрија на Италија, која во 2024 година извезе тестенини во вредност од повеќе од 4 милијарди евра. Според производителите, ...
Жетвата на сончогледот во Србија е завршена, а според податоците на Инфо Тим Логистика, просечниот принос изнесува 2,42 тони по хектар. На вкупна површина од 240.000 хектари, земјоделците остварија вкупен род од околу 581.000 тони сончоглед. Во август и септември од земјата биле извезени 93,4 илјади тони, по просечна цена од 480 евра за тон. Во црноморските пристаништа, цените се движат вака: Во руските пристаништа, цените се пониски и се ...
Централните банки би можеле да држат значителни количини на биткоин и злато до 2030-та година, благодарение на растечката институционална популарност и слабеењето на доларот, според „Deutsche Bank“. Поседувањето на биткоин би можеле да одразуваат нов, модерен „камен-темелник на финансиската безбедност“ што наликува на улогата на златото во 20 век, напишаа Марион Лабор, виш економист во германската мултинационална инвестициска банка, и ...
Најавите за воведување нови, дополнителни царини од 100 отсто врз увозот на кинески производи претставуваат сериозен економски и политички сигнал со големи последици и за Кина и за глобалната економија. Таквата мерка би значела драстично поскапување на кинеската стока на странските пазари, особено во САД и Европа, каде Кина има најголем дел од својот извоз. Зголемувањето на увозните давачки ја намалува конкурентноста на кинеските производи и ...
Добивај вести на Viber Според новиот нацрт-буџет на Грција, јавниот долг ќе изнесува 359 милијарди евра следната година, или 137,6 отсто од БДП (намалување од 7,8 процентни поени од БДП во споредба со 2025 година). За споредба во 2010 тој изнесуваше 147,8 проценти од БДП во пикот на должничката криза, кога Грција го доби својот прв пакет за спасување. Ова се должи на фактот дека се очекува во декември да се спроведе нова предвремена отплата на ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Тетово, упати критика кон економските и социјалните политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека младите си заминуваат поради ниски плати, сиромаштија и целосна нефункционалност на институциите. „Како да го задржиме млад човек тука со плата што не ја покрива ни киријата ни сметките? Каква иднина да градиме, ако човек со полно ...
Европа ќе биде поврзана како никогаш досега во следните 20 години. Имено, Европската Унија планира да изгради континентална мрежа на брзи железници, која ќе ги поврзе сите престолнини и големи урбани центри. Проектот, наречен Европска мрежа на брзи железници, кој го промовира здружението CER (Заедница на европски железнички и инфраструктурни компании), наскоро треба да добие официјално одобрување од Европската комисија. Станува збор за ...
Над 20 милиони евра до сега чини струјата која ЕСМ ја набави само за ноември и декември. Иако, уште во јули компанијата обезбеди електрична енергија за овие два месеци во вредност од 15 милиони евра, деновиве преку нов повик повторно за декември беа набавени дополнителни над 50 илјади мегавати за кои треба да се плати над 6 милиони евра, пари кои ќе одат во касата на три компании трговци со струја чии имиња се веќе познати за јавноста. ЕНЕРЏИ ...
Марковски компани е најголемиот тендерџија на РЕК Битола во изминатите години. Иако најголемите тендери ги добива во последните четири години, соработката на оваа битолска компанија со РЕК почнува во 2012 година, кога го заработува првиот милион. Проверката на Електронскиот систем за јавни набавки покажува дека Марковски компани го добила првиот голем тендер од РЕК за санација на свлечишта во рудникот Суводол од над 60 милиони денари, односно ...
Компаниите низ глобалниот синџир на снабдување со полупроводници се подготвуваат за можни нарушувања што може да ги предизвика новата ескалација на трговската војна, откако Кина воведе ограничувања за извоз на ретки метали, а САД одговорија со дополнителни царини и рестрикции за продажба на софтвер кон таа азиска земја. Кинеските мерки, кои досега се најдиректниот потег насочен кон ограничување на испораките на ретки метали, претставуваат прв ...
Глобалниот пазар на крипто-активи забележа остар пад откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави 100% увозна царина за кинеската технологија. Продажниот притисок најсилно се почувствува кај водечките криптовалути, а дел од алткоините реагираа со надпросечна волатилност, вообичаена за вакви геополитички шокови. Зошто е важна една царина за криптото – Ризик-апетитот на инвеститорите: Ваквите најави типично го префрлаат капиталот ...
Секои четири години иста песна – „ќе направиме ова, ќе направиме она“. Така и во оваа предизборна политичка кампања, се изнаслушавме ветувања, планови, проекти и сите тие во интерес на граѓаните и подобрување на нивниот квалитет на живот. Но дали некој се заинтересира, што и во која мера се реализирале предизборните програми на кандидатот за градоначалникот кој ја добил довербата од граѓаните? Иако најголемиот дел од градоначалниците кои се на ...
Глобалниот крипто пазар доживеа голем пад по објавата на поранешниот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 100% тарифa на кинески технолошки увоз, како дел од продолжувањето на трговската војна меѓу САД и Кина. Во рок од 24 часа, беа ликвидирани позиции во вредност од над 19 милијарди долари, што претставува еден од најголемите еден-дневни падови во историјата на криптовалутите. Биткоин падна за околу 8,4%, до цена од околу 104,782 долари. ...