Повторно се актуелизира прашањето за личен банкрот, кое досега се спомнуваше во многу предизборни програми. Во многу земји во светот, личниот банкрот функционира како механизам што на физичките лица кои се презадолжени им обезбедува шанса за нов почеток преку индивидуално приспособен план за раздолжување. Сепак, економистите истакнуваат дека воведувањето на личен банкрот треба да биде одлука на Владата и алатка за помош на презадолжените ...
„Во моментов има околу еден милион предмети и околу 200.000 блокирани сметки. Имаме случаи каде долговите се пренесуваат на семејството, па дури и на децата, на ова мора да се стави крај“, вели претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески за прашањето за личен банкрот, кое досега се спомнуваше во многу предизборни програми. Ристески посочува дека постојат случаи каде за долг од 5–6 илјади ...

