Добивај вести на Viber Регулаторната комисија за енергетика минатата недела ја издаде првата лиценца за складирање на електрична енергија од обновливи извори во батериски системи. Прва компанија која се стекна со оваа дозвола е Солар Енерго Систем, која е поседувана од неколку сопственици. Според лиценцата, таканаречените „сториџи“, чие инсталирање како нова енергетска дејност е овзможено со новиот Закон за енергетика, ќе се поставуваат на ...

Добивај вести на Viber Европската унија планира значително да ги заостри правилата за технички тестови за возилата низ целиот континент. Според предлогот на Европската комисија, кој има за цел да ја зголеми безбедноста на патиштата и да ги намали штетните емисии, сопствениците на возила ќе се соочат со подетални и посложени проверки. Како што објави германскиот Билд, овие промени речиси сигурно ќе доведат до значително зголемување на цената на ...

Добивај вести на Viber Најмалку пет кинески компании беа ангажирани во проектот за реконструкција и модернизација на српската железница, кој вредеше најмалку 1,2 милијарди долари. Кинезите добија и работни места во изградбата на автопати и други патишта, новиот мост Сава, а сега е објавено дека ќе го градат и аеродромот во Ниш. Сите овие работни места ги добија претежно без тендер, со обврска да ангажираат српски подизведувачи, што, според ...

Кина во август забележа рекорден извоз на електрични возила, батерии, соларни панели и друга зелена технологија. Според најновиот извештај на аналитичкиот центар „Ембер“. извозот достигнал 20 милијарди долари. „Кина достигна рекордна вредност во извозот на чиста технологија, и покрај тоа што цените на технологијата нагло паднаа“, изјави Јуан Греам, аналитичар на податоци во „Ембер“. Ваквите податоци даваат ран увид за тоа како ќе се движат ...

Финансиските друштва во Македонија ја завршиле минатата година со 227.706 активни договори за кредитирање со физички лица, со вкупна вредност од 9,2 милијарди денари (150,7 милиони евра), што е убедлив рекорд од 2014 година наваму, покажуваат податоците на Народната банка. Драстично помал е бројот на активни договори на финансиските друштва со правни лица, кој заклучно со 2024 година изнесувал 584 договори, со вкупна вредност од 1,3 милијарда ...

Албанија од денес и официјално стана дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), овозможувајќи им на граѓаните и компаниите да извршуваат плаќања во евра на ист начин како во земјите од ЕУ. Свеченоста на промоција на првата трансакција во СЕПА на Албанија се одржа во просториите на Централната банка на Албанија. Гувернерот Гент Сејко изјави дека “овој историски момент е резултат на структуриран процес”. „Денеска е посебен ден за нас ...

ПроКредит Групацијата ја претстави ProConnect – едноставна и интуитивна дигитална платформа за вмрежување, дизајнирана исклучиво за бизнис клиенти на ПроКредит Банките на ниво на целата Групација. Оваа платформа ќе им помогне на бизнис клиентите да пристапат до нови пазари, да се поврзат со доверливи партнери низ 12 земји и да го развијат својот бизнис, како локално, така и надвор од границите на државата. Платформата нуди многу можности: прво и ...

Потенцијалната легализација на која било одлука на Европската Унија за користење на замрзнатите руски средства за помош на Украина би поставила глобален преседан и би ја поткопала фундаменталната доверба во глобалната економија, изјавија експертите за „ТАСС“. Порано денес, претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, изјави дека секоја одлука на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства мора да биде координирана со сите ...

„Земјоделството е на колена. ВМРО-ДПМНЕ буквално им заврте грб на земјоделците. Откупот на индустриската пиперка – ајварка е закочен. Ветуваа 45 денари по килограм, а денес цената е понижувачки 20 денари. Половина од родот стои без откуп. Ниту субвенциите од лани се уште не се исплатени”, рече Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Валандово, нагласувајќи дека земјоделците се ...

Сѐ повеќе луѓе денес ја мерат секоја потрошена паричка. Некои од нужда, други од навика што ја стекнале во време кога цените растеа побрзо од примањата. Се менува начинот на кој граѓаните трошат – од луксуз и импулсивни купувања, кон строга рационалност и внимателно планирање. „Нема веќе ‘ај ќе земам ова, ќе земам она’. Сега се мисли двапати и за леб“, раскажува Јасмина, самохрана мајка од Скопје, која со просечна плата едвај успева да го ...

Сè повеќе земји и големи компании размислуваат за забрана или значително ограничување на користењето на пластичните шишиња, со цел да се намали загадувањето и да се заштити животната средина. По зголемената свест за штетните ефекти од пластичните отпадоци, се промовираат алтернативи како шишиња од стакло, метал или биоразградливи материјали. Во Европа и на други места веќе се воведуваат строги регулативи, а некои градови ја забранија продажбата ...

Економија Централна и Источна Европа расте побрзо од просечниот раст на Европската Унија 07.10.2025 Централна и Источна Европа (ЦИЕ) ќе остане еден од најдинамичните региони на раст во Европа, според најновиот квартален извештај на Инвестицискиот институт УниКредит. Во текот на оваа и следната година, се очекува економиите на земјите од регионот на ЦИЕ да растат приближно двојно побрзо од просекот на Европската Унија, поттикнати од ...

Битола, 7 октомври 2025 (МИА) - Пролетната сеидба на земјоделските култури во битолскиот дел на Пелагонија е со солиден род, изјави за МИА, Стојан Христовски, раководител на ПЕ на Министерството за змјоделство, шумарство и водостопанство. Според Христовски дел од земјоделските производи се целосно собрани, а дел е во завршна фаза, освен луцерката, зелка и кељ кои се во нивите. -Собирањето на родот од пролетната сеидба е во полн ек, се собира се ...

Самостојни, независни, грански, мултиетнички, организирани како унии, конфедерации, асоцијации… Македонија може да се пофали со извонреден синдикален плурализам, а Регистарот на Министерството за економија и труд брои дури 82 запишани борци за работничките права. Препорачано Многумина не слушнале за добар дел од нив, оти и не се баш најактивни, а се појавуваат во ретки пригоди. И по своевидниот упад во Законот за работни односи, од летоска со ...

Патничкиот авион А320 на Ербас денес го престигна Боинг 737 по испораки и го зазеде првото место на листата на најпопуларни патнички авиони во светот во историјата, според податоците од британската консултантска фирма Сириум. Европскиот гигант вечерва испорача авион А320 на саудиската авиокомпанија Флајнас, со што испораките од овој тип авиони од неговото воведување во 1988 година достигнаа 12.260 авиони, според Сириум. Боинг 737 ја држи ...

Европската централна банка (ЕЦБ) влегува во двегодишен период на значајни промени на врвот, при што две третини од членовите на Извршниот одбор ќе бидат заменети, вклучувајќи ја и претседателката Кристин Лагард. Процесот се очекува да започне на состанокот на министрите за финансии на еврозоната во Луксембург, каде ќе се отворат првите дискусии за наследниците на сегашните лидери на институцијата. Најважната позиција за наследник на ...

Според најновата проценка на Светската банка (СБ), објавена денес, економијата на Србија се очекува да забележи раст од 2,8 проценти во 2025 година. Оваа проекција е пониска за 0,7 проценти во споредба со претходните предвидувања на банката, дадени во пролетта. „По добрите резултати во 2024 година, економијата го изгуби моментумот поради пониските нивоа на приватни инвестиции и нето прилив на странски директни инвестиции во услови на глобална ...

Извршени се првите трансакции во евра преку СЕПА, единствениот евро-платежен простор, потврдуваат од Народната банка. Граѓаните и компаниите можат да вршат трансакции со неколкукратно помали провизии. Девет домашни банки стартуваа со апликацијата за приклучување кон СЕПА, останатите три се очекува да се приклучат до крајот на годината. Ова значи исчекор и за бизнисот. Од Министерството за финансии велат, се унапредуваат условите за работењето и ...

Сите работоспособни пензионери ќе можат да работат каде што сакаат и доколку сакаат, без да им „страдаат“ пензиите, се предвидува со новото законско решение што ќе стапи на сила од Нова година. Досега, со Законот за работно ангажирање лица, беше овозможено пензионерите да бидат сезонски ангажирани, односно три-четири месеци во годината, а не да бидат вработени. Со овој Закон, пензионерите можеа да работат само во угостителството, земјоделството ...

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано го раскина Договорот за концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Лавинчеви“, во атарот на село Страчинци, општина Гази Баба, склучен со „Мелкам Инжинеринг“ од Скопје. Одлуката,според Меџити е донесена поради сериозни пропусти. ‘Концесионерот не обезбедил минимална експлоатација од 20 отсто ...

Иако употребата на готовина опаѓа низ цела Европа, повеќе од половина од сите трансакции сè уште се извршуваат со банкноти, покажува ново истражување на Европската централна банка (ЕЦБ) за 2024 година. Сепак, во однос на вредноста на плаќањето, уделот на готовината е значително помал. Препорачано Според истражување спроведено меѓу 40.000 граѓани на Еврозоната, 52 проценти од сите трансакции минатата година биле извршени во готовина. Сепак, кога ...

Најпопуларното место за јавни понуди на компании во Европа оваа година е неочекувано: Стокхолм. Шведската престолнина има можност да собере 6,8 милијарди долари од првични понуди на акции годинава, повеќе од било кое место во Европа, и ќе биде домаќин на најголемото котирање во Европа од 2022 година кога безбедносната компанија „Веришур“ (Verisure Plc) ќе излезе на пазарот следната недела. На глобално ниво, Стокхолм е на петтото место, по САД, ...

Последниве неколку недели беа успешни за оние што поседуваат злато и биткоин во своите трговски портфолија. Двете стоки достигнаа рекордни вредности додека инвеститорите продолжуваат да ги поддржуваат. Златото ја проби границата од 3.900 долари (3.334 евра) за тројска унца оваа недела- тројска унца е мерна единица за благородни метали и изнесува 31,1 грам. Во меѓувреме, во неделата (5 октомври), најстарата и најпозната криптовалута во светот, ...

Зошто во фокусот на финансиските пазари се алтернативните средства Растечките фискални загрижености во најголемите светски економии додаваат импулс на таканаречената трговија со деградација, бидејќи инвеститорите се насочуваат кон перципираната безбедност на биткоинот, златото и среброто, додека се оддалечуваат од главните валути. Според американски „Блумберг“, јенот падна во понеделникот по очекувањата дека лидерката на владејачката ...

Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање лажни СМС пораки, при што испраќачот лажно се претставува во име на Комерцијална банка и известува за неможност за користење платежната сметка доколку не се изврши ажурирање на податоците преку кликање на линк. При кликање на линкот се бара да се внесе телефонски број, податоци за платежна картичка (број на картичка, датум на важност, CVV) и други лични податоци. ...

Грција издаде предупредување дека е пронајден сулфур диоксид во производ од Србија, беше објавено на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF). Според веб-страницата на RASFF, Грција пронашла непријавени сулфити во осмотски сушени јагоди од Србија, објавува Данас. Препорачано Јагодите се повлечени од пазарот, а здравствениот ризик е означен како „сериозен“. Претходно, Грција пронајде непријавени ...

Економскиот раст на земјава се забрза во првиот семестар од 2025 година, достигнувајќи 3,2% благодарение на домашната побарувачка и силната активност во секторите услуги и градежништво. Работните места, според Светска банка, се клучни за одржувањето на растот и во Западен Балкан Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија, прогнозирајќи економски раст од 3,1% во 2025 година. За наредните 2026 и за 2027 година Банката предвидува ...

Граѓаните и бизнисите во Македонија почнуваат да ги користат придобивките од приклучувањето на земјата кон СЕПА (Единствениот европлатежен простор). Европскиот совет за плаќање ги има одобрено апликациите на девет домашни банки во платежната шема за кредитни трансфери што се оперативни во СЕПА и се очекува другите три банки да се приклучат до крајот на годинава. Според министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска, ова значи дека ...

И годинава и следните две растот на македонската економија ќе се движи околу 3 отсто, прогнозира Светка банка. 2025 очекувањата се дека ќе се заврши со раст од 3, 1 отсто. Нешто помал процент од нас ќе оствари Србија и Босна. Но, овие две држави лани кога земјава беше со најслаба економија, генерираа подобри бројки. Во извештајот на банката пишува дека домашната економија ќе ја движат јавните инвестиции – трошењето на државата и растот на ...

Добивај вести на Viber Додека Европа со полна пареа влегува во ерата на вештачката интелигенција и автономен транспорт, Македонија останува заглавена во 20 век – со рѓосани шини, стар возен парк и линии што едвај преживуваат. Во Чешка неодамна стартуваше првиот европски патнички воз без машиновозач, наречен „Едита“. Возот е развиен од технолошката компанија AŽD Прага и користи камери, ласерски сензори и алгоритми на вештачка интелигенција за ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1019
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
0.35
45%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.39
95%
1019
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
1.34
85%
1019
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
94%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
91%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
88%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056