Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
НУ Центар за култура „АСНОМ“ од Гостивар, во партнерство со новоформираната групација „Стрип центар – Стрипот може“, се организатори на голема изложба која што има за цел да ги надмине регионалните поделби преку деветтата уметност. Партнерска организација во реализацијата е и групацијата „Стрип Центар – Стрипот може“ од Велес. Изложбата која што, со почеток во 19:00 часот, ќе биде свечено отворена во НУ Центар за култура „АСНОМ“ во Гостивар е ...
Формула 1 добива нов визуелен и комерцијален идентитет, откако познатиот италијански моден бренд Гучи беше потврден како нов главен и насловен партнер на тимот на Алпин. Соработката официјално ќе започне од сезоната во 2027 година, кога тимот ќе се натпреварува под новото име „Gucci Racing Alpine Formula One Team“. Ова партнерство претставува историски чекор за најбрзиот циркус во светот, бидејќи Гучи станува првата луксузна модна куќа која ...
Во Кинотеката на РС Македонија од 3 до 6 јуни, во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Филмскиот омаж ќе биде можност да се прикажат повеќе филмови во кои Анте Поповски (1931 – 2003) е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на ...
На вчерашното затворање на 16. Филозофски филмски фестивал беа прогласени добитниците на годинешните награди. Во Официјалната селекција на долгометражни филмови, „Златен був“ за најдобар филм од жирито доби „Месечината ми е татко“ од грузискиот режисер Гиорги Овашвили. Во образложението на стручното жири се вели дека „Златниот був“ се доделува за способноста тишината да ја претвори во јазик, бавноста во мисла, а сликата во мит. Од друга ...
На 30 и 31 мај во Кино Фросина ќе се одржи Фестивал на детски мјузикли, настан исполнет со музика, танц, глума и емоции. Повеќе од 50 деца и млади на возраст од 12 до 18 години, преку песна, танц и глума, ќе ја раскажат безвременската приказна „Убавицата и Ѕверот“ — приказна за љубовта, прифаќањето и убавината што живее во срцето. Организаторите ја повикуваат публиката да биде дел од оваа сценска авантура, да пее заедно со младите изведувачи ...
„Кралот на ѓубрето“ на Георги М. Унковски доби 30 милиони денари (485.000 евра) од Агенцијата за филм на Конкурсот за финансирање на проекти во прв рок за 2026. Ова е музички филм на авторот Унковски, кој дебитираше со наградуваниот „Диџеј Ахмед“, и е во продукција на „Синема Футура“ и копродукција со Бугарија, Чешка и Хрватска. Поддршка добија и „Никој не го сака Садик“ на Ибрахим Деари со 19 милиони денари (307.000 евра) и „Татко“ на Јани ...
Согласно Законот за филмска дејност, Управниот одбор на Агенцијата за филм, на седница одржана на 28.05.2026 година, ги донесе одлуките за прифатени проекти по Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година (прв рок), за кои се обезбедени вкупно 93 милиони денари. Оваа година за прв пат беше воведен модел на презентација (пичинг) на долгометражните филмски проекти, при што апликантите имаа ...
Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ и Македонската радио-телевизија (МРТ) потпишаа меморандум за соработка со важност од три години, со можност партнерството да биде продолжено и во следниот тригодишен период. Од училиштето соопштија дека станува збор за значаен чекор во афирмацијата на музичкото и балетското образование, како и признание за квалитетот и уметничката вредност што оваа институција со децении ја ...
Во Македонскиот народен театар се одржа завршниот ревијален концерт на „Музичка Фабрика“ со млади музички таленти, со што беше заокружена првата сезона од овој детски музички проект. На сцената настапија 170 деца: солисти, членови на хорот и танчари кои беа пречекани со голем аплауз. Се испејаа 20 нови авторски песни напишани специјално за концертот од повеќе од 30 познати македонски автори, композитори, текстописци и музички продуценти. ...
Во Галеријата „C8“ при Археолошкиот музеј на Истра во Пула денеска во 12 часот ќе биде отворена изложбата „NEPENTHE – еликсир од Земјата на Сонцето“. Изложбата ја раскажува фасцинантната приказна за богатите женски погребувања од железното време откриени на локалитетот Лисичин Дол кај Исар Марвинци, Валандово. Поставката го открива светот на македонско-пајонските бронзи – еден од највпечатливите и автохтони феномени на материјалната култура ...
НОВ ПОП-АП НАСТАН ВО БИТОЛА: Фузија на одржлива мода, рачни изработки и урбана култура На 21 јуни, Kaffe Tigre во Битола ќе биде домаќин на уникатен настан кој ја промовира одржливата мода и локалната креативност. Организиран во соработка меѓу Kaffe Tigre и JJ Events Macedonia, овој поп-ап маркет има за цел да ги претстави новите трендови во трифт културата и да им даде простор на локалните ракотворци. Настанот, кој ветува целодневна забава, ...
Културата е еден од најдлабоките изрази на идентитетот на еден народ. Таа го отсликува неговото искуство, вредности и креативна сила., па затоа кога денес говориме за културна дипломатија, најнапред мораме да расчистиме една суштинска заблуда , културата не е протоколарен додаток на државата, таа не е декоративен елемент на меѓународните односи, рече денеска министерот за култура Зоран Љутков на Форумот посветен на културната дипломатија. ...
Нови анализи отвораат сомнежи околу староста на некои од најпознатите пештерски цртежи во светот, предупредуваат истражувачи кои сметаат дека методата што најчесто се користи за нивно датирање може да дава значително постари резултати. Во изминатите години научници објавија процени според кои одредени пештерски цртежи во Индонезија се стари повеќе од 50.000 години, а отпечатоци од раце дури и околу 67.800 години. Овие старости главно се ...
Комисијата за култура на СДСМ преку писмена реакција изрази сериозно незадоволство по вчерашната прес-конференција на Владата во врска со организацијата на прославата за 35 години независност на државата. Од опозициската партија обвинуваат дека јавноста останала без одговори на суштинските прашања за тоа кој, како и по кои критериуми одлучува за трошењето на парите на граѓаните. Од СДСМ тврдат дека со оваа прослава на дело се покажува оти ...
На 29 мај (петок), со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија ќе биде отворена меѓународна фотоизложба „Последните селани“ од колонијата „Арт поинт – Гумно“ со дела од автори, од различни земји: Ероу Рос (САД), Јана Хунтрова (Чешка), Алена Новакова (Чешка), Марек Пекни (Чешка), Ева Моричка (Чешка), Јана Мари Кнотова (Чешка), Павла Бичикова (Чешка), Надја Милерова (Чешка), Петр Буреш (Чешка), Рудолф Кучап (Чешка), ...
На вливот на реките Мура и Драва во Хрватска, во срцето на таканаречената европска Амазонија, се гради голема индустриска фарма за кокошки. Во сабота, на 30 мај, голем број хрватски музичари ќе се соберат на бреговите на Драва во близина на Доња Дубрава за да кажат не на тоа, вклучувајќи го и Дарко Рундек, човекот кој пееше на улиците на Белград со студенти пред неколку недели пред 2.000 луѓе. Датумот не е случаен: концертот се совпаѓа со ...
Да се расте покрај една од најпознатите жени во светот звучи како живот од соништата, но зад гламурот, црвените теписи и папараците стои сосема поинаква реалност.Џенифе Лопез повеќепати има зборувано дека најважна улога во нејзиниот живот не е онаа на суперѕвезда, туку на мајка. Нејзините близнаци, Еме и Maкс, растат под постојано внимание од јавноста уште од денот кога се родија. Но, и покрај огромната медиумска изложеност, Џеј Ло со години ...
Како што се наедува во соопштението, програмата за јуни 2026 година е особено значајна затоа што успева да воспостави мост помеѓу различни генерации македонски автори — од класичниот модернизам и социјалниот реализам на шеесеттите и седумдесеттите години, па сè до современите урбани и посттранзициски филмски гласови. Во исто време, таа отвора и пошироки прашања: за идентитетот, егзилот, меморијата, распаѓањето на колективните митологии, но и ...
Во сабота (30 мај), со почеток во 17 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода ќе се одржи промоција на сликовницата „Големиот сон“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко, со илустрации на Алексеј Костовски. На инклузивната промоција како специјални гости ќе настапат Дац и Александар, инспирацијата за главниот лик во сликовницата – Ана Витанова, како и Марија Савеска. Авторот Јанкуловски и илустраторот Костовски ...
Оваа сабота, на 30 мај во 20:30 часот, ќе се отвори овогодишното издание на Фестивалот Викенд на гордоста – Скопје 2026 во Музејот на современа уметност со групната изложба АНАРХИЧНИ ТЕЛА: согласност да не се биде едно, курирана од Славчо Димитров. Во изложбата учествуваат уметниците: Дарко Алексовски, Ѓорѓи Десподов, Клелија Живковиќ, Христина Иваноска, Јован Јосифовски, Тереза Лазарев и Александра Петрушевска, Јане Чаловски. Наспроти ...
Македонските читатели речиси непосредно по првичната објава добиваат можност на свој јазик да го читаат книжевниот хит на Дизграм, автор чии текстови одамна не живеат само на страниците, туку и во секојдневните пораки, препораки, подароци и објави на социјалните мрежи. „Овој пат се бирам себеси” не е книга што се чита само еднаш. Таа е книга што се подвлекува, се подарува, се фотографира, се испраќа во порака и се чува за оние денови кога на ...
Во чест на значајниот јубилеј – 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во рамките на концертната серија „ФМУ – 60 години“, ќе се одржи свечен концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност. Овој значаен културен настан се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, потврдувајќи ја ...
После блескавите настапи на Junior Eurovision и San Remo Junior, и многуте освоени фестивали и престижни награди Тамара Грујеска започнува ново музичко поглавје со моќната балада „Срце знае сè“. Песната е создадена за Тамара од двајца докажани музички имиња, пејачката Андријана Јаневска која е автор на песната во делот на музиката и аранжманот и еден од најплодните македонски текстописци Огнен Неделковски кој се потруди да создаде емотивен и ...
Со овации, трчање во три круга околу бината и силен емотивен прием од белградската публика, македонската кантавторка Дина Јашари го одбележа настапот на платото пред Музејот на Југославија во Белград, како дел од 9. издание на манифестацијата „Лето у музеју“ по повод Денот на младоста. Настапот се одржа точно една година по објавувањето на нејзиниот деби албум „Растенија без корен“, а Дина симболично го одбележа моментот со трчање три круга ...
По одржаната премиера во Скопје, перформативниот радио есеј „ Железничарот на крајот на светот“ утре вечер ќе биде изведен во музејот „ Никола Тесла“ во Загреб. Се работи за авторски концепт на Филип Јовановски од АКТО-ФРУ, реализиран во соработка со Продукцијата „ Едноставно речено“ од Белград. Хрватската премиера на перформансот ќе се одржи во склоп на изведбената изложба на Институтот за останки од иднината, по повод 25 години постоење на ...
Од архитектонски елемент до инженерска инфраструктура во станови, куќи и урбани објекти На прв поглед, чешмата е наједноставниот елемент во домот. Мал метален или хромиран предмет кој го отвора и затвора протокот на вода. Но зад оваа навидум банална точка на секојдневието стои еден од најкомплексните и најпрецизно планирани системи во современото градежништво. Чешмите, особено оние во станови и куќи не се самостојни уреди, туку крајна точка ...
Во рамките на своето јубилејно 25. издание, музичкиот фестивал ОФФест ја збогатува својата програма со уште еден исклучителен и моќен африкански состав. На 3 јуни, во Националната опера и балет со почеток во 22:00 часот, пред македонската публика ќе настапи реномираната домородна група од Совето во Јужна Африка BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness). Составот што го сочинуваат Јови (главен вокал), Кгомотсо (придружен вокал), Хлони ...
Во Камерната сала на Филхармонија, на 29 мај, во 19 часот, ќе се одржи музичко-поетска италијанска вечер под наслов: „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“, која ќе ја обедини магијата на филмската музика, поезијата и врвната изведувачка уметност. Во Скопје ќе настапи еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, кој ќе настапи како солист заедно со ИД Камерниот оркестар, под ...
„Ехо од длабочината” е поетичен, интерактивен ВР перформанс кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои се соочува. Овој перформанс составен од два дела, најпрвин ги носи гледачите на патување низ езерото преку виртуелна реалност, а потоа преку интеракција со актерите ги соочува со фактите за еколошките закани со кои се соочува овој екосистем. Перформансот завршува така што на секој гледач му се дава ...
Со ретроспективна изложба и премиера на театарската претстава -“Оркестар Титаник ” на 3 јуни, Народен театар – Охрид ќе ја одбележи 15 годишнината од основањето. Четириесет и шестата премиера, “Оркестар Титаник ” по текст на Христо Бојчев, ја режира Андреј Цветановски, еден од оние режисери кои со секое ново гостување во Народен Tеатар – Охрид, остава зад себе впечатливи и незаборавни постановки, кои одлично резонираат со Охридската публика и ...